Само за коцкари (+18 - 60)

T

Torchyrus

Гостин
Човекот што го измислил рулетот немал начин како да излезе во добивка , а TheMayor нашол начин цело време да биде во добивка свака ти част
Знам брат што сакаш да кажеш ете и јас пишав погоре , точно е сета таа математика ама ако е за така сите ќе се богатеа од казината затоа што секој што има малце памет може да си ја направи таа математика , а на дело е друго луѓето губат големи богатства на казино , а не добиваат ...
--- надополнето: Dec 10, 2011 3:24 PM ---
Во Велес во Адмирал пред едно еден месец отишол некој човек од некое село да види да се коцка и добил џек пот околу 100 000 и после тоа цело село секоја ден во казиното дремеле со надеж нив да им се падни пак џек потот ама не сваќаат дека не даваат туку така пари таму ... него баш спротивно ќе им ги земат и тие 100 000 што ги добиле па и не само тие и многу повеќе ќе им соберат :D
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357

Ова е математика не е забава пресметајте си ја калкулацијата на прогресијава ке видите доколку еднаш на 15 пати падни дека излегувате во некоја добивка земете дигитрони и сметајте јас ви кажувам што мислам и што имам пресметувано образложувам со факти не со што ми кажувале а тие од селото што пошле се обложувам дека ниту еден од нив не знаат математика и имаат играно на некој слот машини рулетот за нив е перпету мобиле.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Рулет е темата на која сакам да зборвувам. После долго губење, добивање открив начин како се игра рулетот. Лесно се игра ама целта е како да излезиш во добивка не во загуба.
Прегледај го приврзокот 37674

Начинот кој го предлагам за љубителите на рулетот е игра на прогресија:
Прегледај го приврзокот 37673

Проста прогресија е кога вложувате само на боја.
-Бојата мора да биде само црна или црвена
-На секој еден влго кревате дупло додека не фатите
пр. на црна редите 1е., пага црвено на второто редите 2е. , пак пага црвено на трето 4 се додека не падне црно. Кога ке падне а ке падне кеширате излегувате во добивка и ја започнувате прогресијата поново

Сложена прогресија е кога играте на редови ли колони
-мора да вложувате 3 влогови да се запази прогресијата
пр. на бројки од 1-12 влогот е 1е. , на влогот од 13-24 влогот е 2е., а на влогот од 25-36 е 4е.
доколку не падни на највисокиот влог прогресијата ја зголемувате за дупло (на 1е. редите 2е. на 2е. редите 4е. на 4е, редите 8е.), a кога ке падни ги кеширате парите и прогресијата ја започнувате од почеток.

Се препорачува да имате барем почетен влог за 15 прогресии, исто така бидите претпазливи ако вложите 100е. кога ке добиете 150е. излегувате одмарате одреден период и повторно, затоа што ке ве јаде волкот:) Немојте да се лакомите, лаком фќз крв сери.

За жал го научив ова на потешкиот начин.
Во повеќето односно 90% од казината во Скопје минимална уплата за црно-црвено е 50 денари. (со што ќе ти треба голема сума пари за да го играш тој систем и на крај ќе ги изгубиш)
Веројатноста да се падне 7 8 пати црно е мала НО НЕ И НЕВОЗМОЖНА. Особено кога рулетот е ЕЛЕКТРОНСКИ и има програми во него како лек за сите видови стратегии. Незнам дали знаеш но топчето не паѓа.. по законот на веројатноста, сум видел како ќе падне па ќе биде дувнато нагоре па на друго место ќе скокне.
Потоа оваа стратегија и многу други стратегии што постојат не се од сега, митот за да се побие РУЛЕТОТ ги мачел и луѓето уште од почетокот на коцкањето. И тие се стари стратегии, доколку би работеле до сега сите КАЗИНА би пропаднале.
Пред некоја година понесен од мислата да направам "брзи" пари без труд налетав на тој систем, и .. најдов казино во скопје кое минимална уплата на црно црвено е 10 денари. (колку помала уплата толку повеќе шанси имаш да не ти се падне една иста боја пред да се смени). Му го кажав системот на другарче и тој отишол во тоа казино направил 4 5 илјади (се игра многу долго бидејќи ги зголемуваш парите само по 20 денари при секоја смена на црно црвено). Ме викна.. отидовме пак двајцата направивме двајцата уште по 4000 денари (цел ден окапавме) и газдата на тоа казино не посматраше и рече дека ќе ја смени програмата.. другарчево имаше над 300 евра направено јас помалку.. и следен ден кога отидовме .. не зареди машината со 11 пати црно.. а ние ги ставивме сите пари што ги носевме во себе со НАДЕЖ дека конечно ќе падне црвено и ќе ги повратиме сите пари плус 20 денари.. и погодете што? ПАК ПАДНА ЦРНО. тука ми се стемни целиот свет.. изгубивме накај 25 илјади денари за помалку од 15 вртења. Другаров се разочара и рече нема да стапне веќе, а јас пак со надеж се задолжив пари од него следниот ден отидов пак цел ден да правам божем ќе повратам нешто и ТИЕ ги изгубив. Потоа .. искуството не е само тоа туку во времето додека дремевме по цели денови 20 по 20 денари полека да ти собираме видов многу гадни работи.. Луѓе доаѓаа со платата само што ја зеле и ја губат во рок од 10 тина минути, со триста пцуења, плачења, нудења да ми го продадат телефонот за 500 денари... и такви срања. Од тогаш веќе 3 години немам стапнато во казино. плус имавме муабет со газдата машините се направени да даваат 30% а да земаат 70% така што нема никаква добивка од нив.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Ова е добра стратегија што може да се употреби во спортски обложувалници. Немам толку пари за почеток, но просто е - бираш еден тим и постојано го играш 2-1 или 4+, сеедно, што поголем коефициент. Секогаш кога губиш, наредниот пат вложуваш двојно. Кога тогаш, ќе се погоди...
 
Rikal

Тој е тој: Специјалниот
Член од
18 септември 2010
Мислења
363
Поени од реакции
23
Ова е добра стратегија што може да се употреби во спортски обложувалници. Немам толку пари за почеток, но просто е - бираш еден тим и постојано го играш 2-1 или 4+, сеедно, што поголем коефициент. Секогаш кога губиш, наредниот пат вложуваш двојно. Кога тогаш, ќе се погоди...
Годинава го бркам Базел така, годинава сикгурно 2-1 кје игра едно 3 пати ако не и више, ова ми е 3 викенд како ќе го и играм и кје треба да дадам 1500
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Потоа оваа стратегија и многу други стратегии што постојат не се од сега, митот за да се побие РУЛЕТОТ ги мачел и луѓето уште од почетокот на коцкањето. И тие се стари стратегии, доколку би работеле до сега сите КАЗИНА би пропаднале.

Коцкањето не е за лакоми луѓе напоменав мора да бидеш задоволен доколку извадиш пари полавина од тие што си ги вложил зато кажувам ако вложиш 100 евра и стигниш до 150 бегај одма газдата само чека ти да не станеш затоа има бесплатни пијалоци цигари и ручеци за големите играчи. Јас зборувам за ситните што сакаат да извадат некој денар и да се задоволни фактички да го зафркнат газдата нормално друг ке го усреќи тој не оди во загуба сигурно.
--- надополнето: Dec 10, 2011 3:39 PM ---
Нулата сите ја заборавате.
Нулата ти е чиста загуба ама ретко пага на 100 пати еднаш
 
I

Iblis

Гостин
Ова е добра стратегија што може да се употреби во спортски обложувалници. Немам толку пари за почеток, но просто е - бираш еден тим и постојано го играш 2-1 или 4+, сеедно, што поголем коефициент. Секогаш кога губиш, наредниот пат вложуваш двојно. Кога тогаш, ќе се погоди...
Двојно ќе те извади само ако има коефициент еднаков или поголем од 2 и не нема да направиш пари, ќе си ги вратиш дотогаш дадените и ќе имаш добивка еднаква на почетниот влог, под услов да истраеш т.е. да имаш пари да ја "извозиш" прогресијата до крај.
Конкретно за рулетот, и да одиш прогресија црно/бело пак ти е џабе, постои нешто што се вика edge кое му припаѓа на казиното , плус тука е и нулата/ нулите во зависност од видот на рулетот.
ВАЖНО
Ако некој сака да ќјари од работава нека:
1. Побара за геометриска прогресија, колку да види како одат сумите
2. Нека се позанимава со веројатност/Теорија на веројатност
3. Конкретно со правилата на рулетот и веројатностите
После тоа може да ми пишеет едно ПП да видиме колку е ќарот.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Потоа оваа стратегија и многу други стратегии што постојат не се од сега, митот за да се побие РУЛЕТОТ ги мачел и луѓето уште од почетокот на коцкањето. И тие се стари стратегии, доколку би работеле до сега сите КАЗИНА би пропаднале.

--- надополнето: Dec 10, 2011 3:39 PM ---
Нулата сите ја заборавате.

и да напоменам нека не ве залажува тоа што сум земал некои пари па сум ги изгубил а вие ќе се откажете на време. нема да биде така хаха, потоа .. тоа беше казино со СТАРА машина која можеш да вложиш и 10 денари на црно црвено, и потоа и таа машина ставија програма да ги реди по 3484 пати по ред црно или црвено. така што ова да го пробаш во сенатор однапред си се осудил на пропаст.
Ако сакаш пробај ќе си имаш искуство плус и ти ќе им објаснуваш на другите заслепени од желбата за пари дека нема шанси да земеш така пари:pipi:
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Имам другар кој од рулет е во добивка околу 200 000 во моментов сега барем а игра 5 години.
Секогаш кога има можност оди и реди на 35 бројки по 1000 денари само на 1 бројка и на нула не реди, игра само една рака и одма повлекува 1000 денари и си оди. тоа на електронскиот затоа што на рачниот има 2 нули;) добивката е 1/36 а шансите за загуба се 2%
--- надополнето: Dec 10, 2011 3:49 PM ---
и да напоменам нека не ве залажува тоа што сум земал некои пари па сум ги изгубил а вие ќе се откажете на време. нема да биде така хаха, потоа .. тоа беше казино со СТАРА машина која можеш да вложиш и 10 денари на црно црвено, и потоа и таа машина ставија програма да ги реди по 3484 пати по ред црно или црвено. така што ова да го пробаш во сенатор однапред си се осудил на пропаст
Никако во казино само онлине каде играат преку 20 луге на масата и нормално е на некоја рака да има повеке уплата од тебе па и ти да си добитен поготово ако играш на колони 3тата колона според мене е најдобитна затоа што омилените бројови на лугето се од 1 до 30 тогаш им се родендените нив или на нивните најблиски:)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Конкретно за рулетот, и да одиш прогресија црно/бело пак ти е џабе, постои нешто што се вика edge кое му припаѓа на казиното , плус тука е и нулата/ нулите во зависност од видот на рулетот.
Се слагам со се што напиша, но токму постоењето на нулата ја создава маргината (house edge) кај рулетот. Доколку не би постоела нулата тогаш на секоја игра на рулетот, кога некој би играл со равни влогови (flat stakes) после одреден голем број на раце, би бил ни ќар ни зијан...

Значи нулата не е плус на маргината на куќата, туку точно таа ја прави таа маргина...
--- надополнето: Dec 10, 2011 3:52 PM ---
Имам другар кој од рулет е во добивка околу 200 000 во моментов сега барем а игра 5 години.
Секогаш кога има можност оди и реди на 35 бројки по 1000 денари само на 1 бројка и на нула не реди, игра само една рака и одма повлекува 1000 денари и си оди. тоа на електронскиот затоа што на рачниот има 2 нули;) добивката е 1/36 а шансите за загуба се 2%
Дечко, не си свесен какви глупост лупаш. Немаш поим ниту од математика, ниту од теоријата на игри на среќа...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Имам другар кој од рулет е во добивка околу 200 000 во моментов сега барем а игра 5 години.
Секогаш кога има можност оди и реди на 35 бројки по 1000 денари само на 1 бројка и на нула не реди, игра само една рака и одма повлекува 1000 денари и си оди. тоа на електронскиот затоа што на рачниот има 2 нули;) добивката е 1/36 а шансите за загуба се 2%
--- надополнето: Dec 10, 2011 3:49 PM ---
шансите за загуба се 5,4% но не е битно тоа не го сфатив ова со илјадаркиве ако вложуваш 35 илјади денари одеднаш и колку добиваш зошто не памтам веќе коефициентите но не ни сакам, си се збунил ти нешто, како што реков слободно оди коцкај се :D
 
I

Iblis

Гостин
Имам другар кој од рулет е во добивка околу 200 000 во моментов сега барем а игра 5 години.
Секогаш кога има можност оди и реди на 35 бројки по 1000 денари само на 1 бројка и на нула не реди, игра само една рака и одма повлекува 1000 денари и си оди. тоа на електронскиот затоа што на рачниот има 2 нули;) добивката е 1/36 а шансите за загуба се 2%
Абе јас сум глуп, детево тресе зелени од ракав или го лажат низ маало?
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Ова е добра стратегија што може да се употреби во спортски обложувалници. Немам толку пари за почеток, но просто е - бираш еден тим и постојано го играш 2-1 или 4+, сеедно, што поголем коефициент. Секогаш кога губиш, наредниот пат вложуваш двојно. Кога тогаш, ќе се погоди...
Кладилницата е катастрофа се е наместено немам фатено во кладилница 3 години најблиску бев во добивка минатиот петок со 50 денари за 15 000 бефника ме зафркна не влезе 2-2 +3 изигра 0:1 прво полувреме 1:1 и ја чекам да даде гол тие тапанарите примија 2:1 катастрофа се откажувам немам срека единствено Охрид кога ке игра имам другарчина што играат таму ако ми кажат кога ке губат ке ја уплатам ако не ништо, мада мислам дека ке губат сега до крај на сезона немаат земено плата 5 месеци:tapp:
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Абе јас сум глуп, детево тресе зелени од ракав или го лажат низ маало?
35 бројки по 1000 = 35.000, добивката од еден број - 36.000
Математички 2% шанси за загуба.
Реално? Големи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom