Себепотценување

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Иако има слична тема која го разработува овој проблем, отворам нова, бидејќи ме интересира конкретен проблем.

Прво, дали некогаш сте се виделе себе си како личност која е FAIL, или едноставно како човек кој се` она што работи не го извршува доволно добро.
Второ, и поважно, дали некогаш сте сретнале човек со кој можете да се натпреварувате во некој животен сегмент, но кога ќе размислите за вашите дела, тој постојано е пред вас. Па барате алтернативи да го покријат вашиот неуспех, барате на кое поле сте вие поуспешни, и гледате дека и таму ве добива. Еден момент стоите немо и разочарано од себе, дека целиот живот ви е тотално промашување а вашиот ривал ја добива битката каде и да се свртите.

Имате ли ваков пример за себе, и дали знаете како се излегува од таа драма?
 
A

ateist

Гостин
Иако има слична тема која го разработува овој проблем, отворам нова, бидејќи ме интересира конкретен проблем.

Прво, дали некогаш сте се виделе себе си како личност која е FAIL, или едноставно како човек кој се` она што работи не го извршува доволно добро.
Второ, и поважно, дали некогаш сте сретнале човек со кој можете да се натпреварувате во некој животен сегмент, но кога ќе размислите за вашите дела, тој постојано е пред вас. Па барате алтернативи да го покријат вашиот неуспех, барате на кое поле сте вие поуспешни, и гледате дека и таму ве добива. Еден момент стоите немо и разочарано од себе, дека целиот живот ви е тотално промашување а вашиот ривал ја добива битката каде и да се свртите.

Имате ли ваков пример за себе, и дали знаете како се излегува од таа драма?
Лоша е споредбата дека мора да се споредуваш само со еден ривал и дека токму тоа мора да биде решавачкото за човек да се разочара .

Сум имал такви прилики и ама баш воопшто не ме разочарале .Станува збор за природни таленти кој едноставно ја споиле професијата , факултетот итн со својот природен талент ..и едноставно " газат се пред себе".

Нема потреба таквите луѓе да ми-ни бидат опсесија да им љубомориме да се комплексираме од нив .Дури напротив заедницата државата е таа што треба да ги примети оти може повеќе да придонесат .Таквите не се спорни и дека треба да имаат полагоден материјално обезбеден живот .

Е сега дека некој е најдобар во се ..малку (ептен потешко) . Другите сегменти што таквиот како велиш е постојано пред нас ....може тој-таа и да не се претргнуваат баш многу арно ама својот природен талент добро си го наплаќаат па парите го надополнуваат и секој друг сегмент .
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Прво,да се имам видено многу пати,како FAIL личност.
Можеби зошто таа личност ме има многу пати навредувано,не само со збор туку и со дела.
За второто,постојано се натпреварувам со таа една личност.
Секогаш кога и да помислев дека сум ја победила...го вади својот ас од ракавот и ми го плеснува во лице.Пред две години си помислив-сега нема да ме зезне,но и невозможното стана возможно.
Оттогаш заклучив дека колку и да ја бркам секогаш ке биде пред мене,како да ја поттикнувам на `победа`.И затоа престанав да се натпреварувам.Се откажав.
После некое време почнав да ја имитирам...да.да...:kesa:
И таа личност престанав да ја гледам од високо,престанав да се замарам и бев она што сум ЈАС.Никогаш немаше да има натпревар,доколку не ме предизвикаше.
За кратко време,моите успеси беа поголеми и сега можам слободно да се спротивставам на било кое поле,сега неможе да ме стигне а јас ке се потрудам да биде така и ке играм со истиот принцип.
Допирај таму каде што боли и направи нешто што неможе да го постигне.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Прво,честопати доаѓам во периоди каде себе си се фаќам во лабилна форма,незаинтересирана,недоволно сконцентрирана,непродуктивна итн.Тоа секогаш се случува кога моите очекувања не се исполниле,по шамарот ми настанува крах на личност од ден,два зависи од очекувањето.Во тие периоди нема понекорисно суштество од мене,помислувам и дека за џабе го дишам воздухот.Сум приметила дека тоа се случува секогаш кога нештата не зависат од мене.Кога сум во исчекување,кога друг ми ги мести коцките,а јас неможам да влијаам на исходот.
Второ,никогаш не сум сретнала човек со кој би можела да се натпреварувам,во сегмент кој мене ми е значаен.Личностите кои се во мојот живот се претежно од други области,со други проблеми и аспирации,речиси сите сме различни и сите нешто различно не исполнува.Баш би сакала да пронајдам особа со која можам да се „мерам“.Оној дел кој мене ми е најбитен секогаш прва сум го завршувала,многу подобро од другите.Можеби они се мереле со мене,незнам,а и не верувам бидејќи тоа им беше како обврска која сакаа да ја тргнат од глава,формално.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Никогаш. Сериозно, еднаш за малку, ама веднаш ми пројде.
Никогаш. Дури може да се каже дека или сум среќлија невиден или не знам...ама fail, јас, никако!
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
постојано мислам дека не ме бидува иако доста пати сум се уверила самата дека имам неакви квалитети но пуста јас секогаш сум секптик и се мислам дека тоа што го правам не чини и не е доволно доборо иако луѓето ( помалку суетните) ми кажале дека во мене гледаат способен човек, истотака за некои луѓе скоро за секој во себе си си викам „блазе си му“ но многу пати животот и разните ситуации ме предупредиле дека тоа не чини...

но има моменти кога имам постабилна самодоверба и се семтам за способна но длабоко во себе баш и не е така и секогаш кога ќе добијам позитивна критика од некој сум изненадена како да не сум го очекувала и си викам во себе ауу зарем јас!

знам дека ми фали самодоверба и тоа ми е голема барикада пред успехот и среќата.

али ајт може ќе има и за мене Господ :)
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
235
Поени од реакции
18
Да, секако дека да :) За да бидеш силна личност, мора да знаеш како е да си мизерен и помалку вреден.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Иако има слична тема која го разработува овој проблем, отворам нова, бидејќи ме интересира конкретен проблем.

Прво, дали некогаш сте се виделе себе си како личност која е FAIL, или едноставно како човек кој се` она што работи не го извршува доволно добро.
Второ, и поважно, дали некогаш сте сретнале човек со кој можете да се натпреварувате во некој животен сегмент, но кога ќе размислите за вашите дела, тој постојано е пред вас. Па барате алтернативи да го покријат вашиот неуспех, барате на кое поле сте вие поуспешни, и гледате дека и таму ве добива. Еден момент стоите немо и разочарано од себе, дека целиот живот ви е тотално промашување а вашиот ривал ја добива битката каде и да се свртите.

Имате ли ваков пример за себе, и дали знаете како се излегува од таа драма?
Проблемот настанува кога некоја личност има потреба од други ( во случајов преку конкуренцијата ) да ја бара потврдата на личната вредност. Неа можеме да ја пружиме исклучиво ние, со сопствен стил на живеење, а не да бараме од другите да не потврдат онаму каде што самите не сме го сториле тоа што е потребно. Поради ваквиот личен однос кон себе,често луѓето се себепотценуваат.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Самопотценување - моја животна приказна. Но никогаш не ми ни било важно, бидејќи никогаш никого вистински не сум сакал, бидејќи ни себе не сум се сакал.
Сега кога тоа поглавје е готово :smir:, само самиот себеси сум си натпреварувач и конкуренција. Има многу што имаат многу повеќе од мене, и што умеат многу повеќе, но штом ќе ги погледнам во очи само сфаќам колку вредам. :smir:
Има ли друг доволно голем нарцис за натпревар со мене? :smir:
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Многу се потценувам.Се мислам дека ке опљаскам нешто и ддека за ништо не ме бива.Мош тоа се должи на мама шо секогаш вика дека од мене ке биде само лузер.
 
?

..........

Гостин
Никогаш не сум се потценил, куршум не ме бие и не ме сече сабја..
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.972
Си ги знам и квалитетите, но некако постојано гледам на негативната страна, дека не ме бидува за ништо. Онака во класичен натпревар со некоја друга личност не сум се фатила себеси, но сум размислувала многу пати за некои луѓе колку се успешни и покрај проблемите што ги имаат и сум се чудела како успеваат, но и кај нив не е сè така како што изгледа.

Кога сметам дека не вредам за ништо и дека на никој не сум му потребна се чувствувам мизерно и сакам да ме снема, ги имало такви моменти, но имало и моменти кога сум била презадоволна од себеси така што мислам дека нормално е некогаш и со потценување да гледаме на нас, тоа ќе направи барем малку да се обидеме да бидеме подобри.

Да, многу пати помислувам дека уништувам сè што ќе допрам.

 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Да. Се потценувам често.Секогаш наоѓам некој недостаток во тоа штп сум го направили секогаш мислам дека грешам.Имам малку самодоверба и многу себепотценување.За ривали....да има многу ривали.Постојано сум во некој натпревар од кој секогаш излегувам како губитник.барем јас така мислам.Но НИКОГАШ не се предавам.Има моменти кога сум решил да се откажам но да решиш да се откажеш и да го направиш тоа е сосема друга работа.Сепак секогаш мислам дека не сум доволно одбар во се што ќе направам........Им завидувам на оние кои мислат дека се најдобри во се и кои никогаш не се посомневале во самите себе.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
i mravkata za sebe misli i e za sebe najvazna, taka da bez razlika sto sme nisto vo odnos na prostorot i vremeto sepak za sebe sekoj si e najbiten i najvazen na sebesi!
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Се потценувам себеси, да, често мислам дека не можам да изведам ништо на патот на кој што треба да биде. Има и периоди кога стварно ништо не ми иде од рака, дури и ми паѓа од рака.. :) Но сепак си докажувам дека не сум толку тапа и дека можам. Треба само да се сака за да се успее, себепотценувањето иако е негативно сепак некако како да не турка напред.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom