Сарти

Се убаво, само има една црква или што и да е во центар на град и секој сабајле у 6 ме разбудуваше маму и е.ем.... И газдарицата на вилата кај што бевме сместени ми кажуваше дека оделе да прават муабет со тоа плусо-носците од таму да не тропаат толку рано ама вика нема разбир.

Освен тоа, перфектно место за одмор.
 
Прекрасното градче Сарти се наоѓа на источната страна на полуостровот Ситонија (вториот крак на Халкидики), со поглед на светиот полуостров Атос. Местото е опкружено со бујна вегетација и раскошен поглед на сите страни, што го прави идеално за одмор и релаксација.

phpThumb.php
Градчето Сарти е подигнато на местото каде што се наоѓал античкиот град со истото име, град кој бил исклучително важен во геополитичката стратегија на древната Грција. Местото било посетено и од персискиот крал Ксеркс за време на неговите епски походи. Денес, остатоците од античката населба можат да се најдат во опкружувањето на Сарти.

sarti-2.jpg

Околу Сарти се наоѓаат и дел од најраскошните плажи во цела Грција, меѓу кои најпознати се: Златната плажа Сарти, Транос, Аи Николас, Платаници, Аклада, како и уникатната плажа Кавуротрипес.
9086691_orig.jpg

37905699.jpg

13_Halkidiki%20-%20Portokali%20Beach.jpg

Сарти веќе со години е едно од најпопуларните туристички локации во Грција, главно поради необично складната комбинација на морето и планините, кои се соединуваат токму во ова магично место. Градчето изобилува со бројни кафулиња, ресторани и таверни, кои ќе ги задоволат и најпребирливите вкусови.
demo5.jpg

Beautiful+Sunset,+sarti+halkidiki+%5B960x637%5D+(OC).jpg

Можете да се опуштите во некое од тивките кафулиња со убаво кафе или сладолед, но можете да уживате и во интензивниот ноќен живот, во одличните ноќни клубови.Посетата на Сарти не смее да помине без посета на манастирот Ксиропотамос, кој се наоѓа непосредно до градчето, а од оваа локација секојдневно се организираат и бродски екскурзии кон планината Атос – искуство што едноставно не смее да се пропушти.
26583484.jpg

greece_sarti_orange_beach_by_tbubu-d5hdti4.jpg

19592023.jpg

Какви се вашите впечатоци од Сарти? Сте биле ли? Ако веќе сте биле сместени во некој убав објект, споделете повеќе информации околу истиот.
Кажи ми ако сакаш како се цените на кракот Ситонија во однос на кракот Касандра?
 
Сарти е бомбон! Вашарот на прв крак може да му пљукне под прозор.

Иначе цените се поефтини од прв крак, али поскупи него лани. Пак ја праат истата грешка Грците, начекаа пуни капацитети и ќе удрат пак на цени ко пред кризата за година две. Али у секој случај, наредниве 2-3 години Сарти односно вториот крак ќе биде далеку поприфатлив за нас. Јбг им текна на бугарите дека она муљон нивни не го бива па почнаа масовно за цело село да пуштаат на краците :(
 
Дечки, планира ли некој да оди во Сарти во периодот од 24.08 до 07.09? :)
Може да праиме некоја македонска вечер, турнир во тенис на плажа или можеби бриџ? :D

Ако одите, пријавете се, може да се сретнеме таму :)
 
Јас идам од 10.08, барем ќе имаш фидбек како е :D
 
Е кај беше на друго место жити мене? Климатериа не ти се допадна? 100 класи е подобра од портокаловата.
 
Супер е Портокали , само треба мноооогу рано да отидеш за да фатиш место ( мислам на дивата плажа , додека на плажата кај кафичот има место ) .
Добро место , во близина на Сарти кое вреди да се посети е кампот Арменистис , преубаво е :)
 
Арменистис

CIMG3801.JPG CIMG3800.JPG CIMG3741.JPG

:cuc:
 
како се движат цените за во Сарти на апартманите и се останато ?

зборев со Џену пред некој ден и ми рече дека е топ,некој друг што бил годинава да каже што како е таму.
 
како се движат цените за во Сарти на апартманите и се останато ?

зборев со Џену пред некој ден и ми рече дека е топ,некој друг што бил годинава да каже што како е таму.
Preku agencija od tuka , ke najdes za okolu 45-50 evra od den . A na lice mesto ... Zabegale grcive malku , mi rekoa deka dvokrevetna soba e od 60 evra pa nagore,i toa ako imas sreka da najdes[emoji15] Ova ti e informacija od prva raka[emoji6]
 
сега за сега не најдов агенција што средува за Сарти,осим за Паралија и Олимписка ривиера.
Ако имаш најдено некоја агенција,прати ми на ПП линк да разгледам.
Ако нема ништо,изгледа ќе се одлучам за Паралија...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom