Терминот садо-мазохизам е добиен од зборовите садизам и мазохизам. Овие два термини го добиле името според Marquis de Sade и Leopold von Sacher-Masoch, и се базирани според содржината на делата на “авторите”. Овие дејствија се многу честа мета на критики и негодувања поради нивната голема контроверзност. Терминот садизам се однесува на постигнување на сексуално задоволство преку нанесување болка, деградација, понижување на друга особа. Од друга страна мазохистот ужива во спротивното: да прима болка, да биде понижуван/а. Садист или мазохист може да биде лице и од машки и од женски пол. Садо-мазохизмот не се однесува на нанесување или примање на болка во други ситуации како на пример инцидентна повреда, медицински процедури и сл. Во минатото садо-мазохистичките активности беа одбележани како патогени појави. Според Интернационалната Класификација на Болестите садомазохисмот беше категоризиран како Нарушување на сексуалните преференци. Во 1994 според Прирачникот за Дијагностицирање и Статистика на Менталните Нарушувања, се појавија нови критериуми на дијагностицирање каде садо-мазохизмот не се опишува како растројство на сексуалните преференци. Исто така не се сметаат како болести сами по себе. Според последните измени, доколку единствените начини на сексуално задоволство се садо-мазохистички дејствија во период подолг од шест месеци и е причинител за клинички значајно нарушување на социјалните, работните и други области на функционирање, тогаш се смета дека личноста страда од парафилија.
Во Европа, Данска стана првата земја од Европската Унија која во 1995 година го тргна садо-мазохизмот од листата на ментални болести. По тоа следеа Шведска (2009) и Норвешка (2010). Според понови истражувања 5-25% од популацијата се склони кон оваа појава.
Историја
Садизам: Се мисли дека е измислен од Маркиз де Сад. Француски романсиер и писател чие вистинско име е Донатиен Алфонс Франсоа, гроф од Сад.
Откако ја напуштил воената кариера, се оженил и водел живот полн со разврат и скандали со проститутки и локални млади луѓе коишто ги киднапирал, за што повеќепати бил затворан и едвај избегнал погубување. Двапати бил испратен во лудница, во Шарентон, каде што и умрел. Во затворот и во лудницата ги совладувал здодевноста и гневот со пишување на сексуално сликовити романи и претстави. Најпознати дела му сеУживање во злосторството, Сто и дваесет дена на Содома, Жастин, Јулија, Филозофија во будоарот, Злосторства од љубов и др.
Мазохизам: Се поврзува со Leopold von Sacher Masoch, австриски писател и новинар, ја избрал својата сопруга врз основа на нејзиниот заповеднички карактер, како да имал необјаснива желба за послушност и подреденост. Работата одела толку далеку што се жените потпишувал договори кои го обврзувале на ропство, покорност и исполнување на сите нивни желби, а во случај на непридржување кон договорот им дозволувал казни од било кој вид. Тој се поврзува со измислувањето на мазохизмот.
Садизмот подразбира мачење, понижување и чувствување задоволство при туѓата болка.
Мазохизам е појава кога е неопходно физичко и психичко трпење за достигнување на сексуално задоволство.
Мазохистот е жртва која се согласува на се и тоа вистински го сака. На него му е потребен партнер кој се согласува да го мачи, додека на садистот му е потребна жртва која ќе ја мачи без нејзина дозвола, што всушност е најголемото негово уживање. Тоа е нивната прва разлика.Садистот нема ниту најмала желба да ја задоволи својата сексуална жртва, а мазохистот обожава да се бакнува со личноста која претходно го мачела. Тоа е начин на кој ја искажува благодарноста.На мазохистот не му е неопходен партнер, тој може и сам да се казни, како што правеле припадниците на монашките редови. На крајот мазохистот нема правно со што да се соочи, додека садистот е виновен за неговото свесно нанесување на удари и повреди, а во некои случаи и за силување.
Поимот садо-мазохизам често погрешно го употребуваме кога сакаме да опишеме случаи во кои садистот го мачи мазохистот или кога истовремено се присутни и садистички и мазохистички тенденции кај иста личност. Овој поим се користи при опишување на еротските игри кои ги користат некои партнери кои имаат потполна слобода на избор и заменување на улогите во зависност од нивното расположение. Примери за садо-мазо активности се : камшикување, физички удари, врзување солисици, јажиња, синџири, штипење, гризење, гребење со нокти, плескање по задник, користење на жежок восок, коцки мраз итн. Постојат и лица кои садо-мазохизмот го претвориле во професија и ги исполнуваат потребите на лицата кои практикуваат вакви активности.
( BDSM - bondage and discipline; dominance and submission)