аллександар
Вечно ненаспан
- Член од
- 5 мај 2006
- Мислења
- 7.381
- Поени од реакции
- 2.522
Откако двајца мажи и една жена сомнително често пати го посетувале тоалетот на авионот пилотот прогласил вонредна состојба и биле испратени два американски воени авиони да го пресретнат леталото.

Инцидентот се случил на летот 623 на „Frontier Airlines“ од Денвер до Детроит а авионот во Детроит слетал вчера попладне околу 16 часот.
Според изјавите на патниците во авионот, двајца мажи и една жена кои седеле во ист ред заедно отишле во тоалетот и таму се задржале долго време а потоа уште неколку пати отишле во тоалетот. Пилотот не сакал да рескира и прогласил вонредна состојба на што војската испратила два авиони кои го следеле авионот до аеродромот во Детроит – јави FOX News. На пистата авионот бил пречекан од FBI и вооружени полицајци.
„Полицаец ни рече да останеме на седиштата и ако некој стане ќе се пресметаат со него. Сите послушавме. Не натераа секој да ги стави рацете зад главата и да ја наведне главата. Сите послушавме„ изјави Мерилин Дитрик, патничка во авионот.
Двајцата мажи и жената кои биле во тоалетот биле спроведени во полициска станица а потоа пуштени. Повеќемина биле испрашувани но никој не бил уапсен – пишува heraldsun.com .
Официјално не е соопштено што правеле тие во тоалетот, но ABC пренесе дека локалните власти известиле дека тројката се забавувала и најверојатно во прашање бил некој облик на сексуална активност!