Сведмилк-којзнае кое продолжение!:pos2:
Странски инвеститори заинтересирани за “Сведмилк”
Десетина странски млекопреработувачки компании се распрашувале за купување на шведската млекарница „Сведмилк“, која неколку месеци е во стечај. За ова вчера информираше стечајниот управник на млекарницата Благој Макревски, на средбата со Здружението на оштетени млекопроизводители во Битола.
“Бараме инвеститор за млекарницата да продолжи со работа. Во изминатиот период остваривме средби со менаџери од Грција, Италија, Германија, Русија и други заинтересирани кои сакаат да „влезат“ во “Сведмилк“. Но, било кој од нив ќе мора да приложи бизнис план и начин на исплата на обврските кон фармерите” рече стечајниот управник на „Сведмилк“ Богољуб Макревски.
Следното судско рочиште за „Сведмилк“ е закажано за 10 ноември, до кога се очекува оштетените 1.900 фармери да определат еден адвокат за застапување на нивните барања.
“Нашиот став е млекарницата да не биде затворена, туку да се рестартира и да се најде купувач кој ќе продолжи со работа. Но, не сме се откажале и од намерата државата да не обесштети, а потоа таа да биде доверител во млекарницата”, посочи Горан Митров, фармер од Струмица.
Вкупно 1.900 фармери од млекарницата бараат 4 милиони евра за неисплатеното млеко што е 12% од вкупниот долг на „Сведмилк“. Млекарницата на доверителите им должи 35 милиони евра.
Фармерите вчера беа информирани дека освен што во фабриката биле затекнати големи количини на расипани млечни производи, дури и количини од откупеното млеко од фармите како вишок завршувало по каналите. Во рамки на стечајната постапка поднесени се и тужби против дистрибутери кои од млекарницата зеле млеко во износ од 3 милиони евра и не го платиле.
http://www.time.mk/read/5298ec8100/a9b6040233/index.html