Здраво се ближи летната сезона и сум слушнал дека многу одат во црна гора да работат преку лето, разгледував по интернет и читав стари постови сватив дека има и измамници од мк што се како посредници, јас сум вработен но би сакал кога ке имаме годишен одмор да одам таму и плус ке земам и некоја недела болување. Па доколку можете да кажете искуства преку кој сте биле и каква е платата ?!?!
Никој нема за толку кратко време да те вработи. Јас работев во Црна Гора две години, не сезонски туку редовно, и до пред 2 години сезоната почнуваше некаде околу средината на мај, ако до ова време не си отишол, и нашол работа џабе ќе одиш. Плус треба да знаеш Српски да зборуваш, ако знаеш само два збора да гугнеш никој нема да те вработи. Јас кога работев таму дојдоа две Македонки бараа работа, сакав едната да ја ушалтам да работи со мене, ама незнаеја и двете да гугнат си цепеа Македонски и не сакаше газдата да ги вработи, а очајно ни требаше уште една работничка..
Друга ствар, незнам колку ти е исплатливо во Црна Гора моментално, не е таму повеќе она што беше, јас живеам во БиХ многу луѓе одовде кои ги познавам работеа таму градежно, и тоа со години, почнаа повеќето да се враќаат овде или да си бараат чаре по други земји. Ова ти го кАжувам у случај да сакаш да работиш сезонски градежно.
Трета ствар, додека живеев во ЦГ последните месеци инспекциите беа затегнати пиле не смееше да прелета, чешлаа луѓе што работат на црно, ако те фатат како попче ќе те транспортираат на граница, а може и казна да си платиш на граница.
Четврта ствар, ако случајно планираш да одиш и за стално да работиш таму, или на подолг период, поарно не планирај, оти работна дозвола нема да добиеш никогаш, а на црно да работиш не ти се исплаќа. Работни дозволи даваат, ама бараат 300 услови за тоа, а реално ниеден газда нејќе да се бафта со тие работи. Многу Црногорци нејќат да работат и седат на биро цел живот и тоа е проблем огромен кој што мора некако да се реши, па последно законот беше дека прво се вработуваат Црногорци кои седат на биро, ако одбијат ги бришат, па после можеби би дошол во обзир странец. Плус за сезонските работи шанкери, продавачи на крофни,сладолед, штандови по шеталиштата, обично се запослуваат средношколци заа да си извадат џепарац.
Последна ствар, поарно не оди.