Руски автори за посебноста на Mакедонскиот народ

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
http://guides.rusarchives.ru/browse/gbfond.html?bid=147&fund_id=289418
III. ЦЕНТРАЛЬНЫЕ ПРИКАЗЫ XVI - Н. XVIII ВВ.

Книги: переписнаја дворов разных деревень Ентальској волости Великоустјужского у. 1630 - 1640-х; приходо-расходные - денег кружечного двора г. Романова (отр.) 2-ј четв.

XVII в., денежној казны Посольского приказа 1673 - 1718(в т. ч. о раздаче милостыни македонскому и греческому 1689, болгарскому и далматскому 1718 духовенству и о выдаче жалованьја "комедиантам" ја. Куншту и И. Сплавскому, мастеровым, занјатым на строительстве зданија театра на Красној плоштади 1702 - 1703, донским казакам за поимку участников восстанија под предводительством К. А. Булавина 1708, бар. Г. Гјујссену 1713), денежној казны Малороссијского приказа и Полотнјаного завода при нем 1710, Посольској походној канцелјарии 1711 - 1712; расходные соболиној казны Посольского приказа 2-ј пол. XVII в. - 1702.

ПОСОЛЬСКИј ПРИКАЗ-1606 - 1719
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Елена Верижникова е еден од најпознатите македонисти во Русија и во светот.

Македонија подолго време има проблеми со своите соседи во врска со својот идентитет. Каков е вашиот став во врска со ова прашање?

Каков може да биде ставот на еден македонист спрема сите неправди и навреди кои му се нанесуваат на овоj народ коj никому не мисли зло, коj е питом и широк, и коj толкав придонес и' даде на словенската, па и на светската културна ризница. Тоа ме засега и ме боли исто толку колку и вас. За мене македонскиот идентитет е неспорен.

http://ruskarec.mk/arts/2013/09/17/makedonskiot_identitet_e_neosporen_26429.html
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Ритих за српско-бугарските пропаганди во Скопје

По краток историски осврт на Српско- Бугарските завладувања на Македонија и од тука влечењето права на нивните пропаганди врз Македонија, Ритих ќе продолжи:

“Со тоа сакам да кажам дека историско-правниот од на доказите, со кои се служат бугарско - српските патриоти, за нас може да има само релативно значење. Меѓутоа како Бугарите така и Србите во скопската епархија наизменично настојуваат да ги поразат патниците со бугарските и српските историски споменици и на тоа дело гледаат како на божествено право на своите современи претензи“.

Особено Ритих е интересен кога говори за различните статистики при настојувањата која страна повеќе Македонците би ги приграбила и прикажала како свој елемент. Така Ритих почнува со Турците и нивното броење:

“...Турската стастика говори дека Скопје има 4 474 куќи или домови, од кои 2 336 турски.

Другото турско делење за нас е неинтересно зашто Турците не ги делат Македонците по националност, туку само по вероисповед, кое според гледиштето на муслиманите е далеку поважно и посуштинско. Во тој однос Турците се покажаа вонредно далекувиди, така што во самиот корен кај Словените посеале таков метеж и таков политички разврат што совршено го обезличил Македонецот, правејќи од него тапо орудие на човечките страсти и парите, а од друга страна родил смртно непријателство меѓу Бугарите и Србите, доведувајќи ги до состојба на безумство, езуитство и полно неизбирање средства и дејства.

Поради тоа нема никаква основа да му се верува на етнографското делење на Бугаринот К`нчев или Србинот Спиридон Гопчевиќ ние Русите сме должни да собереме со помошта на свои самостојни податоци, но за патникот што го донесува овде судбината за неколку дена за таа работа нема сили туку суштинска работа е на конзулите, како постојани агенти и во дадениов случај само енергијата на г. Машков во Косовскиот вилает и на Ростковски во Битолскиот може барем донекаде да го разврзе тој Гордиев јазол и да ни дадат приближно сознанија ако не за етнографскиот состав, барем за бројот на Македонците што ја примиле бугарската или српската страна“.

По ова Ритих ги дава споредбено податоците од К`нчев и од Гопчевиќ за 1889 год., според кои кај Бугаринот, Македонците се всушност Бугари, а Срби нема ниту еден, а кај Србинот, Македонците се всушност Срби, а нема ниту еден Бугарин. Уште повеќе во овој правец, Ритих ќе продолжи:

“За време на мојот престој во Ускуб, јас настојував по можност од незаинтересирани извори да соберам точни податоци за етнографскиот состав на градот, притоа се покажа дека бројот на Турците и сите други елементи, освен Бугарите и Србите приведени кај К`нчев, се доволно верни, но поделбата на скопските Словени на Срби и Бугари совршено не издржува критика, тоа е еден ист народ, зафатен или со бугарската или со српската пропаганда (Јас говорам, се разбира, за месните домородци, а не за дојдениот елемент, повикан од Бугарија и Србија како учители).

Бидејќи бугарската пропаганда се води од Бугарите одамна, т.е во текот на повеќе од 30 години, а Србите почнале тука да работат одвај од 1886 г., природно е дека во градот повеќето Словени се опфатени од бугарската пропаганда, но и Србите не дремат и катагодина опфаќаат не мала група адепти од Бугарите, од што произлегува дека во последниве години бројот на Бугарите во Скопје и неговата епархија не се зголемил, туку се смалил.“

Ритих подоцна во 4 глава, ќе ни пренесе и еден интересен момент на средба со селани од Скопска Црна Гора, кога тој оди кон с. Побожје. Во сето тоа ќе се виде маката и расчеречувањето на македонскиот народ со истурените српско - бугарски пропаганди. И токму така тој и ги доживува, како нешто туѓо, кое е само за да задава проблеми и маки, затоа и одговорите се такви какви што се. За овие селани, Ритих пишува:

“Сретнатите селани ги довикувавме, затоа што кога ќе ја забележаа кочијата тие кршнуваа некаде настрана, со јавна желба да се скријат од нас. Требаше да ги гледаме, да се смееме со нив, за да ги успокоиме тие плашливи зајаци, па дури потоа ни одговараа на поставените прашања. Лицата им беа бледи, очите разбегнати настрана, а по рацете беше видно дека тие се тресат небаре имаат треска. На прашањето од Куртовиќ “дали се Срби“, селаните викајќи одговараа: “Срби“, “а можеби Бугари “ – продолжуваше тој, а тие одговараа: “Бугари“.
“Кого повеќе го сакате Швабите или Русите“, ги прашувавме селаните? - “Сеедно“, одговараа тие, пелтечејќи како деца кои не знаат што да одговорат кога ги прашуваат дали го сакаат повеќе татко или мама.

Сите одговори беа придружени со безбројни поклони и изразот на лицата беше толку страдален што можеше да се помисли дека ние со нашите прашања им задаваме жестока болка и ги мачиме. Обидувајќи се да разговараме натаму со нив, ние не можевме ништо да постигнеме – тие ги повторуваа нашите прашања, и како диви ѕверки, се тргаа настрана“.

Ритих за бугарскиот агент Јуруков

По доаѓањето во Скопје, Ритих продолжува со впечатоците од средбата со бугарскиот агент Јуруков. За ова тој вели:

“Од домот на српскиот генерален конзул се упативме кај бугарскиот трговски претставник (агент) г. Јуруков. Данаил Јуруков дошол малку пред нас во Скопје и штотуку навлегуваше во текот на работите во скопската епархија. Тој не е веќе млад човек, преживеал доволно многу од превртливоста на судбината за време на стамболовскиот режим и поради тоа, не само што не е приврзеник на неговата политика, туку отворено не ја подржува од се срце и сите несреќи на Бугарија му ги припишува на разурнувачкото влијание на тој ужасен човек.

Дејноста на Јуруков во Филипол, во својство на градоначалник го издигнала како вешт администратор и добар политичар, кој знаел да балансира меѓу различните партии. Ако кон ова додадеме дека тој е човек во голем степен спокоен, легален искрено приврзан кон Русија, несомнено за нас е мошне пријатно да се има таков деец – Словен што знае да го стивне правот што се крева од бугарските агитатори, инспирарани од македонските комитети. А прашањето за смирување на бугарските агитатори ни од далеку не е малку важно, зашто ставот заземен од бугарските политичари во скопската епархија во 1901 год. беше такво што принуди пролетоска да се издаде познатата декларација на Зиновјев, предавајќи ги агитаторите во рацете на турското правосудство. Беа потребни вонредно тешки причини, а имено масовен терор и убиства на српски свештеници и учители, за да се реши на таква мерка. Беше општо познато дека ситуацијата на работите може да продолжи така и поради тоа, бугарскиот комерцијален агент Ризов, човек неоспорно умен, но бидејќи гледал низ прсти на таквиот систем на дејство бил одповикан.

Во таа смисла Јуруков нема да биде продолжувач на политиката на својот предходник веќе и поради тоа што тој е длабоко убеден во надмоќноста на бугарската култура и интезивноста на пропагандата на бугарските дејци. Овие обѕири, без сомнение, се лажни. Бугарите нема за што да се борат со убиства и терор со необичната енергија и културтрегерските способности, тие ќе добијат далеку повеќе.“

Продолжува...
Друг руски автор потпишан со иницијалите “Н.Д.“ -- најверојатно лингвистот Николај Дурново -- исто така ја разобличува бугарската пропаганда и го акцентира самобитниот развој на Македонскиот народ. Тој пишува дека Бугарите се служеле со Русите за да ги остварат своите еготистични цели и да ја заземат цела Македонија па дури и Цариград.

" Бугарите немаат право на неа [Македонија] и се опираат само на правото на посилниот. Тие се надеваат дека и тука ќе можат да ја излажат Русија, за да им помогне да ја зграбат Македонија. Но, во русија веќе неколку години наваму се убидиле дека етнографските податоци што ги даваат Егзархијата и бугарските шовинисти за Македонија, се груб фалсификат, со што веќе четириест години го тераат во заблуда руското и европското општествено мнение. "

(Н.Д. Болгарскаја пропаганда в Македонии и македонскиј вопрос, Москва, 1899 (Б'лгарски Преглед, Софија, V/VI, 1899, 123-124))

Николај Николаевич Дурново
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Со оглед на тоа дека првпат налетувам на ваков текст, посебно внимание ми привлече фактот дека она што е напишано во него пред 100 години е истото она што и денеска се случува со Македонија и проблемите со нејзините соседи. Нема повеќе да коментирам бидејќи не сум многу запознаен со овој човек и незнам колку е точно ова што е напишано од/за него па ќе оставам некои поквалификувани од мене да прокоментираат колку е ова веродостојно.​
ШТО НАПИШАЛ РУСКИОТ СЛАВИСТ ВО 1928?
Державин: Рацете подалеку од Македонија!
Неопходно е енергично да му се стави крај на ова варварство, да му се помогне на македонскиот работен народ да се ослободи од своите насилници, тие да се удрат по рацете, но да се удрат така што засекогаш да го заборават дури и патот што води кон Македонија, која треба да се воспостави во нејзините законски и природни граници и права и да се внесе како рамноправен член во трудовото семејство на ослободените народи на Европа!
Николај Севастјанович Державин (1877-1953), истакнат руски славист, историчар и литературолог, професор по славистика, кај нас е познат како еден од научниците што во бугарско-српскиот спор во врска со македонското прашање стоел на бугарски позиции, сметајќи дека Македонија најнепосредно историски, племенски и јазично е поврзана со Бугарија. Но, така размислувал пред Балканските војни. Откако навлегол малку подлабоко во истражувањата за Балканскиот Полуостров, во 1928 година напишал – рацете подалеку од Македонија!
Добрите соседи
Н.С. Державин
„Што, всушност, претставува Македонија? Според едногласните искажувања на сите патеписци и на компетентните познавачи на Македонија, таа е богато надарена земја, со прекрасна природа, со благодатна и здрава клима, со извонредно плодна почва, со мошне поволна положба на еден од поважните патишта на светската трговија, се простира на 60.000 квадратни километри, на кои живеат 2,25 милиони разноплеменско население... Таа е сместена во централниот дел на Балканскиот Полуостров.​
Но додека Македонија веќе 25 години ги чека фамозните реформи, додека нејзиното христијанско население гине под гнетот на муслиманското ропство и на турските безредија, соседните народи на Македонија ги усовршуваат своите усилби да го завладеат ова вкусно парче, и усилбите на овие добри соседи со уште потешки последици се истураат на незаштитеното македонско население“, пишува Державин пред Балканските војни, прецизно детектирајќи ги добрите соседи и нивните апетити – Грција, Србија и Бугарија.
„Грците во своите раце ги имале и црквата, и училиштето, и целокупниот културен живот, наставата во училиштата се одвивала на грчки јазик, богослужбата се вршела на грчки јазик, иако Грци живееле само во јужниот дел на Македонија и сочинувале само незначителен процент од целокупното население. Откако ја подготвиле почвата, тие веќе мечтаеле за присоединување на Македонија и само чекале кога ќе чукне часот на паѓањето на Турција, цртајќи си прекрасна слика за обновување на Византиската Империја, а во меѓувреме трошејќи огромни средства за грчката пропаганда и играјќи пред Турција улога на верни пријатели“.
Ова е дефиницијата на Державин за грчката политика.
„Но со признавањето во 1870 година автономија на бугарската црква, во Македонија почнува брзо да расте бугарската пропаганда, која во црквата и во училиштето тука нашла за себе прекрасно орудие, а во самиот народ, продуховен со чувство на крвно сродство, прекрасна почва за свое ширење и успеси. Обилните бугарски пари му дошле напомош на ова „свето дело". Грчката Македонија се претворила во „бугарска" Македонија, но Грците активно го продолжувале своето дело, без да се срамат од какви било средства, сè до поткажувања и поткупувања на турските власти“.
Ова е сликата за активностите на бугарската пропаганда на македонска почва.
Во тоа време, грчките податоци велеле дека бројот на Грци во Македонија изнесува 1.162.000 лица, а Бугари има само 513.000. За Бугарија податоците биле обратни - Бугари има 1.235.000, Грци само 229.000. Српските статистики набројуваат само 201.000 Грци, Бугари само 57. 600 души, но затоа Срби - 1.686.000. Според бугарските податоци, бројот на Србите во Македонија не е поголем од 500 души.
И третиот сосед на Македонија, Србија, фрлала големи парични средства. И Србите почнале да градат свои училишта, да привлекуваат во нив деца, да сеат непријателство спрема Бугарите, да создаваат своевидна статистика, прикривајќи ги со неа своите очигледни цели и стремежи.
„А врз сите овие меѓународни аспирации, како Дамоклов меч, виси угнетувањето на незаштитената Македонија од Турската Империја“, напиша Державин пред Балканските војни.
Македонскиот јазол
Прва светска војна на Балканот
А еве ги ставовите на Н.С.Державин за суштината на македонското прашање искажани многу години подоцна, во 1928 година, во статијата „Македонскиот јазол“.
Сè додека, почнувајќи приближно од почетокот на минатиот век, Балканскиот Полуостров сè повеќе и повеќе навлегуваше во кругот на интересите на меѓународниот капитал и меѓу месните националности сè повеќе и повеќе растеше и се зацврстуваше градската трговска буржоазија, среде овие националности сè повеќе растеше и се зацврстуваше националноослободителното движење. Основните пароли на ова движење беа наметнати од „ослободителната” филозофија на 18 в. и тие главно се состоеја од три основни тези: национално обединување, културна преродба и политичко ослободување. Овие тези, како што е познато, се наоѓаат и во основата на сета литературно-општествена и политичка дејност на тројцата најголеми водачи и инспиратори на националната преродба, какви што се: кај Бугарите и кај Македонците – Паисиј Самоковски (род. ок. 1720 год.), кај Грците – Кораис (1748-1833) и кај Србите – Доситеј Обрадовиќ (1739-1811). Истите овие тези потоа влегоа во основата на сета национална политика на балканската либерална буржоазија и на нејзината долгогодишна и упорна борба со турскиот апсолутизам во име на интересите на својата национална преродба и политичка слобода. Но мора да се признае: на таа борба балканската буржоазија во своето време ѝ даде многу енергија и сили и пред да успее да поднесе на нејзиниот олтар многу жртви, со помали или поголеми успеси, за делумно да ги реализира своите идеали. Во историјата на Бугарите и на Србите целиот 19 век е исполнет со борба; со неа тие влегуваат и во 20 век, бидејќи 19 не им го реши проблемот на „националното” обединување; со нејзините пароли се определи и нивното учество во империјалистичката војна од 1917-1918 година.
Јас овде нема да зборувам за тоа дека во изминатите повеќе од сто години од времето на првото појавување на балканската буржоазија на историската арена нејзината физиономија денес, се разбира, значително е изменета: од трговска, таа се претвори во индустриска; веќе не се потребни готови стоки и повеќе се потребни суровини, а тоа значи и проширување на нејзините територии; пласман на нејзиното производство и освојување на нови пазари; зголемување на нејзиниот обртен капитал, што значи и сојуз со европските банкари... Но ако јазикот на економијата се преведе на попростиот, иако, можеби, не секогаш поразбирлив јазик на политиката, лесно ќе се увериме дека старата и во свое време прогресивна парола за „национално обединување” сега е прекрасно искористена од балканската буржоазија во сосема други, современи услови на стопанскиот и политичкиот живот на Балканскиот Полуостров и меѓународните односи, отколку што било тоа пред сто години, и е искористена токму за нејзините класни интереси, за зацврстување на својата економска база и својата политичка превласт.
Националните копнежи на балканската буржоазија
Разурната Битола по Првата светска војна
Еве зошто Македонија, која, во споредба со другите балкански народи, најмногу задоцни со своето ослободување од турскиот апсолутизам и која по неговото пропаѓање се најде опкружена со економски и практично посилни соседи во состојба на рес нуллиус, почнувајќи од 70-тите години беше под вкрстениот оган на борбата на балканската буржоазија за „национално обединување”.
Балканската буржоазија е настојчива и упорна во својата борба за “националните копнежи”. Таа ги мобилизира сите средства и сили за да ги постигне своите цели и да ја слави својата победа, научно да го докаже и лингвистички, етнографски и историски да го оправда своето право на насилство. И услужната наука брза да истрча напред и да докаже дека Македонците се автентични Срби, или автентични Бугари, или дури автентични Грци, а ако не се ни тоа, ни другото, ни третото, во секој случај не се Македонци, туку општо – народ што не се сеќава за своето потекло, поради што тој не треба да има ни свој национален јазик, ни своја национална култура, а уште помалку своја сопствена државност.
Зошто им се на Македонците сите тие ситници кога тие прекрасно зборуваат бугарски, српски, грчки; кога тие можат да учат во кое и да е училиште – бугарско, српско, грчко, чувствувајќи се секаде во својот национален елемент; кога тие можат слободно да ги користат сите благодати на која било, веќе готова државност – бугарска, српска, грчка, ослободувајќи се со тоа од излишните грижи и од товарот да создадат своја сопствена национална државност, и сл.
Но најлошо од сè е тоа што балканската буржоазија, силна со своите средства (пари, печат, наука, уметност, црква, администрација), владее врз умовите на своите потчинети работни маси, создава масовна психоза за „национални завети”, „национално обединување”. Развратувајќи ги тие маси, таа упорно им сугерира религиозна екстаза пред овој надуен фетиш и ги води во борба во име на неговата победа; таа беспоштедно го спречува секое спротивставување на своето насилство и секој отпор на своите освојувачки стремежи, кои таа ги нарекува „национални завети”, и масовно го уништува селското население на Македонија, кое не сака да се помири со нејзиното насилство.
Оправдан презир кон Европа
Еве во што е трагедијата на Македонија и на нејзиниот народ. Еве во што е суштината на најголемата од сите современи народни несреќи што ги преживува од година во година и од ден на ден во текот на повеќе од половина век македонскиот народ! Еве во што е суштината на „македонскиот јазол”, кој мора неодложно и по секоја цена да биде решен, ако не во име на елементарната човечност и право, тогаш во името на животните интереси за регулирање на сложените меѓународни меѓусебни односи на Полуостровот, кои го стопираат напредокот на неговиот стопански развиток и кои го оставаат да го растргнат европските банкари и шпекуланти.
За жал, сличните прашања во наше време не се решаваат ни со „меѓународни” договори, ни со циркулари, ни со чија било добра волја: тие се решаваат со поинакви, посериозни и поефикасни методи.
Во секој случај, несомнено е едно: состојбата на работите во Македонија е неподнослива, одвратна, недопустлива. Таа го навредува нашето достоинство и кај трудбениците на Македонија предизвикува оправдан презир кон нас, луѓето на европската наука и просвета, кои се фалат со својата цивилизација и во исто време се немоќни да направат што било за да се запре систематското истребување пред наши очи на еден цел народ!
Неопходно е енергично да му се стави крај на ова варварство, да му се помогне на македонскиот работен народ да се ослободи од своите насилници, тие да се удрат по рацете, - рацете подалеку од Македонија! - но да се удрат така што засекогаш да го заборават дури и патот што води кон Македонија; таа да се откине од грабливите канџи на експлоататорите; да се воспостави во нејзините законски и природни граници и права и да се внесе како рамноправен член во трудовото семејство на ослободените народи на Европа!...
(Документите се наоѓаат во Државниот архив на Македонија)
Извор: МКД.МК
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.367
Поени од реакции
26.420
Русиве секогаш биле добри. Додека Бугарија била во нивна сфера на интерес, ги бранат бугарските позиции за Македонија. Кога Бугарија почнува да се приближува до Италија и Германија, веднаш „истражуваат“ и вадат нова теза. Прилично опасно е да се повикуваме на ставови на луѓе кои Македонија ја гледале како монета за поткусурување и наметнување влијание.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Турција,Грција,Бугарија,Србија, "следни" Албанците ( или Албанија ), не не сакам да помислам.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.065
Поени од реакции
10.417
Турција,Грција,Бугарија,Србија, "следни" Албанците ( или Албанија ), не не сакам да помислам.
друже тоа е готова работа смо чекам кога ќе бидне немора да помислуваш веќе имаат повеќе влас Албанците од нас Македонците
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
друже тоа е готова работа смо чекам кога ќе бидне немора да помислуваш веќе имаат повеќе влас Албанците од нас Македонците
Абе немај гајле. Свесен сум јас, останатите се свесни, сите се свесни ....
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Темите разбирливо беа споени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom