СВЕТИ МОШТИ

  • Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување
O

Omer el Faruk

Гостин
Луѓе, го гледате насловот? :) Значи да се држиме до него. Што е поентата, која е Библиската поддржаност,со еден збор кажано: Се за светите мошти.

Благодарам!
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Нешто разбрав, нешто не.Слабо стојам со англискиот ( селско дете). Би сакал доколку имаш познавање,откаде ви е обредот, ритуалот, адетот,традицијата,или прописот ( незнам како да го наречам) на МИРИСАЊЕ КОСКИ? -Зошто го правите тоа?

Благодарам! :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Паганите верувале дека душите на умрените се маткаат околу гробовите. Тие ги обожувале своите јунаци, им посветувале храмови и верувале дека гробовите на некои од нив имаат исцелителна моќ. Ги внесувале своите болни во храмовите пред ликовите на јунаците, особено пред ликот на Ескулап, кој се сметал за татко на лекарите, и ако се случело некој да оздрави, тогаш го истакнувале во храмот ликот на излекуваниот.

Така во тоа време кога некој паганин ќе станел Христијанин, не ги напуштал поранешните обичаи, туку она што го правел во чест на јунаците, сега го правел во чест на мачениците.
Евсевиј Цезариски за своето време вели: "При почитување на мачениците и нивните коски, Христијаните и паганите се исти. Се надевам таа истомисленост ќе биде повод за поголемо пријателство меѓу нив.

Се до почетокот на петтиот век (404 година) светкувањето на моштите било само еден пагански обичај, иако уште во четвртиот век христијаните во Египет ги балсамирале телата на пријателите и ги чувале во своите домови. На други места луѓето почнале да ги ископуваат коските на мачениците, да ги носат во црквите и да ги закопуваат, најчесто, пред олтарите. Во тоа време толку многу царувало лесноверието и суеверието, така што не само што луѓето верувале дека моштите биле средство против болестите и бесовите, туку дека и правот од Палестина ја имаал истата сила. Затоа овие нешта се продавале по високи цени. Исто така почнало да се шири верувањето дека душата на било кој светец е присутна кај гробот, а и на секое друго место каде што има дури и најмал дел од неговото мртво тело. Затоа коските (моштите) се раздавале во поситни делови по разни градови и села.

Во петтиот и шестиот век веќе се развила голема трговија со мошти. Среброљубивите и алчните луѓе ги обеспокојувале телесните остатоци на христијаните, а честопати и на разбојници, нехристијани. Понекогаш во торбите на некои калуѓери се наоѓале дури и коски на животни, кои оделе по селата да го прелажат народот. Некои ги премачкувале коските со крв, ги закопувале на некое осамено место, а потоа ширеле гласини дека Бог им го покажал гробот. :)

Така собирале голема толпа која одејќи на местото останувала запрепастена кога навистина ќе ги откопале. Се говори дека еднаш петмина поклоници, враќајќи се од поклонување, отишле да преноќуваат заедно во еден ан и по краток разговор откриле дека секој од нив „има“ по една нога од магарето на кое јавал Исус во Ерусалим! :)
Три различни манастири разгласиле дека ја имаат вистинската глава на Јован Крстител! Таквите измамници не само што ја умножувале „стоката“ со разни манипулации, туку и ја покачувале цената со раскажувања за наводни чуда, кои станувале преку прогласените чудотворни мошти.

За времето на Крстоносните војни, таквото суеверие го достигнало врвот. Така некои цркви веруваат дека ги имаат главите на некои апостоли, капките од Христовата крв, водата од Неговото ребро, косата од Дева Марија и други нешта, кои ги донеле крстоносците од Палестина.

Излишно е да се докажува колку таквите нешта му се спротивни на учењето на Светото Писмо. Според Стариот Завет, допирањето до човечка коска или гроб го опоганува човекот седум дена (4 Мојсеева 19:16). Најголемото опоганување на олтарите, според Библијата, е ставањето на човечки коски врз нив, после што олтарот веќе не смее да се користи. Така Бог прорекол за олтарите на кои Израел им служел на идолите: "ќе ги поставам и труповите на синовите на Израел пред нивните идоли, и ќе ги расфрлам коските ваши околу вашите жртвеници” (Езекиел 6:5)
Во Библијата го имаме и примерот на Царот Јосиј кој изгорел човечки коски на олтарот во Ветил и со тоа го опоганил (1 Царства 13:2; 2 Царства 23:14-16). Но Евреите верувале дека не само што допирот на човечки коски го опоганува човекот, туку и било какво разместувањето на коските е обесчестување на умрениот. Така Јосиј, 350 години по смртта на пророкот за него рекол: "Оставете го намира, никој да не ги обеспокојува коските негови” (2 Царства 23:18).
Библијата таквата работа ја смета за опоганување на олтарите, а сега некои го сметаат за осветување! Според Библијата вистинската почит кон светците е кога на мир им се оставаат коските во гробовите, а сега некои сметаат дека ги почитуваат ако ги вадат од гробовите и ги расфлаат по градови и села, ги милуваат и ги целиваат!
Исто така, во Библијата го имаме и примерот на Мојсеј, кого Бог скришум го погребал преку ангелите, за да Евреите не му се поклонуваат на гробот. Некои сметаат и дека препирањето на архангел Михаeл со ѓаволот за Мојсеевото тело (спомнато во Библијата) било токму за тоа. Ѓаволот сакал луѓето да знаат каде е Мојсеевиот гроб за да му се поклонуваат, ама Михаeл, Божјиот ангел, не го оставил.

Единствениот изговор за моштите е примерот со мртовецот (2 Царства 13:20,21) што бил фрлен во гробот на пророкот Елисеј и оживел, кога се допрел до неговите коски, докажува дека имаме право да ги почитуваме моштите и да одиме кај нив за излекување. Тоа било чудо, што Бог еднаш го направил за да го потврди учењето на својот пророк и за да ги увери тогашните неверни луѓе. Чудо извршено преку Божја сила не докажува дека сме должни или дека имаме право да ги почитуваме средствата, преку кои Бог ги извршува. Мосеј во Египет направил многу чуда со стапот, а тоа не е доказ дека ние треба да го почитуваме и да го бакнуваме тој стап или сите стапови допрени од Божји луѓе.
Исто така и бронзената змија, што Мојсеј по заповед Божја ја издигнал, излекувала мнозина луѓе. Сепак, тоа не докажува дека потоа имале право да ја почитуваат и да ја целиват или да и кадат. Всушност Бог наредува истата да биде уништена, кога луѓето почнале да ја светкуваат (2 Царства 18:4). Па така и оживувањето на мртвиот со Божја сила преку Елисеевите коски, не докажува дека треба да се почитуваат и да се целиваат неговите коски тогаш или други мошти денес. Нема доказ дека такво чудо се случило и по вторпат во Светото Писмо. Библијата не говори дека телото на Елисеј се посветило. Евреите не оддавале никаква почит спрема коските на пророкот, иако знаеле за станатото чудо. Тие чудото Му го припишувале на Божјата сила, а не на мртвите коски.

Денеска на моштите на многу светци им се препишуваат, без никакви докази, многу чудотворни и исцелителни сили. Особено симптоматично е што сите цркви и манастири кои се чувари на некакви „чудотворни мошти“ избегнуваат секакво научно истражување за веродостојноста на коските (дали навистина се од тој светец?) или на чудата (дали навистина исцелуваат?). Причините за оваа затвореност, се чини не се поразлични од оние на средновековните трговци со мошти - имено богатиот приход што и го носат на црквата. Исто така и наводното нераспаѓањето на телата исто така не е чудо ниту пак докажува дека умрениот бил добар или лош. Во Јужна Америка, во некои стари пагански гробници, многу тела стојат нераспаднати. Причина е составот на земјата во која се погребани. Само Бог може да не исцели: "Господ ги исцелува сите твои болести” (Псалм 102:3)

Некои се уверени дека преку мошти, икони и одење по манастири, се случуваат чудотворни исцеленија. Ама овие исцеленија не се чудотворни туку природни. Оние што одат кај мошти на светци за исцелување немаат никаква полза, како и оние кои живеат близу до моштите што не се поздрави, или подобри или подолговечни од другите. Единствено верата во Господ Исус Христос, живиот Спасител, може да излекува од секаква болест. Но тоа е од Бога преку силата на Светиот Дух, а не преку мртви нешта.

O

Omer el Faruk

Гостин
Значи мирисањето на коските, лековитото миро, со еден збор кажано Светите Мошти се ПАГАНСКИ ОБИЧАЈ?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.784
Поени од реакции
4.023
Значи мирисањето на коските, лековитото миро, со еден збор кажано Светите Мошти се ПАГАНСКИ ОБИЧАЈ?
Како и многу други работи од христијанството и исламот што се пагански.
Исто така и колењето на животно и принесување жртва кога се гради куѓа е пагански обичај, прославувањето на божиќ и велигден и многу други наши празници се „бивши“ пагански а сегашни наши обичаи.
Ништо ново.
 
Znaci i cuvanjeto na koski vo stakleni kutii po Manastirite i Crkvite se paganski obicai. Ce se slozis li so mene deka krajno vreme e Svestenicite ( mislam na pravoslavnite) da pocnat ispravno da ja tolkuvaat Biblijata i praktikuvaat verata? :)
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233

Светите мошти се предмети кои се сметаат за свети нешта а не за обични коски од животни. Затоа неможе да се стават во ист ранг со правењето курбан и слично.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Светите мошти се предмети кои се сметаат за свети нешта а не за обични коски од животни. Затоа неможе да се стават во ист ранг со правењето курбан и слично.
Епа ајде тогаш, пишувај нешто на оваа релација.Пишувај за нивната светост,наведи примери, поткрепи ги по можност со цитат/и од Библијата.
 
Библијата не е единствениот избор за применување и учење на Христијанството. Тоа е само патоказ и историја на човештвото од настанокот па преку раѓането на Месијата се до претскажувањето за крајот на светот. Работите пишани во Библијата не мора да се единствените елементи по кои треба да се раководи религијата. Едноставно низ историјата прошле многу други свети луѓе кои ја проповедале религијата. И преку нив вулгарно да се изразам ја апдејтирале религијата со нови елементи со кои би се помогнало правилно христијанско живеење зашто нели светот се движи и се случуваат нови работи кои едноставно не би можеле да бидат напишани во Библијата за да се дозволат или забранат како нешто недозволено од Бога.
 
Член од
27 јули 2009
Мислења
11
Поени од реакции
0

Уууу!!! Хорор!:vozbud:

Немојте бе така. Напишете претходно дека линкот содржи стравотни слики, па после....:nesvest:

Паганите верувале ...
Значи како што претходно на друго место веќе спомнав...

Значи мирисањето на коските, лековитото миро, со еден збор кажано Светите Мошти се ПАГАНСКИ ОБИЧАЈ?
Се на се изгледа....

Како и многу други работи од христијанството и исламот што се пагански.
Исто така и колењето на животно и принесување жртва кога се гради куѓа е пагански обичај, прославувањето на божиќ и велигден и многу други наши празници се „бивши“ пагански а сегашни наши обичаи.
Ништо ново.
За божиќ и велигден знам, но за курбан за куќа, тоа нема ни во христијанство ни во ислам. Во христијанството не се практикува воопшто курбанот, ради Исус, а кај муслиманите тоа се практикува само кога е бајрам... од кај сеа за куќа?!!!

Светите мошти се предмети кои се сметаат за свети нешта а не за обични коски од животни. Затоа неможе да се стават во ист ранг со правењето курбан и слично.
Па никој не ги чува курбанските коски во кутии и не ги мириса...:nesvest:

Епа ајде тогаш, пишувај нешто на оваа релација.Пишувај за нивната светост,наведи примери, поткрепи ги по можност со цитат/и од Библијата.
Зошто секогаш бараш докази од Библијата? Знаш ли дека православието се основа и врз преданијата на светите оци, а не само врз Библијата?

Библијата не е единствениот избор за применување и учење на Христијанството. Тоа е само патоказ и историја на човештвото од настанокот па преку раѓането на Месијата се до претскажувањето за крајот на светот. Работите пишани во Библијата не мора да се единствените елементи по кои треба да се раководи религијата. Едноставно низ историјата прошле многу други свети луѓе кои ја проповедале религијата. И преку нив вулгарно да се изразам ја апдејтирале религијата со нови елементи со кои би се помогнало правилно христијанско живеење зашто нели светот се движи и се случуваат нови работи кои едноставно не би можеле да бидат напишани во Библијата за да се дозволат или забранат како нешто недозволено од Бога.
Сакаш да кажеш дека Библијата не ги опфатила сите пророци, или дека не е конечен Збор Божји, со што и престои апдејт?:raz:
 
C

cige

Гостин
Пред една година бев на Цетиње и таму видов рака стара повеќе од 150 години.
Беше црвена и исушена, но не беше распадната.
Беше на некој си познат владика:toe:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.784
Поени од реакции
4.023
За божиќ и велигден знам, но за курбан за куќа, тоа нема ни во христијанство ни во ислам. Во христијанството не се практикува воопшто курбанот, ради Исус, а кај муслиманите тоа се практикува само кога е бајрам... од кај сеа за куќа?!!!
Koa се гради куќа се убива јагне и со крвта се прска по темелите а главата се закопува под куѓата.
Според паганите тоа е за здравје.
И да, се практикува во христијанството.
За исламот не сум компетентна да кажам.

Znaci i cuvanjeto na koski vo stakleni kutii po Manastirite i Crkvite se paganski obicai. Ce se slozis li so mene deka krajno vreme e Svestenicite ( mislam na pravoslavnite) da pocnat ispravno da ja tolkuvaat Biblijata i praktikuvaat verata? :)
Не знам што подразбираш под исправно.

Колку што знам ти си муслиман.
Ти лично куранот го следиш апсолутно и исправно?
Дали секој оџа го практикува она што е напишано во вашата света книга?
Лично, и да ми кажеш да, нема да верувам.
Секаде има девијантни однесувања, отстапувања, приспособувања, наоѓање компромис for the greater good, you name it.
Ова важи и за секоја религија.
 
C

cige

Гостин
Koa се гради куќа се убива јагне и со крвта се прска по темелите а главата се закопува под куѓата.
Според паганите тоа е за здравје.
И да, се практикува во христијанството.
За исламот не сум компетентна да кажам.

Не знам што подразбираш под исправно.

Колку што знам ти си муслиман.
Ти лично куранот го следиш апсолутно и исправно?
Дали секој оџа го практикува она што е напишано во вашата света книга?
Лично, и да ми кажеш да, нема да верувам.
Секаде има девијантни однесувања, отстапувања, приспособувања, наоѓање компромис for the greater good, you name it.
Ова важи и за секоја религија.
Незам зошто се трудиш да го убедиш комплексиов Арап:toe:
 
Член од
27 јули 2009
Мислења
11
Поени од реакции
0
Пред една година бев на Цетиње и таму видов рака стара повеќе од 150 години.
Беше црвена и исушена, но не беше распадната.
Беше на некој си познат владика:toe:
Се работи за мумии?

Секаде има девијантни однесувања, отстапувања, приспособувања, наоѓање компромис for the greater good, you name it.
Ова важи и за секоја религија.
Што вика Благоја Маркоски: „Сложни попови и во петок мрсат!“ Штета што муслиманите не постат во петок:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom