Сариса Параос

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Mакедонскиот историчар од Бугарија кој се потпишува со псевдонимот "Сариса Параос".

Секој што ги читал неговите историски трудови (објавувани пред се во "Народна Волја"), во кои овој историчар открива нови хоризонти за македонската историја, успешно спротивставувајќи им се на странските шовинстички историографии, ќе сфати дека овој наш историчар и навистина дејствува како вистинска "сариса"(борбено копје на Македонската фаланга) за антимакедонските шовинисти. Во неколку продолженија на "Македонско сонце" ќе приложиме дел од неговите трудови кои, специјално за "Македонско сонце", ги добивме преку редакцијата на весникот "Народна волја" за што најискрено им се заблагодаруваме.
http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce451/Tekst42.htm

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce452/Tekst42.htm


НАМЕТНУВАЊЕ ТУЃИ ЕТНИЧКИ ИМИЊА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce453/Tekst42.htm


http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce454/Tekst42.htm

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce455/Tekst42.htm

--- надополнето ---

Излезе от печат поредната нова книга на известнија македонски автор Сариса Параос - “Свјатиј цар Давид”. По с'штество творбата е исторически очерк за един от синовете на комит Никола и брат на Самуил.
Книгата може да намерите в редакцијата на в. “Народна волја”. Цената е символична - 2 лева.

 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не смее за овакви луѓе ние да знаеме, кај нас Ордановски, Жарко, Геро, нашата интелектуална беда, 24 часа на ден, 365 дена во годината, специјализирани за дупење во здрав мозок на сите Македонци.
Првпат читам за големиот човек.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Некој го следи примерот на Црноризец :)... ако,тоа докажува дека сеуште сме "живи"
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Сариса е сила! Го читам неколку години и заедно со Ристо Стефов мислам дека треба да има почесно место во Македонија.

Тука на кајгана сигурно има и е добродојден во секое време.

Постирајте ги неговите текстови на форум Историја но и тука на Свет.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
149
Поени од реакции
5
Постирајте ги неговите текстови на форум Историја но и тука на Свет.
Добро!

"Бугарското население исчезнало затоа што, уште за време на првото и второто навлегување на Светослав (968 и 969 година), загинале многу Бугари."

"Имајќи ја предвид ваквата етничка слика, се поставува прашањето: Како може овој народ денес да го носи името Бугари? Ако се држиме до реалните факти и до процентуално многу поголемиот дел на споменатите етникуми, во однос на вистинските Бугари, овој народ никако не може да се нарекува бугарски народ, туку најправилно би било да се нарекува турко-влашки народ...
...Да заклучиме дека името на еден народ, не секогаш соодветствува со неговата етничка припадност и во такви случаи се вели дека тој народ го носи своето второ (политичко) име. Но, затоа таквиот народ секогаш има право да си го смени своето име"

После:
"а кога во 679 година, од Дунав се појавиле Турко-Бугарите на Аспарух, кои почнале да ја минуваат реката и да ги пљачкосуваат и пленуваат Трако-Словените, императорот Константин Шести Погонат, се обидел да ги избрка. За жал, поради недоразбирање, овој поход се престорил во катастрофа, пред се за Тракијците, Македонците и Словените, и тоа за еден доста долг период. "

"Византија се грижела за секое надворешно посегнување по автономните словенски кнежества во Македонија."

"во 894 година, агиографот запишал: "... Тогаш царот го повикал кај себе светецот, започнал разговор со него и откако примил осветување од самата негова надворешност, бидејќи блажениот бил многу почитуван дури и од своите непријатели, почнал да ја фали земјата на Бугарите и да му завидува на своето царство, поради тоа што примило толку големо добро од Бога (Ал. Милев, "Грчките житија на Климент Охридски", 1966, стр. 129).
Колку и да предаден нејасно овој пасус од Теофилакт, во кој, тој ја нарекува северна Македонија како "земјата на Бугарите", јасно се гледа дека цар Симеон зборувал за неа како за земја, различна од неговото царство од онаа страна на Стара Планина. Тој ја фалел туѓата "земја на Бугарите" (а всушност на Македонците), иако и самиот бил Бугарин."

"Црноризец Храбар соопштува дека Кирил и Методија ја создале втората македонска писменост "во времето на грчкиот цар Михаил и Борис, бугарскиот кнез, и Растица, моравскиот кнез... во годината 863"."

"Византија му наметнала на кнез Давид ново, политичко, име на нашата земја и народ, кое денес се користи за најдолни шпекулации како од "специјалисти", така и од наши заблудени "патриоти". "

"Значителен дел од нашата татковина, уште од крајот на 8. век, го востановил своето етничко име."

"Во "Месецословот", пишуван во времето на Василиј Втори, каде што се собрани поголемиот дел од житијата на македонските свештено-маченици, пишува дека: "...четириесетте девици-маченици биле од Адрианопол во Македонија" (ГИБИ, т. 6, стр. 48). "

"Тој пишува: "Тогаш околу престолнината имаше многу Македонци, главно такви, кои од памтивека живееја во Адрианопол" (исто, стр. 102). "


Браво на Параос! Вистинска сариса!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom