И јас сум против големи свадби. И што ако се соберат 500 души, демек народот да зборува колкава свадба се направила? Најблиските роднини и пријатели се доволни за да изгледа свадбата супер.
Мене ме нервираат сите тие адети што ти знам јас, да го видиш зетот во прстен, вртење на тепсија и слично. Најсмешно ми беше кога ми кажуваа дека некаде адет бил на невестата зетот да и ја мавне три пати главата од оџак демек добра домакинка да била :lol:
Се зависи од тоа како ќе се договорат оние кои се земаат, а старите што сакаат можат да кажуваат. Една девојка летово што правеше свадба не сакаше ни сватовите да дојдат да ја земаат од дома, се договорија со сватовите да се најдат пред Општина, од тука заминаа во црква и после во хотел. Старите се бунеле, но таа им рече или така или без мене правете свадба
Најселски ми е кога летаат салфетки и ливчиња со порачки за песни. Само што си почнал да играш, ја прекинуваат музиката за да прочитаат која баба, стрина, тетка, вујна ја порачала песната, а сите стојат онака и чекаат да почне следната песна. Свашта! Подобро повеќе пари ќе и дадеш на музиката и сите песни ќе ти ги пеат, отколку да има такви циркузи.
Точно е тоа дека секоја девојка од мала "сонува" да облече невестински фустан, но и за тоа нема потреба толку пари да се даваат. Фала богу, сега има места кај што можеш да си изнајмиш фустан, кога ќе заврши свадбата го враќаш и нема да ти стои за џабе во плакар.