Значи Русија не може да ги одбрани своите интереси. Гледај ја Куба во што личи , а само замислувам како ќе личеа ако не се вмешаа русите и не ги уништеа и нив како и сите останати.
Куба беше практично огромна Руска база, на некои си 100 и нешто километри од САД, во време кога воен судир беше многу веројатен.
Претпоставувам дека појма немаш што значи толкава блискост на твојот најголем непријател.
Русија од Куба можеше растур да ги направи (значи не употреба на нуклеарно оружја) Американските воени комплекси и уште од старт да има огромна предност во една не-нуклеарна војна.
Економската состојба на Куба не беше и не е предмет на интерес на Русија.
Ако ја запрат нафтата , тоа значи БДП-то ќе им падне за повеќе од 20%
Нека ни кажат економистите што значи пад од 20% на ГДПто наеднаш.
Руската економија не е зависна од извозот на нафта, така да, било каков прекин на извозот, нема да и наштети во голема мера на Русија.
Нема ни во Србија влијание колку што има САД.
И еден дечко тука го призна тоа , велејќи дека Србија е америчка марионета , па затоа Русија не донира ниеден цент за нив.
Да донира? Ако Белгија донира 50 милиони на Босна, дали тоа значи дека Белгија има огромно влијание?
Позиција не се освојува со донации.
Одлично тврдење, поткрепено со јаки аргументи.
Русија заедно со САД го поседуваат мнозинството амфибиски бродови со кои можат да истоварат десетици тенкови и голем број пешадија каде било на планетава.
Нормално дека не знаеш дека Русија поседува огромен број на офанзивни оружја.
Сепак е 9 или 11та.
ГДПто по глава на жител им е (спремај се за бројката) : 52 место во светот
Не е страшно нели , одма позади Литванија, еееј Литванија а.
Сеедно, 6та или 9та не прави голема разлика. Она што прави разлика е високиот раст на економијата.
По глава на жител изгледа Луксембург е супер сила, според твојава логика.
Сепак она што е битно за една земја е образованието заедно со науката и технологијата.
Провери сам каде се наоѓа Русија на тоа место.
Логички они не ја искористија оваа поволност за свои големи интереси.
Што значи пак се враќаме кај она : Русија е доволно способна за своите граници , за понатака не ја бива.
Кажи еден пример како тоа не ја искористиле таа поволност за свои интереси.
Пошто јас постојано слушам фрчат Руски вета во СБ...
Не знам за која земја и дел од светот зборуваш дека САД изгубиле моќ , а Русите ојачале.
На пример во Македонија и младо и старо знае кој е амбасадор на САД.
Ама за амбасадор на Русија , жити се дека нити знам на која буква му почнува името или како изгледа. Еве , ти се колнам.
Украина, смена на прозападната власт - запирање или крај на ширењето на НАТО.
Грузија, воен удар врз сојузник и иден (тоа е веќе умрено) член на НАТО.
Полска, Чешка, политичко влијание, притисок чиј краен резултат е спречување на поставување на ракетен штит.
Киргистан - иселување на Американската воена база.
Венецуела, само потврдување (во иднина и Руска воена база) на недостигот на Американско влијание.
Овие примери се директен резултат на зголеменото руско влијание во светот. И се само почеток.