Самарас: Нема веќе мерки за штедење

Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
A парите како ќе ги враќаат? На жими мајка?
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
ЕУ сега ги галат грците , ги мазат , ама за некое време ќе ги потапкаат по рамо ајде редно време беше да си ги вратите парите, ако не ги вратат прво ќе излетаат од ЕУ, ќе си ја вратат драхмата, е ТЕК ТОГАШ има да играат пајдушко.

Ма не пајдушко, тешкото ќе го научат на исуст. Ќе почнат да се бесат за да не го вратат долгот, некои ќе почнат да продаваат по дома што имаат, па ќе почнат да продаваат земјиште, па цели острови и на крај ќе си ја продадат и државата и уште толку долг ќе им остане за 680 колена унапред.

Внуци правнуци, чукунвнуци и така натаму сите тие од својот џеб ќе треба да вадат дел по дел од својот приход (ако уопште остварат некаков приход) и пак нема да си го исплатат кредитот кон ММФ.

Грција колку што е задолжена , толку земјинава топка не тежи. :) :D
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Штом така вели Самарас,а јас пак викам ако ако ако продолжи така и слободно може да го вовлече ЕУ ;)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Бензинот поефтини 2 денари хехе :D :D
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Нема веќе мерки за штедење ама кога ќе им требаат пак неколку милијарди за исплата на плати, пензии и друго ќе се молат повторно на Германија.

Ги извлекоа од сигурен банкрот и целосна пропаст на државата и сега повторно се прават паметни. Неблагодарни педерски копилиња!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Но, Самарас предупреди дека тешкиот период продолжува. Наплатата на даноците е далеку помала од очекуваната, невработеноста изнесува 27 отсто, а индивидуалната потрошувачка е скоро во застој.

Тројката ЕУ-ММФ-ЕЦБ побара мерки на штедење во замена за 239 милијарди евра во вид на два пакети финансиска помош за потпомагање на грчката економија. Инспекторите на Тројката сега го проверуваат напредокот на Грција во врска со долгоодложуваните приватизации на државните претпријатија и продажбата или издавањето под наем на државниот имот.

Економистите и понатаму тврдат дека Грција мора да најде излез од кризата со раст, цел што Самарас ја постави барајќи странски директни инвестиции и кратејќи ја бирократијата.

„Економијата не може да се подобри само со мерките на штедење. На истата ѝ треба жив пазар“, рече за SETimes Аристидес Хацис, вонреден професор по економија и право на Атинскиот универзитет во Атина.

За време на последната посета на Атина, инспекторите инсистираа да се реши прашањето на претходно договорените отпуштања на државните службеници и судското гонење на даночните затајувачи, пред да се ослободи последната транша од 2,8 милијарди евра.

Според условите на финансиската помош, усвоени минатиот декември, Грција мора, исто така, да скрати 25.000 работни места во јавниот сектор оваа година, за вкупно 150.000 до 2016 година.

Но, не се сите во владејачката партија согласни со овој план.

„[Тројката] мора да сфати и прифати дека грчкото општество излезе надвор од границите на она што може да го издржи“, рече водачот на коалицискиот партнер на Самарас, партијата Демократска левица (ДИМАР), Фотис Кувелис.
Дополнителните мерки, вклучително и планираните отпуштања на вработените во јавниот сектор, беа наметнати.

„Многу Грци сè уште мислат дека меморандумот на [Tројката] е причината за кризата, а не обратното“, рече за SETimes Платон Тиниос, вонреден професор по економија на Универзитетот во Пиреа.

„Луѓето не се помирија со тоа што беше првичниот проблем и безрезервно веруваат дека повторно може да биде како што беше порано“, рече тој.

Но, некои граѓани велат дека мерките на штедење полека ја менуваат нивната перцепција во поглед на долготрајната владина распуштеност и работниците навикнати на нејзина великодушност.

„Работите се многу тешки. Но, бидете сигурни, сите трошевме премногу“, рече за SETimes Андреас Димитракопулос (66).

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2013/03/15/feature-01


Уште да почнат да ги попвлекуваат парите од банките како во Кипар, ќе биде многу весело во цела Европа. Буквално се докурчени.
.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom