Мутираше вирусот Х1Н1
Вирусот Х1Н1 или попознат како свински грип веќе мутирал, потврдија бразилски научници, кои во Сао Паоло изолирале пациент заразен со мутираниот вирус.
Новиот мутиран вирус е наречен А/Сао Паоло/1454/Х1Н1, а името му го дале бактериолози од Институтот Адолфо Лутз, откако го споредиле со оригиналниот примерок на вирусот на свинскиот грип од Калифорнија и ги забележале промените.
Научникот Терезина Мариа де Павиа открила дека мутацијата се случила во протеинот хемоглобин.
Сè уште не е познато дали новата мутација е посмртоносна од оригиналниот вирус А/Х1Н1, поради кој што Светската здравствена организација минатата недела прогласи глобална пандемија.
Се поставува прашањето дали вирусот на свинскиот грип може да мутира како оној на Шпанскиот грип во 1918 година, кога од него починале неколку милиони луѓе.
Најновите податоци говорат дека досега со свинскиот грип се заразени најмалку 30 илјади луѓе во 74 земји ширум светот, при што се регистрирани 150 смртни случаи.
A1