- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
Светската здравствена организација по прв пат во последните 40 години прогласи пандемија од новиот грип поради се поголемиот број на заразени од опасниот тип вирус во САД, Европа, Австралија и Јужна Америка.
Шкотскиот државен секретар за здравство Никола Стардџион изјави дека прогласување на глобална епидемија на вирусот од типот А (H1N1) следи по денешниот сотанок на СЗО.
Портпаролот на СЗО, Томас Ејбрахам претходно го најави дека состанокот ќе почне на пладне и дека сите држави членки ќе бидат известени за одлуката.
Досега се регистрирани околу 25.288 случаи на заразени од вирусот на новиот грип, од кои 139 луѓе веќе починаа.
Во Германија 30 соученици заразени од грипот А
Дизелдорф
Најмалку 30 ученици од едно меѓународно јапонско училиште во Дизелдорф се заразени од вирусот H1N1.
„На децата им е релативно добро, а двајца заразени се наоѓаат во тешка состојба“, изјави шефот на диселдорфскиот Завод за здравствена заштита Хајко Шнајтлер и предупреди дека можат да се очекуваат нови случаеви на болеста меѓу децата од тоа училиште.
Се уште не е познато како се раширил вирусот на новиот грип. Здравствените власти наведуваат дека уште минатата недела се разболел еден ученик чие семејство само што се вратило од одмор од Малта.
Семејствата на децата кај кои е потврден вирусот се наоѓаат во домашен карантин.
Јапонското училиште во Дизелдорф кои го посетуваат околу 500 деца во меѓувреме е затворено.
Во Северна Рајна-Вестфалија, најмногубројна германска покраина, чиј главен град е Дизлдорф во кој живеат повеќе од 18 милиони луѓе, бројот на заразени лица се искачи над 40.
Според податоци на Светската здравствена организација од новиот грип од типот А инфицирани се повеќе од 25.000 луѓе во 73 земји.
A1