Сакам да зготвам: ... помош!

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Абе фудбалер, ти и по готвењето си бил, а? Добар... :) А кај го купуваш тоа кокосово масло и колку пари е?
Странство а кај нас може го има во продавници за био храна.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Ако може рецепт за пита со праз или зелник со праз.
Не знам дали се две имиња на едно исто јадење, или пак се две различни.
И немојте да објаснувате како мама: Го замесуваш брашното, го ставаш да се пече и готово!:confused:

Значи: колку брашно, полни или рамни лажици, кој број е тепсијата и колку време и на колку степени се пече.

фала :pipi:
 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Ако може рецепт за пита со праз или зелник со праз.
Не знам дали се две имиња на едно исто јадење, или пак се две различни.
И немојте да објаснувате како мама: Го замесуваш брашното, го ставаш да се пече и готово!:confused:

Значи: колку брашно, полни или рамни лажици, кој број е тепсијата и колку време и на колку степени се пече.

фала :pipi:
Зелник со праз



Потребни состојки:
500 гр. брашно 100 мл. масло за јадење ½ коцка квасец Сол и малку шеќер

За фил: 2 главици праз 100 гр. ориз Мешан зачин Сол Бибер

Најпрво го подготвуваме филот. Во тава на оган ставаме да се пржи ситно сечканиот праз, додека да омекне, а потоа го додаваме оризот, зачинуваме со сол, мешан зачин и мелен бибер. Тавата ја тргаме од огнот, а потоа го подготвуваме тестото. Квасецот го раствораме со топла вода, додаваме малку шеќер и 3 лажици брашно, го мешаме додека да стане како каша и го оставаме да стаса. Брашното го сееме и го ставаме во подлабок сад, додаваме малку сол, маслото за јадење, и го замесуваме со смесата од квасец. По потреба додаваме уште малку млака вода. Замесуваме среднотврдо тесто и го оставаме да поткисне малку, а потоа го размесуваме, го делиме на топчиња,а секое топче е една кора за сукање. Потоа, сукаме три кори една по една поголеми од тавата за печење. Ги ставаме една по една во тавата за печење и меѓу нив попрскуваме со масло за јадење. На средината го ставаме филот од праз и го поклопуваме со две помали сукани кори. Од корите што излегуваат преку тавата за печење ги свиткуваме краевите навнатре формирајќи венец. Зелникот го попрскуваме со масло за јадење и го оставаме да отстои. Го печиме на температура од 200оС околу 30 минути
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
½ коцка квасец
Квасецот го раствораме со топла водаquote]
се’ , СЕ’ -ама квасец во пита не признавам- т.е. не ги сакам таквите пити кои наликуваат на леб, на кифлици .....
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
сакам babka, ама незнам да ја направам:(.Додуша не сум ни пробал:oops:
има ли некој рецепт - ама ептем лесен да е
 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
сакам babka, ама незнам да ја направам:(.Додуша не сум ни пробал:oops:
има ли некој рецепт - ама ептем лесен да е
Па не е нешто сложено за подготвување :) еве ти чоколаден рецепт..


Состојки:
3 јајца
200 гр шеќер
1 пециво
1 ванилин шеќер
1/2 чаша зејтин
1/2 чаша млеко
2 чаши брашно
2 лажици какао


Јајцата и шеќерот убаво се матат додека не се добие смеса како шлаг,а потоа се додаваат сите други состојки(освен какаото) една по една со постојано матење.Се подмачкува садот за печење и се става скоро целата смесата. Мал дел од смесата се остава и во неа се додава какаото.Белата смеса ставете ја во рерна на 200степени и за 2-3 минути извадете го садот и додадете ја смесата со какаото. Потоа оставете го колачот да се допече уште половина час.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Па не е нешто сложено за подготвување :) еве ти чоколаден рецепт..


Состојки:
3 јајца
200 гр шеќер
1 пециво
1 ванилин шеќер
1/2 чаша зејтин
1/2 чаша млеко
2 чаши брашно
2 лажици какао


Јајцата и шеќерот убаво се матат додека не се добие смеса како шлаг,а потоа се додаваат сите други состојки(освен какаото) една по една со постојано матење.Се подмачкува садот за печење и се става скоро целата смесата. Мал дел од смесата се остава и во неа се додава какаото.Белата смеса ставете ја во рерна на 200степени и за 2-3 минути извадете го садот и додадете ја смесата со какаото. Потоа оставете го колачот да се допече уште половина час.
src, faala. ama ova e sigurno kuglof, no ne i babka :)
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Некој да не знае рецепт за добра телешка чорба ама онака ко во ресторан што ја прават :)?
 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
сакам babka, ама незнам да ја направам:(.Додуша не сум ни пробал:oops:
има ли некој рецепт - ама ептем лесен да е
Епа срц ја во меѓу време го најдов вистинскиот :D

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 лажичка шеќер
  • 200 грама Шеќер во прав
  • 250 грама Шеќер
  • малку Цимет
  • 1 лажица Сол
  • 250 грама Путер
  • 250 мл. Млеко
  • 1 лажица Лимонов сок
  • 1 Квасец
  • 2 Жолчка/ки
  • 150 мл. Вода
  • 800 грама Брашно
  • 3 Белки
  • 6 Јајца

·


Во помал сад ставете ја топлата вода, квасецот, 1 лажичка шеќер, 1/2 шоља брашно, измешајте и оставете да стасува 5 до 10 минути додека квасецот не набабри.

Загрејте ги млекото и путерот, измешајте да се соединат и оставете ги на страна да се ладат. Во голем сад изматете ги јајцата, жолчката и една шоља шеќер да добиете лесна смеса. Додајте ја смесата со млеко и путер, сол и стасаниот квасец. Матете додека не се соедини, ова е најдобро да го направите со дрвена лажица. Полека додавајте 500 гр. брашно, а потоа и останатите да добиете меко и мазно тесто кое ќе го измесите на работната површина наросена со брашно.

Обликувајте го тестото и оставете да стасува додека не го удвои волуменот.

Рерната
вклучете ја на 180 степени.

Изматете цврст снег од белките. Стасаното тесто поделете го на половина и секое расукајте го на во правоаголник. По површината намачкајте со изматените белки. Нанесете половина од филот: во помал сад измешајте ги шеќерот, брашното и циметот па додајте во изматениот маргарин, потоа убаво измешајте. Сега од секое тесто завиткајте ролат и ставете го во подготвените калапи.

Глазура: изматете 2 белки со 200 гр. шеќерот во прав и сокот од лимон. Матете околу 10 минути да добиете мазна глазура. Со добиената смеса намачкајте ги ролатите и ставете ги во рерна. Печете 50 - 55 минути
.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Епа срц ја во меѓу време го најдов вистинскиот :D
ееееееее ОВА е она вистинското(y) барем по состојките - односно тоа дека мора да биде тесто- а не она претходното- течно ко за колач;)

 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ај малце помош. Барав рецепти за ориз со морски плодови на форумот но не најдов. Еве што најдов од друго место,


Рижото од морски плодови

За подготовка на овој рецепт за четири лица потребни ви се следниве продукти:

- 250 гр. морски плодови
- 350 гр. ориз
- 10 гр пире од домати
- една главица кромид
- сецкан магдонос
- 1 дл. маслиново масло за јадење
- седум чешни лук
- 2 дл бело вино
- 100 гр пармезан
- бибер и сол

Време на подготовка 30-тина минути.
Земаме една крупна главица кромид и ја сецкаме на ситни парчиња. Во метален сад ставаме вода да се загрее во количество колку да се покријат мешаните морски плодови. Во нашиот случај некаде околу половина литар. Помало количество на вода ставаме во друг сад да се загрее, а во тава ставаме поголемо количество на маслиново масло за јадење да се загрее.Во двата сада со вода им додаваме сол, а потоа во помалиот ги ставаме мешаните морски плодови да се варат. Садот го затвораме со капак. Во поголемиот сад го ставаме оризот да се вари со повремено мешање во текот на варењето. Внимавајате. Потребно е оризот да биде добро варен.Земаме 4 чешни од лук од кои ја симнуваме кората и ситно ги сецкаме.
Маслиновото масло веќе е загреано. Го ставаме сецканиот кромид да се пржи додавајќо сол по вкус и постепено го промешуваме. Садот го покриваме со капак и го оставаме кромидот да се динста. Оризот е варен колку што е потребно. Го процедуваме и го оставме да се излади.
Во садот во кој го пржиме кромидот го додаваме лукот, ја промешуваме смесата, а потоа и сецканиот магдонос. Додека сите состојки се пржат, истите ги промешуваме.По кусо време на истата смеса и го додаваме варениот ориз. Со мешањето добивме еднолична маса на смесата. При пржењето го додаваме сето вино, се разбира во помали количества. По кусо промешување садот го затцораме со капак и го оставаме да се динста неколку минути. Морските плодови се варени. Ги процедуваме и ги додаваме на смесата од кромид, лук, магдонос и ориз. Целата смеса се промешува и се остава да се динста 5-10 минути.
Откако смесата, односно рижото од морски плодови е скоро готово му додаваме сос од патлиџани. Рижотото го промешуваме по што му додаваме бибер.
Во чинијата со која ќе служиме го ставаме приготвеното рижото од морски плодови. На рижотото му додаваме рендан кашкавал во количество колку да се покрие јадењето и магдонос. Јадењата како што е РИЖОТО ОД МОРСКИ ПЛОДОВИ е незамисливо без неколку кришки од лимон. Декорацијата ја завршуваме со неколку гранчиња француски магдонос.

Ако некој има поубава рецепта нека ја постира.
И уште нешто, дали пред да се сварат морските плодови да ги одмрзнам или ги ставам замрзнати..
Пуно фала :)
 
К

Кики.

Гостин
^ Nessa сега видов, можеби е касно, ама можеш слободно да ги ставиш замрзнати. :)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
eve za tie sto se lubiteli na kacamak :)
Неговото височество - Качамак

Палента, качамак или бакрдан е суперхрана, незаменлив здрав оброк за ладните зимски денови
Старото традиционално јадење од балканските простори, кое во модерните времиња го носи вкусот на егзотика за странците, но и за овдешните нови генерации, се препознава под неколку имиња, меѓу кои најчестите варијанти се качамак, палента и бакрдан.

Суперхрана - пченкарното брашно е незаменливо за зимските ладни денови и поради вкусот, ама и поради своите карактеристики: има способност да го чисти црниот дроб, спречува анемија, незаменлив борец против бронхитис, ги заштитува крвните садови и, над се', е многу вкусна основа за здрав оброк.

Сепак, она што ги карактеризира јадењата - палента и бакрданик е остриот вкус на пченкарното брашно. Навратете се на традицијата со неколку рецепти за специјалитети од пченкарно брашно, кои можеби се' уште не сте ги пробале. Зимата е идеално време за качамак во неколку варијанти.

Планински каЧамак

Потребно е: 250 г пченкарно брашно, 1 кг младо овчо сирење, по потреба - малку сол

Иситнетото сирење се става во тенџере и полека се загрева, со мешање, се' додека не пушти млеко. Потоа, постепено се додава брашното и се меша на тивок оган додека масата не почне да пушта маснотија и да се одвојува од ѕидовите на садот. По потреба се додава уште малку сол и веднаш се служи.

КаЧамак варен на млеко

Потребно е: 1,5 л млеко, 1 л кисело млеко, 500 г пченкарно брашно, 2 јајца, малку сол

Се вари млекото, потоа се замешува киселото млеко, па кога и тоа ќе проврие, полека се замешува пченкарното брашно и заматените јајца, со постојано мешање со дрвена лажица. Се вари дваесетина минути, се' додека смесата не почне да се одвојува од ѕидовите на садот. Се посолува по потреба и веднаш се служи.

КаЧамак со каЈгана

Потребно е: половина килограм пченкарно брашно, 250 г кајмак, 4 јајца, малку сол и масло и по желба - магдонос.

Во поголем лонец се ставаат 2 л вода и една лажичка сол на оган, па кога ќе проврие водата, се сипува пченкарното брашно со постојано мешање. Се вари 20 минути, со мешање, додека качамакот не почне да се одвојува од ѕидовите на садот во кој се вари. Додека е врел, качамакот се сипува во чинија во која ќе се служи, се премачкува со кајмак и одозгора се става испржената кајгана. По желба, се посипува со исечкан магдонос и веднаш се служи.

КаЧамак со лук

Потребно е: половина килограм пченкарно брашно, 2-3 главички кромид, малку масло за јадење и сол, лажица црвен пипер, кисело млеко

Се ставаат да провријат на оган 2,5 л вода со една лажица сол, а потоа постепено се замешува брашното и се вари со постојано мешање се' додека качамакот не се одвои од рабовите на садот. Се префрла во чинија за служење и се прелива врз ребренца пржени во масло со кромид и, на крајот, зачинети со црн пипер. Се служи веднаш со кисело млеко.

КаЧамак со гулаш

Потребно: една кутија инстант-палента, 250 г јунешко без коски, 3 поголеми главички кромид, една чаша бело вино, малку масло, сол и црн пипер и по желба лист од магдонос и чаша кисела павлака

Исечканиот кромид малку се продинствува за да омекне, па се додава јунешко исечено на ситни коцки, па со долевање малку вода се динствува за да омекне. Се полева со вино и се зачинува со сол и црн пипер и уште малку се пржи за да изврие течноста. Се вари инстант-палента според упатството на кутијата, по желба малку погусто, се префрла во чинија за служење и одозгора се сипува гулашот. По желба се посипува со листови од магдонос и кисела павлака.

КаЧамак со компир

Потребно е: 250 г пченкарно брашно, 500 г бел компир, 250 г кајмак, една лажичка масло, сол

Излупените компири се варат во солена вода, па кога ќе омекнат, се цедат и се пасираат. Во водата во која се вареле компирите се додава уште вода, до 1 литар, се остава да проврие, а потоа се замешуваат (со постојано мешање) со дрвена лажица: пченкарното брашно, пропасираните компири, кајмакот и маслото. Се вари околу 45 минути, со мешање, па потоа се служи. Може да се јаде и со слатко или кисело млеко, или јогурт, според желба.

Влашки каЧамак

Потребно е: 1 кг бело пченкарно брашно, 2 лажици маст, лажичка сол

Се ставаат 2,5 л вода да провријат со маст и сол, а потоа се сипува целата количина брашно одеднаш и без мешање се остава брашното да се впие. Потоа, на тивок оган се вари уште 15 минути. Понатаму се вари мешајќи со дрвена лажица се' додека масата не почне да се одвојува од ѕидовите на садот. Се служи со млеко, кисело млеко, кајмак или сирење.

КаЧамак со каЈмак

Потребно е: половина килограм бело пченкарно брашно, 200 г кајмак, една лажичка сол

Два литра вода со сол се остава да проврие, па се тргнува од огнот и одеднаш се сипува целото количество брашно. Се враќа на шпоретот и во средината се прави дупка со сукало за водата да пробие во брашното и на тивок оган, без мешање, да се вари се' додека водата не побели и не стане густа. Се одлева малку вода во шолјата, а остатокот во лонецот се меша со сукало додека качамакот не почне да се одвојува од лонецот. Ако е премногу густ, може повторно да се додаде одлиената вода од шолјата. Потоа, со голема лажица се вадат грутки од качамакот, а во средината на секоја се става по малку кајмак и се реди на чинијата за служење. Веднаш се служи.

КаЧамак со пилешки Џигер

Потребно е: половина кутија палента, 500 г пилешки џигер, главичка кромид, 2 лажици масло или путер, шолја кисела павлака, малку сол, црн пипер и ливчиња магдонос

Се вари палентата според упатството на кутијата. Се сечка кромидот и се динствува додека не омекне, па потоа се додава џигерот и се пржи. Пржениот џигер се трга од огнот, се прелева со кисела павлака, се посолува според вкус и се зачинува со црн пипер и исечкан магдонос. Во чинијата за служење се става врелата палента, а одозгора се прелева со џигерот и сокот и веднаш се служи.

Цицвара

Потребно е: 500 г пченкарно брашно, 250 г младо бело сирење, 100 г кајмак, 200 г путер, сол

Се растопува путерот и кајмакот, па со мешање се додава издробено сирење и брашно. Се меша на тивок оган додека масата не почне да се развлекува. Неколку пати се превртува, а потоа се префрла во чинија и веднаш се служи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom