Еве еден интересен микс на вкусови.
Салата со цвекло, млад спанаќ, бри сирење и дресинг од малини
Цвеклото се вари, спанаќот се користи свеж, се посолува, се мешаат сите состојки, се сецкаат неколку оревчиња и се додаваат во салатата.
Дресингот се прави од неколку изгмечени малини, маслиново масло, малку оцет и во рецептот има шеќер, јас не ставив.
Ако мислите дека вкусот нема да ви одговара,
@CafeDelMar ја има правено истава, само што дресингот од малини го заменила со чери домати. Мене ми беше океј, навикната сум да мешам вкусови, Швеѓани јадат сирења со мармалад(а и во Македонија се јаде лубеница со сирење, така да...).
Еве како изгледа.