Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.586
Тепачки за и околу тронот во црквата на нашите мили северни брадати соседи... и тоа за ништо друго туку поради "едноставна" продажба на имот:
Се гледа до каде оди српскиот квазинационализам од овие вечни подбуцнувачи на страстите.... и повеќе од очигледно само парите се во игра.
ИзворВладиката Артемије му продал црковен имот на Албанец
Ова е само една од причините за судирот меѓу владиците Артемие и Теодосие, кој се смета за "предигра" и своевидно одмерување на силите во Српската црква во пресрет на изборот на иден поглавар.
Рашко-призренскиот Владика Артемије за 150.000 евра продал деловен простор од 249 квадрати во центарот на Ѓаковица на Албанецот Коли Комани, а за тоа не го известил ни Соборот ни Синодот на СПЦ. Продажбата на црковниот имот на Албанецот е една од причините за жестокиот судир на епископот Артемије и викарниот епископ Теодосије, кој кулминирал во неделата со тепачка меѓу монасите во манастирот Дечани, пренесува српскиот "Блиц". Во документацијата до која дошла српската "Пресс" стои дека Владиката Артемије прво му дал специјално полномоштво на Деде Комани, Албанец од селото Брековица во Општината Ѓаковица. На таа основа, Деде на друг Албанец го продал имотот во сопственост на СПЦ, пренесува Нетпрес. На договорот, освен потписот на Албанецот, стоел и печатот на епархискиот управен одбор на православната Рашко-призренска епархија. "Тоа сега не е тема. Како што вие имате право да не откриете од кого сте го добиле документот во кој се гледа дека е нешто продадено, така и ја имам право да не одговорам на вашето прашање. Не сакам веќе да зборувам за тоа", изјавил владиката Артемије за "Пресс".
Смената на владиката Теодосије и заострувањето на судирот меѓу епископот Артемије со Светиот синод на СПЦ, на чие чело е митрополитот црногорско-приморски Амфилохије веќе се смета за "предигра" и свовевидно одмерување на силите во Српската црква во пресрет на изборот на иден поглавар. Митрополитот Амфилохије, кој на својата титула му го придодаде и достоинството на архиепископ, а кое многу владици му го оспоруваат, останува еден од главните кандидати за 45. поглавар на СПЦ.
![]()
![]()
Се гледа до каде оди српскиот квазинационализам од овие вечни подбуцнувачи на страстите.... и повеќе од очигледно само парите се во игра.