- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
На најпопуларните портали за дружење Фејсбук, Мај спејс и Хај 5, биле креирани профили на туѓо име на кои биле објавени информации, податоци и фотографии за лица кои никогаш самите за себе не креирале профил, а Дирекцијата за заштита на лични податоци предупредува дека злоупотребата на интернет е се помасовна.
На 25 лица во Македонија им бил украден идентитетот, а нивните лични податоци биле ставени на Интернет. Дирекцијата за заштита на лични податоци предупредува дека злоупотребата на Интернет во државава зема замав.
,,25 лица поднесоа пријави до Дирекцијата, но претпоставувам дека тој број ќе се зголеми ако сите пријават" вели Елена Стојановска, од Дирекцијата за заштита на лични податоци. ,,Еден од најекстремните случаи беше креирањето на профил во туѓо име на кој беше објавена монтирана фотографија со порнографска содржина на една млада девојка. До фотографијата беа изнесени точни податоци, име и презиме, адреса на живеење и телефонски број на девојката, со што беше нарушена нејзината приватност. На девојката почнале да и` се јавуваат на телефон, да ја малтретираат и да и` нудат непристојни предлози", објаснува Стојановска.
По интервенцијата на Дирекцијата администрацијата на порталот за социјално вмрежување го блокирала пристапот до овој лажен профил, а девојката ја продолжила постапката во одделот за компјутерски криминал, за да се открие идентитетот на лицето кое ја извршило злоупотребата.
На злоупотребата на податоци на Интернет до Дирекцијата најмногу се пожалиле македонските пејачи. Од таму велат дека злоупотреба на личните податоци има и кај голем број политичари, но досега ниеден од нив не доставил писмена претставка до Дирекцијата.
Извор:Вест, понеделник 1 јули 2009, стр 5
Сметам дека сајбер криминалот не е соодветно третиран во нашата земја, дека луѓето речиси секојдневно несвесно и речиси ,,нормално" злоупотребуваат туѓ идентитет. Дали нешто слично ви се случило и како сте/би изреагирале?