Себичност

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Што мислите за оваа карактерна особина?
Дали ја поседувате?
Како ја дефинирате?

Дали мислите дека некој е себичен ако одбие да направи нешто заради некој друг,одбива да направи услуга на пријател?Кој е себичен тој што одбива да му направи услуга на другиот,или другиот е себичен што нема разбирање спрема првиот?

Дали мислите дека егоистите се посебични?Или сепак тие на некој начин со тоа создаваат одбранбен ѕид и се заштитуваат од искористување или нешто друго?

Дали некогаш е потребно да бидеме себични?
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Сите сме себични.Некој помалку некој повеќе. Иако во општеството се смета за негативна особина, јас сметам дека може да биде многу корисна во некои ситуации во животот.
Јас се имам фатено неколку пати себеси како себичам, и се имам запрепастено бидејќи во принцип па и не сум таква.Тоа го правам во моменти кога нешто силно сакам а имам и конкуренција која може да ми го одземе тоа.
Или сепак тие на некој начин со тоа создаваат одбранбен ѕид и се заштитуваат од искористување или нешто друго
Себичноста за мене не е заштитен ѕид, баш напротив оружје за отворен напад.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Себична сум, понекогаш сурово.
Јадам пред тв огромен чипс со павлака, кога сум сама-не сакам другите да ми бараат.
Не се срамам да кажам дека само за мене гледам кога имам некакви потреби(зборувам кога ми требаат материјални добра, облека и сл.)
Јас прва сакам да пробувам од се што има на масата.
Во љубовта, со факти ми кажале дека сум себична и така е, знам, но не можам тоа да го видам!:)
Од друга страна:
Делам кога имам повеќе, не ми е проблем.
Сакам да правам активности кои не ме засегаат лично, но ќе помогнат на некој друг.
Не ми е тешко да споделам емоции, да кажам дека сакам некој, да прегрнам драг човек-не сум изолиран егоцентрик.
Така да, кај мене е тоа ставено на вага-некогаш сум, некогаш не сум. Впрочем како сите ние.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не постои човек којшто не е себичен. Во поголема или помала мерка сите ние сме себични, а истовремено и колку што сме толку и не сме себични. Ако во одредена ситуација во која некој друг не би бил себичен сум се нашла затекната да бидам себична тоа не ме прави себична затоа што во одредена друга ситуација во која тој другиот ќе се постави како себичен ќе се најдам себеси како многу несебична особа. Значи според мене нема конкретна класификација на одредена личност како себична или несебична затоа што се подеднакво застапени и себичноста и несебичноста кај секој човек во зависност од желбите и потребите на поединецот.


Дали некогаш е потребно да бидеме себични?
И тоа како е потребна себичноста. Ние сме самите себеси претставниците на своите потреби и интереси. Ако сам себе не се претставиш нема никој да те претстави. Ако сам себе не си помогнеш нема никој да ти помогне. Знаете како е - помогни си прво себеси за да можеш да им помогнеш и на другите. Секој може да скока и да глуми добра личност, но такви луѓе ни на филм нема.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
страшно сум себична на моменти. претерано...
а на моменти сум претерано широкограда.
и нависатина е потребно човек да е себичен до некој степен од прост аспект што некој кој не е себичен на крајот ќе го изеде стапот
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Да себична сум макар што тоа е многу ретко.За прашањето кој е посебичен кога некој бара да направиш нешто за него а ти го одбиеш и тој се лути тогаш другиот е посебичен затоа што тој неговата среќа ја става пред твојата,бара од тебе да направиш нешто за него да го усреќиш без разлика дали тебе тоа ти одговара или не....

П.С.Дали оваа тема те инспирира нешто од книгата Будење затоа што дел од темата на книгата е нешто ваква..?
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Не гледам на себичноста како лоша особина,меѓутоа не е ни добра,ако е претерана.
За себе можам да кажам дека сум себична,како и сите нормални луѓе,и не ни намеравам да удоволувам на некого само заради што нему така му требало.
Ме нервираат луѓе кои мислат прво за другите,па после за себе,не можеш никогаш да им удоволиш на сите,секогаш ќе има некој кој не е задоволен,и кој нема да го почитува тоа.
Според мене е една од најпотребните особини,бидејќи денеска не можеш да преживееш ако не си себичен,едноставно ќе те згазат.
И никој не може да рече дека не е себичен,секогаш има по малку на двете страни.
Познавам некои кои што постојано прават се нешто за да им удоволат на другите,никогаш не велат НЕ и најчесто се декларирани како добри душички на кои можеш да им се обратиш за се,и ако случајно одиш против нивните “правила“,ако случајно ги одбиеш за едно нешто,те гледаат како да си најголемиот грешник,а не се свесни дека и тие се себични со самото тоа што не ти даваат разбирање,туку те тераат да се чувствуваш виновен зошто не си можел да им направиш услуга,прават да се чувствуваш како да си им должник.

П.С.Дали оваа тема те инспирира нешто од книгата Будење затоа што дел од темата на книгата е нешто ваква..?
Не,не ја знам за жал книгава,ама еве ми даде идеја за летово што да читам,ако може да ми кажеш од кој автор е? :smir:
 
N

NeMiRnA

Гостин
Хммм...па не баш,баш напротив има ситуации кога повеќе мислам на останатите и повеќе делам со нив од колку што имам доволно за себе,а па не да се подели со некого (таков ми е хороскопскиот знак де хехехехе...).Има ситуации кога навистина сум себична,но повеќе од инает него ли што по природа сум таква.Некако прагот на тоа колку не треба да си себичен ми е многу висок,моите се виновни за тоа,па сега се трудат таа некогаш исправна работа да ме натераат да престанам да ја зимам толку здраво за готово и толку несебично да делам се материјално,па дури и себе,во смисла да се трошам кога најмалку треба,кога ми треба енергија за себе.
Една од ретките работи каде што сум себична е кога треба да делам некој драг човек со друг,тоа е веќе посесивност,но сепак неможам да ја наречам посесивност затоа што не е на ист начин,сепак е во рамките на себичноста.Тоа е тоа,не дека делам лажни работи тука,но навистина е така и да ви кажам искрено не е убаво да си несебичен,кој како сака нека каже,особено не денес.
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Во денешно време дефинитивно е потребно да бидеме себични. Нормално дека не треба да претеруваме и да се грижиме само за себе, така па ептен не бива, ама да не бидеме наивни, да не му правиме услуга на другиот колку и да не можеме, колку тоа нас и да ни штети.
Јас искрено не верувам во себичност, и мислам дека "болната" себичност е ретка, онаа претераната, а од онаа нормалната сите имаме дел во себе.
Многу пати сум одбила другар/ка за некоја услуга, бидејќи иако била банална (што е добро бидејќи не сум го одбила за важна услуга), сепак ако сум му ја направила ќе испаднело дека ме користи, затоа што тоа се случувало често, и затоа кога сум можела сум одбивала, затоа што мразам некој да ме користи и никогаш не сум го дозволила тоа.
Затоа за мене себичноста е ретка, и тоа не го нарекувам така, бидејќи мислам дека е нормално сите да сме си самите себе поважни, отколку макар и најдобриот пријател.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Хм.....мислам дека не постои човек кој барем малку ја поседува оваа особина....кој повеќе кој помалку, кој каде што треба, кој каде нетреба... Искрено, себична сум и тоа премногу! Можеби лошо е, али си ја сакам особинава. ЈБГ
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Osobina koja nikogas ne e bila, a se nadevam deka nitu pak ke bide zastapena u mojov zivot. Ednostavno ja navistina se trudam kolku sto sum sposoben, da ugodam, da im e dobro i da se osekat OK site okolu mene. Srekata mene ne bi me ispolnila do toj stepen, dokolku na nekoj drug nesto mu fali, taka da ja sum recisi sekogas tuka za nego kako vo dobro, taka i vo loso za da mu pomognam. Toa sum ednostavno jas i ne me biduva poinaku, a toa znam deka e dobro, posto dovolen e samo izrazot na liceto sto ke go vidam kaj onie okolu mene ... !!!* :wink:

Inace definicija eve vi otprilika : Obostrana skrzavost i skrtost, odrazena kako odnadvor, taka i odnatre na poedinecot, kako i vo najgolema mozna mera postavuvajki se sebe nad site ostanati, i uocuvanje na eventualna negova korist, od pomosta koja bi ja ukazal.
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Сите сме себични, само зависи колку, каде и кога.
И јас сум себична кога имам потреба. Не можам да дозволам на пример некој да ми го земе пред нос тоа што го сакам, само за да излезам добра и несебична. Ако пак излезам добра пред другите, тогаш ќе излезам себична пред себеси. А тоа не ми се допаѓа. Секој се става сам себеси пред другите, зашто тогаш јас да ги ставам другите пред мене.​
 

Gabu

Les Paul
Член од
26 април 2008
Мислења
75
Поени од реакции
7
Себични се сите. И јас сум себична тука нема ништо лошо ни добро.

Се до границите на нормалното.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Себични се сите. И јас сум себична тука нема ништо лошо ни добро.

Се до границите на нормалното.
А кои се границите на нормалното?
Каде нешто што го нарекуваме "себичност" преминува во абнормалност, или патологија?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
А кои се границите на нормалното?
Каде нешто што го нарекуваме "себичност" преминува во абнормалност, или патологија?
Веројатно релативно, варира. Во однос на блиските: кога себичноста преминува во посесивност, а тоа доведува до љубомора, страв, испади на единката.
Во однос на материјални добра: кога себичноста преминува во ограничување на туѓите права и загрозување на туѓите слободи.

Човекот треба да си биде сам на себе најдобар пријател, но тоа не значи дека живее само за себе. Напротив, зависен е, животот во заедница бара лојалност, подршка, прифатлив однос кон другите.
Како и да е, себичноста е повеќе лоша отколку добра особина. Лично, се гадам од егоцентрични самозаљубени единки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom