- Член од
- 3 март 2008
- Мислења
- 831
- Поени од реакции
- 31
ветот е разочаран од капитализмот
Дваесет години по падот на Берлинскиот ѕид светот е разочаран од слободниот пазар и од капитализмот, покажува истражувањето на Би-би-си.
Само 11 отсто од испитаните во анкетата, направена во 27 земји на сите континенти, сметаат дека тој добро функционира и дека во системот на капиталистичкиот слободен пазар не би требало ништо да се менува, а 51 отсто сметаат дека се неопходни реформи. Само во САД (25 отсто) и во Пакистан (21 отсто) сметаат дека капитализмот во сегашниот облик добро функционира.
- Се чини дека падот на Берлинскиот ѕид сепак не донесе голема победа на капитализмот на слободниот пазар, како што тогаш се чинеше, особено по настаните во последната година, вели претседателот на Институтот за истражувања „Гоубскен“, Даг Милер, кој го спроведе истражувањето.
Во исто време, околу 23 отсто од анкетираните веруваат дека капитализмот има „фатална грешка“ и е полн со недостатоци.
Дури 43 отсто од Французите, 38 отсто од Мексиканците, 35 отсто од Бразилците и 31 отсто од Украинците имаат вакво мислење за политичко-економскиот систем во кој живеат.
Истражувањето покажа дека мнозинството во 15 земји опфатени со анкетата, сметаат дека нивните влади би требало да ги контролираат или дури и директно да ги поседуваат водечките индустриски гранки во нивните земји.
Најмногу луѓе вака размислуваат во поранешните комунистички држави Русија, 77 отсто и во Украина -75 отсто од луѓето. Но, со владината контрола во индустријата се согласуваат и 65 отсто од испитаните во Индонезија, 64 отсто од луѓето во Бразил, како и голем процент од Французите, дури 57 отсто.
Околу 51 отсто од учесниците во истражувањето мислат дека капитализмот се соочува со проблеми и дека тие може да се елиминираат со донесувањето нови правила за однесување и определени реформи, но 56 отсто сакаат владите во нивните земји, повеќе отколку што тоа сега се прави, да го регулираат бизнисот.
На прашањето дали распаѓањето на поранешниот Советски Сојуз беше добра или лоша работа, мнозинството од околу 54 отсто од луѓето сметаат дека е добро што повеќе не постои СССР, 22 отсто не мислат така и веруваат дека е лошо што ја нема таа земја, додека 24 отсто немаат никакво мислење.
Со истражувањето биле опфатени 29 илјади луѓе во Велика Британија, Италија, Шпанија, Франција, Германија, Полска,Чешка, Украина и Русија, потоа во САД, Канада, Мексико, Костарика, Панама, Бразил и Чиле, во Турција, Пакистан, Кина, Индија, Јапонија, Индонезија и Филипини, Австралија и во африканските држави Кенија, Нигерија и Египет.
Горбачов: Да се урнат сите ѕидови
Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов вчера повика на уривање на сите ѕидови кои уште го делат светот, онака како што пред 20 години падна ѕидот што го делеше Берлин. Во авторски текст во лондонски „Тајмс“, Горбачов вели дека пред две децении, тогашните светски лидери соочени со жестокиот отпор и со огромниот притисок на кој беа изложени, покажаа решеност нешто да се преземе и да се направи, па Берлинскиот ѕид беше урнат. Сега останува да се види дали и денешните политички лидери ќе го направат истото, пишува последниот комунистички лидер на некогашен СССР и последниот претседател на Советскиот Сојуз.
Денешниот свет има потреба од уривање на повеќе други ѕидови, забележува Горбачов, споменувајќи го пред се' ѕидот што ги дели индустриските држави и земјите во развој кои не сакаат вечно да заостануваат зад богатите. Тој зборува и за ѕидот меѓу оние кои ги предизвикуваат климатските промени и оние кои трпат тешки последици од измената на климата, како и за ѕидот што постои меѓу оние кои ги почитуваат научните сознанија и докази и другите, кои им подлегнуваат на своите интереси. Постои ѕид и меѓу луѓето кои го менуваат сопственото однесување и бараат ефикасна глобална акција и нивните политички лидери кои досега ги изневеруваат.
Сега е време лидерите на светот да ги урнат сиве овие ѕидови, порачува Михаил Горбачов во својот текст во „Тајмс“.
Секој осми Германец сака да се врати ѕидот
Секој осми Германец, односно 12 отсто од нив повторно би сакале „ѕид“, покажаа резултатите од анкетата на Институтот за истражување на пазарот од Лајпциг, наспроти популацијата од дури 79 отсто анкетирани кои се изјасниле дека падот на Берлинскиот ѕид бил среќно случување за сите Германци.
Кога станува збор за заговорниците на „ѕидот“, анкетата што ја објавија медиумите покажува дека 13 отсто од нив живеат во Источна Германија, а 12 отсто во Западна Германија и станува збор главно за невработени, работници и симпатизери на партијата на Левицата.
Околу девет отсто анкетирани не сакале да се изјаснат за падот на Берлинскиот ѕид или немале никакво мислење за тоа случување.
Две третини од Германците (66 отсто), според таа анкета, сметаат дека соединувањето на Германија добро успеало, а на прашањето како им е денес, 87 отсто одговориле дека им е подобро, 35 отсто биле критички расположени, а 24 отсто се жалеле дека во соединетата Германија е падна стандардот.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=380254D6E10C9D4DAE86ADD223CFE6AB
Po euforijata, deka "monstrumskiot" Komunizam e konecno pobeden, lugjeto i na Zapad i na Istok, poleka se budat od slatkite snista, stanuvajki svesni deka od dve zla go izbrale ona pogolemoto...a najlosoto se cini deka doprva doagja.
Idealnata masina Kapitalizam, imala fatalni fabricki greski...a vprocen koj ne znaese? Ili site se pravea ludi...