Сексуален часовник

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
5.334


Во текот на 24 часа во нашето тело се менуваат растот и падот на расположението и енергијата. Тие биолошки влијаат на сите наши активности, вклучувајќи ги и сексуалните. Па затоа, некои луѓе едноставно не можат да се воздржат кога на нивниот биолошки часовник ќе отчука часот за водење љубов. Сексот може значително да не исполни со силни емоции во моментот кога во крвта се зголемува концентрацијата на одредени хормони и неуротрансмитери.
Денес, кога станува збор за сексуалноста, ритамот повеќе го диктираат социјалните отколку физичките фактори. Тешко е да се препознае врвот на сексуалната желба ако денот ви е исполнет со обврски. Можно е да имате импресивно ниво на ендофрин рано наутро, но доколку треба да тргнете на работа... Сепак, имајте на ум дека наслушувањето на биолошкиот тик-так може да ви пружи непоимливо задоволство.



Од седум до девет часот наутро

Предности: Хронобиолозите (Хронобиологија - наука според која нашите физиолошки активности се регулирани од прецизни биолошки ритами во текот на 24 часа. На нив влијаат надворешни фактори (сменувањето на денот и ноќта) и внатрешни фактори (лачењето на неуротрансмитери, хормони и други хемиски елементи)) тврдат дека ова е најдобро време за водење љубов. Мажите често имаат спонтана ерекција за време на будењето. Штета е тоа да не се искористи. После ноќниот одмор, концентрацијата на кортизолот е висока, супстанција која ја олеснува физичката активност и ја намалува чувствителноста на болка. Истото важи и за тестостеронот, кој што наутро достигнува максимална концентрација. Или пак вазопресинот, амокиселина која ги потикнува изливите на нежност. Во тој период од денот расте и нивото на ендорфин, познат како “хормон на задоволство”.

Мани: Потечени очи, разбушавена коса, деформирана кожа...нашиот изглед во утринските часови сигурно не делува потикнувачки на ерос. Затоа сексуалниот однос во тој период од денот подразбира голема доза на љубов, навика и интима.



Помеѓу 13 и 14 часот

Предности: Сексот во овој период од денот може да биде одлично дополнување на диета, бидејќи тогаш механизмите за варење на храната се најефикасни. Во 14 часот производството на инсулин, кој ја потикнува асимилацијата на шеќер, е на највискоко ниво. Нашиот организам се подготвува за внесување на храна и затоа тоа е најдобро време за ручек.

Мани: Чувство на глад кој може да ве чини нервозни.



Помеѓу 17 и 23 часот

Предности: Кај повеќето луѓе сексуалната желба почнува да расте токму во овој период од денот. После пладне концентрацијата на ендорфинот се зголемува, кој ги руши сите сексуални инхибиции и затоа тоа е иделано време за ертоски пустошења. Кај припаднците на двата пола попуштаат сите кочници и се будат животинските инстинкти.

Мани: Сексот во овој период од денот понекогаш подразбира висок степен на импровизација.



Помеѓу 23 часот и еден после полноќ

Предности: На телевизија сте гледале некое мрсно еротско филмче и сексуалната желба полека почнува да расте. Љубовните сцени на големо и мало платно се докажан афродизијак. Ова е секако само дополнителен фактор.
Одлучувачката улога ја имаат удобноста и навиката. Мракот е совршен услов за сексуален чин. Исто така сексот пред спиење го потикнува лачењето на ендофрин, што дополнително ќе ви овозможи да се опуштите и одморите.

Мани: Ако сте мртви уморни, а треба да станете рано наутро, сексот може дополнително да ве исцрпи и да спречи да си ги наполните батериите.



Во ситните часови

Предности: Тука нема никакви дилеми: оргазмот е најдобар лек за спиење! Напнати сте, со часови се превртувате во кревет, но никако да ви дојде сон. Владее потполн мрак... Тоа се услови како создадени за милување и изливи на нежност , кои опуштаат и смируваат. Ноќта е многу важна за организмот – помага да се обноват залихите на енергија. Но тоа е и многу деликатен период од денот – време кога сме најранливи. Има нешто праисконско во тие наши стравови, во нив има траги од времето кога за нашите примитивни предци било опасно да се заспие , бидејќи во мракот ги демнеле многу опасности. Но, покрај тие спомени запишани во нашата ДНК , постои уште нешто: водењето на љубов во ситните часови јасно ја изразува пораката – Тука сме, заедно, се сакаме!

Мани: Капаците ни се отежнати, така што не е лесно да се одговори на еротското искушение.


На здравје!

П.С. Кој е вашиот час?
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Па не дека иам заприметено, сексуалната возбуда секој пат ми била поттикната од секакви други можни фактори освен временски, така да не знам колку периодиве од денот имаат врска со лачењето на хормоните...

Ама чим така викаат хронобиолозите... :icon_lol:

Еве, ако морам да лупнам од ракав, ваљда негде меѓу 23 и 1 по полноќ, статистички глеано... :)
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Уф, колку не ја водам таа статистика...

Знам само дека најретко се случува за време на „работните часови“, т.е. од 9 до некаде 15-16, дури и на викенди. Не ја знам причината... Едноставно така се погодуваме.

А инаку најубаво ми е наутро после спиење (нели, спонтаната утринска ерекција само помага), како и навечер пред спиење (темница + слабо светло од надвор + две голи запалени тела = високо хормонизиран секс = поголемо задоволство)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom