Себичност

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
ФакАт е дека сите сме помалку егоцентрични кучки. У крајно екстремен и хипотетички случај, никој не би дал да му исечат рака за да спаси непознат, туѓ живот.
Така сме програмирани. Секој си гледа за себе. Тоа не е океј, ама по долги анализи, па и многу работи не се океј у врска со човечкото „биче“. :)
Јас сум често запрепастена од тоа колку некои луѓе се себични спрема мене. Али чудо колку знам да бидам необјективна кога се вреднувам себеси. У икс ситуации сум испаднала многу посебична отколку што се замислувам. А толку е тешко човек да излезе од сопствената кожа и да се види од страна, па да заклучи некои работи...
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Ми се допадна размислувањето на " Desire " многу често и сама сум се нервирала што не можам да кажам ,не, но и тоа е себичност на некој начин ,бидејки кога ке направиме нешто добро од било каков вид ,се чуствуваме убаво , но не смее во ништо да се претерува ,себичноста или дарежливоста можат да одат до таму додека не повредат некого или пак самите нас .
 
Член од
19 јуни 2008
Мислења
3
Поени од реакции
0
себичноста сите ја поседуваме и ја покажуваме, кој поретко кој почесто. мислам дека лугето не размислуваат пред на направат нешто кое знаат дека ке повреди некого(зборам за себичните постапки). само луге со мнхогу развиена свест и смисла за тоа што другиот ке чувствува, можат да се контролираат и да внимаваат што прават. еднаш дури претерав со размислувањата и заклучив дека себични сме при се што правиме. дури и кога правиме добро, од една страна го правиме тоа за да се чувствуваме и ние самите подобро и да сме посреќни..ама нислам дека не сум во право во целост за ова...искрено се надевам дека грешам и дека постојат ситуации во кои себичноста сосема отсуствува...тогаш повеке би го сакала човечкиот род...лично се трудам секогаш да ги усогласам своите интереси со интерсите на оние околу мене (блиските) и гледам не само да не им пречам и да не ги повредам грижејки се за своите работи..туку и да им помогнам во секој момент, колку што можам ...се треба да се прави во одредена мера...од неколку причини :
најпрво да не претераме мислејки само на себе
а потоа да не претераме во помагањето на другите во смисла да им вршиме многу работи (ова од искуство го зборам) затоа што не не ценат потоа доволно баш заради тоа што на нас секогаш можат да се потпрат па не сфакаат здраво за готово
и на крај да размислиме добро дали и ние премнгу користиме нечија добрина и волја да ни помогне...тоа е само моето мислење:helou:
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
647
Поени од реакции
28
Сите се себични кога доаѓа во прашање интересот свој.
Секој сака да помогне но дали ќе помогне?
Секој сака да земе но не и да даде.
Секој памети лоши работи а поретко добри...........
Не е секој свесен за последиците добиени од секој негов потег. Оној кој е свесен и совесен, е помалку себичен. Оној кој не, е себичен.
 
M

MIL

Гостин
sebicen sum i sakam se za sebe eden sum i go zasluzuvam seto toa a ako ne go dobijam e prica za sebe , a vo smisol drustvo prijateli i se ostalo sum otvoren i shirokodushen pomagam i kaj so ne treba ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom