За земјата која ја водеше секако негативни, да си ја уништиш сопствената држава, која патем била една од двете суперсили сигурно не може да е позитивно, но дека он бил иницијатор на тие промени тоа не може да се негира.
За Европа, поточно за Германија и средноевропските и балтичките земји, секако се позитивни промени, не верувам дека денес има многу чеси, пољаци, унгарци, словаци и сл. би се вратиле во тој комунистички логор.
За украниците, белорусите, грузиици, ерменци, казахтанци и другите кои биле во состав на СССР верувам дека жалат за таа држава, а самите руси тука не сум сигурен, од една страна веројатно денес живеат многу подобро отколку во 80-тите, но тоа геополитичко влијание и моќ што го имале од бившата држава никогаш повторно нема да го имаат.