Сарти

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Прекрасното градче Сарти се наоѓа на источната страна на полуостровот Ситонија (вториот крак на Халкидики), со поглед на светиот полуостров Атос. Местото е опкружено со бујна вегетација и раскошен поглед на сите страни, што го прави идеално за одмор и релаксација.

phpThumb.php
Градчето Сарти е подигнато на местото каде што се наоѓал античкиот град со истото име, град кој бил исклучително важен во геополитичката стратегија на древната Грција. Местото било посетено и од персискиот крал Ксеркс за време на неговите епски походи. Денес, остатоците од античката населба можат да се најдат во опкружувањето на Сарти.

sarti-2.jpg


Околу Сарти се наоѓаат и дел од најраскошните плажи во цела Грција, меѓу кои најпознати се: Златната плажа Сарти, Транос, Аи Николас, Платаници, Аклада, како и уникатната плажа Кавуротрипес.
9086691_orig.jpg


37905699.jpg


13_Halkidiki%20-%20Portokali%20Beach.jpg


Сарти веќе со години е едно од најпопуларните туристички локации во Грција, главно поради необично складната комбинација на морето и планините, кои се соединуваат токму во ова магично место. Градчето изобилува со бројни кафулиња, ресторани и таверни, кои ќе ги задоволат и најпребирливите вкусови.
demo5.jpg


Beautiful+Sunset,+sarti+halkidiki+%5B960x637%5D+(OC).jpg


Можете да се опуштите во некое од тивките кафулиња со убаво кафе или сладолед, но можете да уживате и во интензивниот ноќен живот, во одличните ноќни клубови.Посетата на Сарти не смее да помине без посета на манастирот Ксиропотамос, кој се наоѓа непосредно до градчето, а од оваа локација секојдневно се организираат и бродски екскурзии кон планината Атос – искуство што едноставно не смее да се пропушти.
26583484.jpg

greece_sarti_orange_beach_by_tbubu-d5hdti4.jpg

19592023.jpg

Какви се вашите впечатоци од Сарти? Сте биле ли? Ако веќе сте биле сместени во некој убав објект, споделете повеќе информации околу истиот.
 
Последнава слика :love: . Познавам доста луѓе што биле тука и го фалат доста местово ,овде мора да се отиде барем еднаш во животов.
 
Премногу ветер дуваше кога бев јас, пред добри 7-8 години. Ми се допаѓа што плажата е во залив, па бранови многу ретко.

ПС. Вкусен еурокремот?:icon_lol:
 
Една работа не ми се допадна....... никаде неможев да најдам од грчките крофни.... локо мадес :):D
 
Фала на информации,ај може некој ден ќе го посетам..
 
Една работа не ми се допадна....... никаде неможев да најдам од грчките крофни.... локо мадес :):D


Имаше 2 - 3ца црнци шетаа нагоре надоле по плажа продаваа крофни , ама дали такви ко што бараш ти незнам :)

Попат , супер градче , нема журки и такви работи како на првиот крак па така да ако му е некого за ОДМОР , му го препорачувам местово , а ако не сте љубители на тишина, лежење на плажа и пратење на небото навечер тогаш ... незнам што да кажам :D Jaс лани си пројдов најубаво , само не ми се допаѓаше тоа што имаше бранови цело време на големата плажа , па одевме со другариве зад карпите башка што беше и најчистa водата таму :D И да , бевме сместени во вила која немаше баш поглед на море но беше многу блиску до плажата ( 50 до 100 метра буквално ) , но искрено од услугата на газдите на вилата сум презадоволен. Љубезни беа , знаеа добро англиски со оглед на тоа што беа малку постари луѓе , инаку вилата се вика Космас,
k2ew.png

Добро не идевме баш овде меѓутоа ... се разбираме. Доколку е преголема сликава , ќе ја тргнам. Мое дело :P
 
PHD треба да ми издадат за познавање на Сарти inside out. Кога го откри татко ми пред некои +/- 10 години, нема мрднато од таму. Местото мало, типично грчко туристичко селце, ама има се' за да си извадиш еден лезетско-пензионерски одмор и да си ги наполните батериите во прав смисол на зборот.

Градската плажа не е лоша (знам газдата ни кажуваше дека во 2004та кога беа ЛОИ во Грција, плажата им ја одбрале за 3та најчиста во Европа), ама правите бисери лежат на радиус од 10 км пред, и после Сарти. Луди заливи и кампови има со многу убава и чиста вода. Препорачливо е да си изнајмите некое моторче, или количка и да посетите некои од нив, кога сте веќе таму. Некои од мене, така на прва што ми идат: Туркулимани, Банана бич, Портокали бич, Гоа бич (таму псај транс журки прават :D), Арменистис кампот т.д.
За ноќен живот е слабо. Има еден хипи кафич во срцето на шеталиштето и таму е секогаш фул, 2 дискотеки (ама народ слабо во нив) и има уште едно кафуле одма спроти едниот бар, целото е внатре со регистарски таблички излепено и некако во необичен ретро стил направено.

На сето ова, бодат во очи само цените за смештај. На прв ред соба под 70 Евра не се наоѓа, втор ред околу 50-55, а за погоре не знам. Зборувам за апартмани, хотелскиот смештај не знам колку им кошта.

Една работа не ми се допадна....... никаде неможев да најдам од грчките крофни.... локо мадес :):D
Локомадез секоја година продава бабата, одма пред паркот.

ПС - Од се' во Сарти најмногу ме исполнува погледот од градската плажа, према третиот крак Атос. Не знам, ми некоја посебна убавина за око. :)
 
Мислам дека нема поопуштено место за одмор од Сарти. На кој му треба мир и одмор во вистинска смисла на зборот нека оди во Сарти. На прв ред утрата се многу повеќе од обично утро. Уживање.

403862_10151114320620560_470610818_n.jpg
 
Татко ми беше вработен од 2004-та до 2007-ма во кампингот Арменистис, близу Сарти. Ги поминав најдобрите лета таму, бесплатен двомесечен одмор во такво прекрасно место 4 години со ред!
 
uFAjz1u.jpg

Прекрасно место за одмор , ама во буквална смисла , без многу гужва на плажа :) Два пати сум бил до сега , и повторно би одел . Во околината има прекрасни плажи кои мора да се посетат ( Портокали , Арменистис кампот , Каламици и гоолем број диви плажи со тиркизна вода .
А околу лудиот нокен живот , мене барем не ми остави таков впечаток , има два три добри кафичи што се стално полни ( хипи кафичот ) а за дискотеките ... колку што знам има една и се вика Македонија :eek: и е полупразна т.е ништо посебно . На сама плажа има многу ресторанти и пицерии со прифатливи цени .
Се на се , се изнауживав годинава , поготово уживава во прекрасниот поглед кој го имав од апартманот (y)
 
Јас го гледав за минатото лето, ама баталивме зашто секаде читав само „ветер...ветер...“, а јас со мало дете ветер и бранови ако ми спомнат, веднаш ставам минус. Гледам на сликиве прилично мирно морето :unsure:... Ова со ветров е кога фаќаат некои струи или период или... Оти навистина сите кажуваат дека сѐ е убаво, ама ветрот не се издржува. И сместување што разгледував сѐ беа некои соби клаустрофобија да те фати, мене простор ми треба за да дишам :).
Значи, ако има некој препорака за сместување и да објасни за ветров, многу ќе сум благодарна.
 
Јас го гледав за минатото лето, ама баталивме зашто секаде читав само „ветер...ветер...“, а јас со мало дете ветер и бранови ако ми спомнат, веднаш ставам минус. Гледам на сликиве прилично мирно морето :unsure:... Ова со ветров е кога фаќаат некои струи или период или... Оти навистина сите кажуваат дека сѐ е убаво, ама ветрот не се издржува. И сместување што разгледував сѐ беа некои соби клаустрофобија да те фати, мене простор ми треба за да дишам :).
Значи, ако има некој препорака за сместување и да објасни за ветров, многу ќе сум благодарна.
За ветерот , го има , мада не е толку страшно , претпоставувам дека дува заради тоа што гледа кон отворено море . Годинава на пример , од 10 дена само ден два дуваше , ама не беше толку силен да не може да се седи на плажа .
А околу сместувањето , имаш соби/апартмани за секој џеб . Првата година бев во апартман кој беше удобен ама и цената му беше повисока ( http://www.housekaterina.gr/index_en.html ) .
Лани пак , бев исто така во вила која е во прв ред ( http://billys-studio.gr/billyshouse/ ) , малку поефтино од претходната вила , ама собата ... од тесна потесна , терасата беше со иста големина ко и собата :( Сепак , собата за спиење само .... по цел ден надвор бевме (y)
 
Јас го гледав за минатото лето, ама баталивме зашто секаде читав само „ветер...ветер...“, а јас со мало дете ветер и бранови ако ми спомнат, веднаш ставам минус. Гледам на сликиве прилично мирно морето :unsure:... Ова со ветров е кога фаќаат некои струи или период или... Оти навистина сите кажуваат дека сѐ е убаво, ама ветрот не се издржува. И сместување што разгледував сѐ беа некои соби клаустрофобија да те фати, мене простор ми треба за да дишам :).
Значи, ако има некој препорака за сместување и да објасни за ветров, многу ќе сум благодарна.
Јас искрено ветер не видов, ние бевме Јули-Август и беше доста топло. Али морето не е за мали деца, бидејќи два чекори плитко, после е длабоко. Има подобри варијанти за деца, мене секогаш ме плаши за деца веднаш длабочина. Мислам дека за со мали е попаметно негде на прв крак.
 
Точно ли е дека северно од Сарти, на Portokali (Orange) Beach или на
Κavourotrypes е бесплатен кампингот?
Ќе го возам целиот полуостров со мотор па ми треба некаде да преспијам за вечер - две во мало шаторче.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom