СДСМ во одбрана на Грција по однос на тужбата во Хаг

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Еве, пак се јави СДСМ како не сме требале да ја тужиме Грција зошто не ја почитува времената спогодба со која колку сме ние обврзани, толку е обврзана и Грција.

Овој проблем го создаде СДСМ заедно со Грција уште во 1993 г., кога ја прифати грчката иницијатива да промена на уставното име на Р. Македонија. Во тоа време СДСМ измислуваше секакви изговори дека ќе не снемало ако не сме го променеле името во ФИРОМ и немало да сме влегле во ООН, наместо да се бори за меѓународните права на Македонија, според сите меѓународни повелби усвоени и од самите ОН; но СДСМ одлучи дека не треба да се бориме за нашите права и дека Грција треба да ја слушаме. Ни ја представуваа Грција како Бог, како нешто најсилно, против кого не можеме да се бориме и покрај тоа што правдата (ако ја баравме) беше и е на наша страна. И сега после 17 години, СДСМ не дозволува Македонија да се бори за своите права.

А и тогашното раководство, на големо и помагаше на Грција во тоа, дури и тогашниот председател (СДСМ книшка бр. 1) јавно изјавуваше дека Македонците немаат врска со античките Македонци, туку се чисти Словени, дојдени од зад Карпатите во 6 век и демек немаме право да се нарекуваме Македонци и Македонија; подоцна самиот тој во своите Мемоари спомнува дека Грција, преку министер од тогашна СДСМ влада нудела мито за да се потпише целосно бришење на македонското име.

Но, една единствена добра работа од чедото на СДСМ- Привремната Спогодба за ФИРОМ е што по дефолт, на истата е обврзана и Грција, која пак воопшто не ја почитува, а нашите комуналци на тоа никогаш и не реагирале.

Грција јавно и недвосмислено сега кажува дека не бара само смена на името на Р. Македонија, туку и промена на македонскиот идентитет и јазик и доколку се топтан не се промени, нема ЕУ и НАТО за нас. И покрај ова, СДСМ се залага за компромис за името, а тој компромис е можен само ако се прифата сите услови на Грција- бришење на името, идентитетот и јазикот, зошто Грција НЕМА намера да попушти во ниту еден свој услов. Да потсетам, сите условувања на Грција се надвор од меѓународното право.

Кога Владава тајно ја поднесе тужбата против Грција, која е обврзана пред ОН да не ја блокира Македонија во влезот во меѓународните иституции (НАТО и ЕУ) под референцата ФИРОМ, СДСМ остро се спротистави на тужбата. Со тоа индиректно и даде легитимитет на грција да изигрува Бог (ако дозволи Грција има влез во НАТО и ЕУ), да не угнетува и да ги крши меѓународните договори на кои Грција е оврзана, исто колку што и ние. Искрено, првенствено и јас ја обвинував Владава зошто идејата за тужба на Грција пред м.с.п. во Хаг не ја споделила со СДСМ и Претседателот, но по нивните коментари по однос на тужбата, ми стана јасно дека Владава си знаела со кого си има работа.

И еве ги континуирано СДСМовците и нивните сателити, со жестоки критики зошто сме ја тужеле Грција, дека тоа не оддалечува од ЕУ и НАТО и од конечен договор за името, а тоа решение за името единствено значи прифаќање на сите услови на Грција, заедно со се бришење на идентитето и јазикот македонски.

Сдсм засрами се!
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
СДСМ во одбрана и на бранителите.

вмро засрами се :vozbud:

Ти бате изгледа не си доквакан. Какво вмро каков сдс какви бакрачи, да сакал нато РМ да биде членка тоа и ќе се случеше. Македонија додека не се подели нема да влезе нит во Еу ниту во нато.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Овој проблем го создаде СДСМ заедно со Грција уште во 1993 г., кога ја прифати грчката иницијатива да промена на уставното име на Р. Македонија. Во тоа време СДСМ измислуваше секакви изговори дека ќе не снемало ако не сме го променеле името во ФИРОМ и немало да сме влегле во ООН, наместо да се бори за меѓународните права на Македонија, според сите меѓународни повелби усвоени и од самите ОН; но СДСМ одлучи дека не треба да се бориме за нашите права и дека Грција треба да ја слушаме. Ни ја представуваа Грција како Бог, како нешто најсилно, против кого не можеме да се бориме и покрај тоа што правдата (ако ја баравме) беше и е на наша страна. И сега после 17 години, СДСМ не дозволува Македонија да се бори за своите права.
Битуше. Немаше во штабот некој по инвентивен од тебе за да состаи нешо подобро ебаго. Незнам на ова дал да плачам, дал да се смејам....или пак да ти реплицирам.
Али бисер на постот ти е следново:
"Ни ја представуваа Грција како Бог, како нешто најсилно, против кого не можеме да се бориме ....:pos:"

Значи.
Верувам дека штом го пишуваш ова, сигурно си доволно возрасен за да знаеш барем одприлика што се случувало 1993/1995 година. Доколку знаеше, сигурно ќе напишеше дека Македонија 1993, како новоформирана држава, немаше друга алтернатива освен новата држава да добие свој легитимитет во ООН.
Доколку знаеше, сигурно ќе напишеше дека Македонија тогаш беше во многу понезавидна економска состојба од денес, за да барем проба да води меѓународна битка со грција. Ќе знаеше дека позади Македонија 1993, не застана ниту една моќна држава. Сигурно ќе знаеше дека Англија, Франција и Германија, застанаа на страната на грција. Сигурно ебено ќе знаеш дека Македонија , во време кога целата економија се движеше преку солунското пристаниште, имаше 18 месечно ембарго. Е од тоа ембарго битушанец Македонија претрпе штета од две милијарди долари.
Доколку не се праеше наудрен, ќе спомнеше дека доколку Америка 1995 не застанеше на наша страна, и ја протуркаше спогодбата со која Македонија стана полноправна членка на ОН, денес и не можам да препоставам како би се одвивале работите.

Еве ти и еден текст од А1, па читни доколку некои работи не ти се познати.

Напишано од А1

Како се појавија „разликите околу името“



Македонското име и историја, особено по распадот на Југославија во 1991 година, стана предмет на расправа меѓу двете држави.
Клучниот грчки аргумент беше дека користење на името Македонија, од друга освен грчка страна, е „безбедносна закана“.,

Ова стана и главно грчко оправдување за сите политички и економски притисоци што ќе следат наредните години, иако 17 години македонска независност покажаа „ирационални слабости“ на тој став.
Македонија, по осамостојувањето, во 1992 година поднесе апликација за прием во Организацијата на Обединетите Нации под уставното име Република Македонија.

Наредната година, на 7 април, Советот за безбедност на ООН посочи дека иако државата ги исполнува критериумите за прием, прашањето за името треба да се реши „во интерес на мирот и добрососедски односи во регионот“.

Генералното собрание, последователно, на 8 април едногласно го усвои приемот на Македонија во ООН, но под референца, односно привремено име поранешна југословенска република Македонија (Former Yugoslav Republic of Macedonia).
Повеќето меѓународни организации ја прифатија кратенката, вклучително и ЕУ, НАТО, Меѓународниот монетарен фонд како и Меѓународниот олимписки комитет.

Процесот на решавање на прашањето започна да се одвива преку Резолуциите 817 и 845 на СБ во кои се повикуваат страните да ги продолжат билатералните разговори под покровителство на генералниот секретар на ООН со цел изнаоѓање решение за името.
Во меѓувреме, лидерите на државите-членки на ЕУ во 1992 година ја усвоија таканаречената Лисабонска декларација, со која од Македонија ултимативно се побара да се откаже од името во каков било контакт со Брисел.

Овој европски документ речиси целосно ги намали надежите на Македонија дека ќе може политички и економски меѓународно да делува под уставно име.

Сепак, под притисок на САД, но и на одлуката на Русија да ја признае Македонија под уставното име истата година, некои тогашни европски сојузници на САД почнаа да го менуваат курсот по ова прашање, а ставовите подоцна, значително да ги омекнат.

Грција, истата година, воведе економско ембарго кон Македонија, по што Скопје беше принудено освен отстапката за прием во ООН, да го смени знамето и Уставот, за кои Атина тврдеше дека имаат „иредентистички елементи“.

Односите меѓу двете страни добија „попозитивен тек“ дури во 1995 година, по симнување на ембаргото и потпишување на Привремената спогодба на 13 септември чија што временска рамка траеше 10 години.
Спогодбата, со која видно се нормализираа односите, предвидуваше името да е предмет на билатерални преговори согласно резолуциите на СБ. Целта на преговорите беше да се отстрани привременото име со име „прифатливо и за двете страни“.

Во меѓувреме, медијаторот Метју Нимиц беше именуван за главен преговарач меѓу двете страни, и „сведок“ на неколку предлози за промена на името и од двете страни.

Зависно од политичките услови, регионалната ситуација а најмногу од политичката номенклатура, имаше неколку неуспешни предлози - Нова Македонија, Северна Македонија, Република Нова Македонија, како и Republika Makedonija - Skopje.

Прашањето за името, за првпат по многу години, на 25 април 2005 година, беше споменато и во заклучоците на Советот за надворешни работи на ЕУ, каде двете страни беа охрабрени да изнајдат заемно прифатливо решение за името.

Ова беше првиот сигнал дека Брисел сериозно размислува да го забрза процесот за решавање на ова прашање, уште повеќе по кандидатскиот статус за прием во ЕУ, што Македонија го доби во декември 2005 година.

Сепак, на ова му претходеше унилатералното признавање на уставното име на Македонија од страна на САД на 4 ноември 2004 година, како една од трите постојани членки на СБ на ООН што го признаа уставното име - Кина и Русија, и уште околу 110 држави во светот кои ја именуваат Македонија како Република Македонија.
Медијаторот Нимиц, оттогаш, даде неколку предлози за името, од кои Македонија некои ги прифаќаше како добра основа за преговори, а некои целосно ги отфрли. Истото се случуваше и од грчка страна.
Рамката за разбирање на медијаторот Нимиц, понудена во декември лани, беше последниот предлог чиј дел каде се наведува дека Македонија треба да користи меѓународно име различно од уставното, Скопје категорично го одби.
Преговорите што денеска продолжија во Охрид, за првпат надвор од Њујорк, отвораат „нова врата“ во односите со соседна Грција.
А и тогашното раководство, на големо и помагаше на Грција во тоа, дури и тогашниот председател (СДСМ книшка бр. 1) јавно изјавуваше дека Македонците немаат врска со античките Македонци, туку се чисти Словени, дојдени од зад Карпатите во 6 век и демек немаме право да се нарекуваме Македонци и Македонија; подоцна самиот тој во своите Мемоари спомнува дека Грција, преку министер од тогашна СДСМ влада нудела мито за да се потпише целосно бришење на македонското име.
Мислиш како што сега некои врвни политичари јавно изјавуваат дека Македонците всушност, се мешавина од сите народи кои заминале, поминале и ебнале нешто на овие простори:nesum:.
Но, една единствена добра работа од чедото на СДСМ- Привремната Спогодба за ФИРОМ е што по дефолт, на истата е обврзана и Грција, која пак воопшто не ја почитува, а нашите комуналци на тоа никогаш и не реагирале.
Кога пред некој ден имав полемика со еден член на форумов, токму на ова дпмнеовско лицемерие напоменував. Вчера спогодбата беше лоша, денес е добра. Вчера не беше релевантна бидејќи не била ратификувана во грчкиот парламент, денес е релевантна. Вчера се боревте за Република Македонија, денес за ФИРОМ.
Кој и вас ќе ве разбере што ви е арно а што не.
Уствари ни вие сами не знаете што сакате.
Вчера продававте демагогии дека не ни се потребни неморалните ороспии НАТО и ЕУ, а денес прифаќате и како ФИРОМ да им се придружиме.
Вчера викавте дека името е веќе продадено, а денес дека не е се готово.
Грција јавно и недвосмислено сега кажува дека не бара само смена на името на Р. Македонија, туку и промена на македонскиот идентитет и јазик и доколку се топтан не се промени, нема ЕУ и НАТО за нас. И покрај ова, СДСМ се залага за компромис за името, а тој компромис е можен само ако се прифата сите услови на Грција- бришење на името, идентитетот и јазикот, зошто Грција НЕМА намера да попушти во ниту еден свој услов. Да потсетам, сите условувања на Грција се надвор од меѓународното право.
Груевски дозволи Грција да ги подигне до даска своите максималистички позиции од 1993-та. Не мислам да се повторувам, бидејќи за ова имам премногу напишано на форумов.
Кога Владава тајно ја поднесе тужбата против Грција, која е обврзана пред ОН да не ја блокира Македонија во влезот во меѓународните иституции (НАТО и ЕУ) под референцата ФИРОМ, СДСМ остро се спротистави на тужбата. Со тоа индиректно и даде легитимитет на грција да изигрува Бог (ако дозволи Грција има влез во НАТО и ЕУ), да не угнетува и да ги крши меѓународните договори на кои Грција е оврзана, исто колку што и ние. Искрено, првенствено и јас ја обвинував Владава зошто идејата за тужба на Грција пред м.с.п. во Хаг не ја споделила со СДСМ и Претседателот, но по нивните коментари по однос на тужбата, ми стана јасно дека Владава си знаела со кого си има работа.
Таќе е. Но и сета одговорност за следното напредување или ненапредување на Македонија, е 100% во рацете на Груевски. Мене не ми смета Груевски со тужбата да се избори да влеземе во НАТО и напредуваме кон ЕУ, па макар и под ФИРОМ. И затоа од немајкаде му ја давам подршката во овој процес, бидејќи сум моментално убеден дека знае што работи.
И еве ги континуирано СДСМовците и нивните сателити, со жестоки критики зошто сме ја тужеле Грција, дека тоа не оддалечува од ЕУ и НАТО и од конечен договор за името, а тоа решение за името единствено значи прифаќање на сите услови на Грција, заедно со се бришење на идентитето и јазикот македонски.
Напротив. Јас мислам дека Премиерот ја покрена тужбата токму поради важноста да станеме што побрги дел од овие институции.
А во Македонија не постои политичар или политичка ориентација која се залага за промена на идентитетот, јазикот, националноста.
Врз првиот кој ќе се изјасни за ова опција, заедно ќе плукаме. За сега се останува во доменот на твојата фантазија, и желба за обезличување на противникот, која е многу провидна.
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
СДСМ во одбрана и на бранителите.

вмро засрами се :vozbud:

Ти бате изгледа не си доквакан. Какво вмро каков сдс какви бакрачи, да сакал нато РМ да биде членка тоа и ќе се случеше. Македонија додека не се подели нема да влезе нит во Еу ниту во нато.
Можеби е и така. Еве, Србија ја поделија, планираат уште да ја делат, па да видиме дали ке ја примат во НАТО и ЕУ.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Можеби е и така. Еве, Србија ја поделија, планираат уште да ја делат, па да видиме дали ке ја примат во НАТО и ЕУ.
Јаап Де Хопшефер во една прилика кога разбра дека Србија се откажува од влезот во НАТО под “секакви“ услови,се гризна за муцка и рече парафразирам:
-Тогаш ништо од бизнисот,влезот на Бугарија и Романија,па и сите Балкански држави не вреди колку влезот во НАТО на Србија.Знаеш ли зошто го изјави тоа?Мислиш од љубов кон Србите и Српскиот народ?

Не,тој го изјави тоа затоа што знае дека НАТО без Србија па и Македонија на некој начин,е само една обична помочана алијанса со голема “ДУПКА“ во центарот.Србија па и Македонија за НАТО е исто како Абхазија или Јужна Осетија за Русија.НАТО би се откажало од овие две земји само кога Русија ќе се откаже од териториите на овие “СВОИ“ две новопрогласени републики.Знаеш кога тоа ќе се случи?Кога Путин ќе се кандидира за председател на САД.:toe:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
A ti da se obratese na tema, mesto da sugeriras na admnistracija sto treba da pravi kako da sme nie nedovetni?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Извини Гарфилд нема да се поФторит...извини стварно....
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Битуше. Немаше во штабот некој по инвентивен од тебе за да состаи нешо подобро ебаго.

И каде е тука онаа доза на пристојност на која се повикуваше доколку тебе ти се обратеше некој на ист начин?
Незнаеш за друг начин на комуницирање?

Значи.
Верувам дека штом го пишуваш ова, сигурно си доволно возрасен за да знаеш барем одприлика што се случувало 1993/1995 година. Доколку знаеше, сигурно ќе напишеше дека Македонија 1993, како новоформирана држава, немаше друга алтернатива освен новата држава да добие свој легитимитет во ООН.

А ти ќе знаеше дека имавме шанса( добивме понуда од американците) да бидеме примени во ООН во пакет со Словенија без притоа Грција да има можност да блокира на 22 мај 1992.
Но мудриот воџа го одби тоа бидејќи се надеваше на сојуз со Србија, за чија цел впрочем и инсистираше да го состави СДС референдумското прашање кое според воџите на СДС беше за останување во рамките на федерација со поранешните ЈУ-републики, па ко за беља.. ние само со Србија се граничиме.


Доколку знаеше, сигурно ќе напишеше дека Македонија тогаш беше во многу понезавидна економска состојба од денес, за да барем проба да води меѓународна битка со грција. Ќе знаеше дека позади Македонија 1993, не застана ниту една моќна држава. Сигурно ќе знаеше дека Англија, Франција и Германија, застанаа на страната на грција. Сигурно ебено ќе знаеш дека Македонија , во време кога целата економија се движеше преку солунското пристаниште, имаше 18 месечно ембарго. Е од тоа ембарго битушанец Македонија претрпе штета од две милијарди долари.
Доколку не се праеше наудрен, ќе спомнеше дека доколку Америка 1995 не застанеше на наша страна, и ја протуркаше спогодбата со која Македонија стана полноправна членка на ОН, денес и не можам да препоставам како би се одвивале работите.

Доколку сакаше, ќе признаеше дека нашата економија и индустрија целосно беше распродадена и уништена под водството на СДС и тоа не чинеше десетици милијарди евра штета.
Која сеуште се плаќа.
Колку за да биде иронијата твоја посмешна, СДС прифати “помош“ од Сорос во износ од 25 милиони долари, така чинам беше сумата. Значи од откажувањето за името, поради големата “беда“ во Македонија СДС успеа да исценка ДУУРРИ 25 милиони долари неповратен кредит.

Трагикомедија.



Мислиш како што сега некои врвни политичари јавно изјавуваат дека Македонците всушност, се мешавина од сите народи кои заминале, поминале и ебнале нешто на овие простори:nesum:.

Целиот свет е мешавина од народи, прочитај малце историја, научи за разните видови на миграции, војни, колежи, ропства и после повикувај се грешка во погорното тврдење.
За да не ми се фатиш на збор, за да си најдеш изговор, ГЕНИТЕ се оние кои остануваат навек како сведок. Провери си колку проценти имаш македонски гени,а колку се останато.
Треба да си апсолутно НЕУК за да го тврдиш спротивното, а можеби и Грк. Бидејќи според нив, оние преселени над 1.000.000 Православни Турци- Караманлиди во 1923 на територијата на денешна Егејска Македонија, денеска се декларираат за МАКЕДОНЦИ и тоа не било кои.. туку наследници на вистинските антички Македонци.

Според тебе, значи во право се!?


Кога пред некој ден имав полемика со еден член на форумов, токму на ова дпмнеовско лицемерие напоменував. Вчера спогодбата беше лоша, денес е добра. Вчера не беше релевантна бидејќи не била ратификувана во грчкиот парламент, денес е релевантна. Вчера се боревте за Република Македонија, денес за ФИРОМ.
Кој и вас ќе ве разбере што ви е арно а што не.
Уствари ни вие сами не знаете што сакате.
Вчера продававте демагогии дека не ни се потребни неморалните ороспии НАТО и ЕУ, а денес прифаќате и како ФИРОМ да им се придружиме.

Поштеди ме од празни демагогии.
Никој не се согласил од нас, било кој на форумов освен тебе и Самоутепаниот, со референцата ФИРОМ.
Она за што се залагаме е влез во НАТО под ПРИВРЕМЕНОТО име, за да се заобиколат грчките блокади, а не под КОНЕЧНО ПРОМЕНЕТО ИМЕ.
А потоа во услови на изедначување на позициите со ГР како членка на НАТО, многу полесно ќе ги докрајчиме Грците и ќе си излеземе победници.

И никогаш нема да биде било што загубено, се додека НИЕ смаите не ставиме потпис на нешто такво.



А во Македонија не постои политичар или политичка ориентација која се залага за промена на идентитетот, јазикот, националноста.
Врз првиот кој ќе се изјасни за ова опција, заедно ќе плукаме. За сега се останува во доменот на твојата фантазија, и желба за обезличување на противникот, која е многу провидна.
:tv:

Ова последново ме изнасмеа.

А кој е тој што ЈАВНО ќе се изјасни за такво нешто? Не се прај мутав со сила, целта е да ни се протурка во пакет нешто такво, за кој отпосле би дознале, а засега наводно само името ќе сме го менувале.

Има ли нешто попровидно од желбата на СДС за смена на името по било која цена?Хах па ако уште те додадеме тебе и Самоутепаниот со вашата 24/7 кампања овде, незнам што би можело да биде повеќе провидно.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
-НАЦИЈА БЕЗ ИСТОИМЕНА ДРЖАВА Е ИСТО КАКО ЛАВ БЕЗ КОЖИНКА!
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
СДСМ во одбрана и на бранителите.

вмро засрами се :vozbud:

Ти бате изгледа не си доквакан. Какво вмро каков сдс какви бакрачи, да сакал нато РМ да биде членка тоа и ќе се случеше. Македонија додека не се подели нема да влезе нит во Еу ниту во нато.
Вие продолжете со паролата Србија до Токија па можи Македонија да биди дел на таја ваша империја место дел од нато. Ама како што оди работата Србија ќе биди дел од Македонија...
 
H

HITCH

Гостин
СДСМ во одбрана и на бранителите.

вмро засрами се :vozbud:

Ти бате изгледа не си доквакан. Какво вмро каков сдс какви бакрачи, да сакал нато РМ да биде членка тоа и ќе се случеше. Македонија додека не се подели нема да влезе нит во Еу ниту во нато.
Тебе за изјавата да ти е*ам копилето!!!!
А за СДСГ некои сојузи не заслужуваат да бидат спомнати!!! :toe:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Ајде сега реално, зарем очекувавте нешто подруго од СДС???

Вакви реакции имаме во континуитет! Па тие одамна се купени, јасно се гледа на чија страна се. Неверојатното беше колку долго успеваа да лажат и се преправаа дека не се на страната на Грција во уништувањето на Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom