Vtorara poenta shto si ja pishal mi beshe muabetot so mobilniot.
Aj, drug primer.
Nekoja zhenska ti se pushta i ti vika deka saka da i bidesh muzh (familija da osnovate, nali...) ama ushte ne si go naprail toj chekor i ne si siguren u toa. Tipkata e ubaa, fina mila..bla bla...vekje podolgo vreme si so nea i ja sakash.
Idesh u kafana so tvoe mushko drushtvo. Gleash edna oooopasna tipka u vashe drushtvo. Te provocira so izgled, so pogled, so dekolte i shto ushte ne, ti se ide...
Dali i pokraj provokaciite na oooopasnata tipka, sepak kje reshish da se zhenish so devojka ti koja go nema pogledot i dekolteto i ostali stvari shto drugava gi ima?
I onaka devojka ti nema da doznae...
Kuzhish? xD
Ако не треба човек да се контролира во такви ситуации не треба ни да се разликува од животните. Всушност, многу е ниско некој да се залета по таков ефтин предизвик, па затоа мислам дека не е важна самоконтролата во тој случај. Ако некој паѓа на тоа, мене не ми е важно како би изреагирал, затоа што тој за мене нема цена. Тој или таа - сеедно.
Еноставно нема да и каже на девојка ти
После тоа, во случај да не се деси ништо со девојка ти, нема да се каеш дека не си отишол со таа од кафаната и не си ја искористил добрата прилика што ти се пружила.
А вака, зашто утре ден да си помислиш „Ту мајката, како не ја ќарив таа од кафаната неќна“ ?
Праиш тоа што ти се праи во моментот и не се устручаваш
Живееш со лезет
Самоконтрола sucks -.-
Конкретниов пример пак да кажам не е живеење со лезет. Тоа е неизживеаност која треба да се помине во средно, за потоа да нема потреба да ни троши енергија за размислување. Мислам, ајде кажи ми што е вредноста во тој чин. Што би добил некој попален мангуп или мангупка од тоа? Не знае што е секс, па ајде да проба? Третата личност има златен полов орган невиден дотогаш? Вреди повеќе од постоечкиот партнер, само затоа што направила неколку провокативни потези? Абе ајде ... :nesvest:
Пример. Иам преголема контрола. Многу тешко ги искажувам вистинските чувства. Цел живот го гледам од една далечна перспектива, во секојдневието се контролирам, фина сум и коректна кон сите.
Дали е подобро да го живеам животов овака како што сега го живеам, исконтролирано, со силни, но скриени емоции, или да се препуштам на уживањата и да не ги кријам емоциите, макар и да се грди и лоши?
Незнам како да ја поставам темава =.=
Да, самоконтролата во одредена ситуација е позитивна. Зборувам за постојана самоконтрола.
За контрола на својата иднина.
За контролирање на емоциите.
За контролирање на тоа што си, твојата личност.
Кужиш?
Вака без претходниот пример веќе понормално звучи муабетов.
Како и повеќето и јас сметам дека самоконтролата е позитивна страна кај секој човек. Мора да се има затоа што како што кажав, не би имале според што да се разликуваме од животните. Но тоа секако не значи дека не треба да искажуваме емоции, да не сонуваме и да не ги остваруваме нашите соништа, да не ризикуваме и да не живееме како што сакаме. Тоа значи дека сето тоа треба да го правиме повоздржано т.е. попромислено. Пример, ако сакаме некому да му кажеме што чувствуваме за него има илјада и еден начин. Со самоконтрола може да одбереме некој подобар, со што би биле поубаво разбрани и поверојатно би го добиле тоа што го очекуваме за возврат, без оглед дали станува збор за добри или лоши емоции и мислења.
Секако на крај морам да се сложам со Брн. Дефинитивно има ситуации кога треба да се реагира и импулсивно, но таквите ситуации секој поединец треба индивидуално да си ги препознае.