Извор на сликиве Спароу?
Едноставно тешко ми е за верување дека нивните биланси се јавно достапни за некој да им прави анализи.
Еден малку сензационален наслов, но сепак содржински придодава во насока на руската возможна стратегија.
Русија игра мудро, а тоа ќе доведе до финансиски колапс на западните економии во почетокот на 2015!
Неуморната пропаганда нѐ бомбардира со вести дека Русија е беспомошна бидејќи светот ја изгубил и последната трошка доверба, во кого друг освен – во претседателот Путин. Планот за промена на режимот на дело. Господинот Путин мора да биде прогласен за виновен, со надеж дека ќе биде дискредитиран кај својот народ. Тој ја води Русија во длабока рецесија, најлоша од распаѓањето на Советскиот Сојуз. Медиумите ни пренесуваат изјави на обични граѓани на Русија, дека им пропаднале заштедите и дека не знаат дали ќе ги преживеат неволите што им претстојат.
Одвојување на рубљата од западниот систем
Во реалноста, најмалку 80 отсто од руската популација цврсто стои зад Путин. Тој го обнови образовниот систем, здравствениот систем и инфраструктурата, кои беа во руини по распадот на СССР. Претседателот Путин буквално се слави како херој кај огромно мнозинство од руската популација, вклучувајќи ги и тамошните олигарси.
Денес ниту една економија на Западот не работи со рубли. Во своето кратковидно попуштање на Вашингтон, министерствата за финансии на вазалите на САД се ослободуваат од своите резерви во рубли, кои, од друга страна, Русија не ги откупува и пазарот е преплавен.
Русија не само што има огромни доларски резерви, туку и рубљата е „покриена“ со злато, но тие факти уредно се пропуштаат во новинарските извештаи. Во моментов, на Русија повеќе ѝ одговара пад на рубљата.
Во уште еден насилнички аранжман на Обама, блискоисточните марионети, произведувачите на нафта како Саудиска Арабија и земјите од Арапскиот Залив, со хиперпроизводство го преплавија пазарот со нафта и гас, спуштајќи ја цената и создавајќи им економски загуби на Русија и Венецуела, земјите во кои Вашингтон сака да ја смени власта. Две муви со еден удар, верува Вашингтон, собирајќи ги комплиментите од своите поданици. На шеиците кои го контролираат производството на нафта, Вашингтон очигледно морал многу да им вети за да се впуштат во вакви загуби.
На Русија ѝ треба рубљата. Тоа е нејзината парична единица и Русија ќе ја користи во идните трговски односи, но рубљата одвоена од западниот монетарен систем.
Кога Русија ќе смета дека вредноста на рубљата е на доволно ниско ниво, ќе ја откупи евтината рубља со огромни количества долари. На тој начин Русија ќе го преплави западниот пазар со долари, евра и други западни валути и – злато. Да не заборавиме дека Русија има покритие во злато. Видовме до сега како уфрлање на големи количества на некоја валута влијае врз нејзината вредност, овој пат со истовремен откуп на рубљата од Западот. Брилијантен потег во насока на враќање на вредноста на рубљата и создавање нов монетарен систем. Систем во кој Европа ќе биде добредојдена, но по сопствена желба и избор, а не со вашингтонското виткање раце.
На Русија не ѝ е во интерес да предизвика ненадеен распад на финансискиот свет заснован врз доларот – што би значело финансиски колапс на голем број земји кои се потенцијални нови трговски партнери во новиот монетарен систем. Наместо тоа, падот на западните економии на заоѓање може да биде планиран како успорено опаѓање со што на тие земји ќе им се даде можност да се пренасочат –
да ги претворат своите резерви во рубли, јуани и други валути од земјите од Брикс и Шангајската група. Ова веќе се случува. Пред само десет години хартиите од вредност деноминирани во долари сочинуваа 90 отсто од резервите низ светот.
Денес тој однос е паднат на 60 отсто и продолжува да се намалува.
Наместо со оружје, Русија тропа со пари
На крајот, можеби како резервен план,
постои договор за монетарен сојуз меѓу Русија и Кина. Кина во моментов има околу 1,5 илјади милијарди долари, а во западни валути речиси три илјади милијарди долари и непознати огромни количества злато. Солидарноста на земјите од БРИКС и Шангајската група со Русија е цврста гаранција за рубљата. Да замислиме дека првата голема акција на Новата развојна банка (банката на БРИКС), со основачки капитал од 100 милијарди долари, ќе биде сеопфатна операција на спасување на рубљата. Не грижете се, руската економија е во добра насока.
Неизбежно се поставува прашањето дали оваа организирана шема на девалвација на рубљата од гигантски размери е уште еден показател дека ни следи војна? Дали тоа ќе биде нуклеарен судир или нова верзија на Студената војна? Дали тоа е уште еден обид на Западот инициран од Вашингтон да се фати Русија во смртоносна замка?
Не мора да значи. Русија мудро ја игра оваа шаховска партија, со врвна дипломатска вештина. Наместо да тропа со оружје, Русија тропа со пари. Оваа игра може да доведе до финансиски колапс на западните економии засновани врз доларот уште во почетокот на 2015 година.
И победникот е...?
http://www.mkd.mk/svet/analizi/rusija-igra-mudro-a-toa-kje-dovede-do-finansiski-kolaps-na-zapadnite-ekonomii-vo