Русија - смена во надворешната политика?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Абе теле се учи не вол. Исто како што Навални нема да се промени, така нема ниту јас на 50 години, а нема ниту Бајден, ниту Нуланд, ама нема ниту Берни и Варуфакис да се променат.

Навални ќе биди само уште еден автократ на местото од Путин.

На светов му требаат по реални промени.

За среќа од времето на Обама, кој што зависеше од ова нео конзервиве, сега дури и повеќе Бајден зависи и од левичарите во САД.
Ќе се променат фаците, методите секогаш ќе останат исти... Терминот е само помодарство :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.496
Поени од реакции
18.518
Пример како промените на другарот Си?
На пример кои промени на другарот Си ?
Автоматски споено мислење:

Ќе се променат фаците, методите секогаш ќе останат исти... Терминот е само помодарство :)
Методите се секогаш исти :)
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
На пример кои промени на другарот Си ?

Методите се секогаш исти :)
Па избавување од сиромаштија на 500-600М народ за 40 години и земја со најголем број на иновации. Многу подобри промени од млатење слама за демократија и слобода, кои никаде ги нема...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Па избавување од сиромаштија на 500-600М народ за 40 години и земја со најголем број на иновации. Многу подобри промени од млатење слама за демократија и слобода, кои никаде ги нема...
Не зезај, неможат фудбалски клуб да склопат од толку жители, а не пак иновации :) Дај стварно, ме интересира ова со иновациите, ако имаш линк пушти да дискутираме околу тоа..

Иначе ги избавија од глад, а не од сиромаштија. Што сепак е потег за почит. Мислам дека воопшто немаат агенда да ги извадат од сиромаштија. Евтината работна сила е нивното најголемо економско орудие.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Не зезај, неможат фудбалски клуб да склопат од толку жители, а не пак иновации :) Дај стварно, ме интересира ова со иновациите, ако имаш линк пушти да дискутираме околу тоа..

Иначе ги избавија од глад, а не од сиромаштија. Што сепак е потег за почит. Мислам дека воопшто немаат агенда да ги извадат од сиромаштија. Евтината работна сила е нивното најголемо економско орудие.
Тоа околу иновациите сум го сретнал на многу емисии на јутјуб, а гуглано немам околу бројот на иновации.
Вселенска програма имаа пред 2-3 месеци. Исто интересно прв случај во Светот имаше каде што на бебе му ,,поправија" ДНК секвенца која предизвикуваше болест, а и за брзо ќе бидат број 1 економија.
Ако не знаеле да играат фудбал тогаш не значи дека биле глупи. Патем и Американците се слаби за сокер. :D
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Тоа околу иновациите сум го сретнал на многу емисии на јутјуб, а гуглано немам околу бројот на иновации.
Вселенска програма имаа пред 2-3 месеци. Исто интересно прв случај во Светот имаше каде што на бебе му ,,поправија" ДНК секвенца која предизвикуваше болест, а и за брзо ќе бидат број 1 економија.
Ако не знаеле да играат фудбал тогаш не значи дека биле глупи. Патем и Американците се слаби за сокер. :D
Кина генерално во моментов има проблем со сопствена технологија. Цела „своја“ технологија ја црпи од западот (вклучително и Русија тука). Причината за тоа мислам дека се чистките во времето на комунизмот(и воопшто тешкиот период на јапонската окупација и граѓанските војни), кај што секоја здрава мисла се искоренувала, па така сега се соочуваат со момент кога сеуште го градат својот образовен процес и се многу назад во тоа. Мислам дека сеуште се доста далеку од тоа да станат држава која би држела светски монопол во технолошки достигнувања. Рачунај дека Јапонија имала слична улога во 50-60тите. Па и ден денеска, неможеме да кажеме дека е некој технолошки гигант, кога се иновациите во прашање. Иначе денеска и јас можам да лансирам вселенска програма ако имам пари, не треба да измислувам технологија, ќе си купам и ќе си изградам...

Мислам дека патентите што се припишуваат на Кина се всушност патенти на компаниите кои аутсорцираат во Кина, затоа и ти побарав некаков линк. Но секако и тоа е нешто, и тоа е бенефит. Меѓутоа вистинскиот технолошки бенефит една земја може да го достигне само со квалитетен образовен процес. Но, Кина игра на долги стази, моменталното раководство знае да се постави во светот и полека ја гради иднината. За да стане Кина доминантна, треба многу повеќе од тоа да биде само светска економија број 1. Прашањето е дали ќе може да опстане таквата стратегија во еден многу динамичен свет.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.407
Поени од реакции
18.568
Не знам зашто му се припишува развојот на Кина на Си, кога по сите параметри Кинезите имаат огромен раст и со претходните лидери. Ако некој треба да се фали, тоа е Денг Хаопинг, тој е архитект на овој систем.
Иако според мене не е работата во систем за уредување, мислам дека и со демократски систем ќе имаа добри резултати. Беа многу доле и нормално е кога тогаш да си дојдат на нивното природно место во светот. Сепак ќе беше подобро за остатокот од светот да имаме Кина која немаше да е волку националистички и тоталитарно настроена.
Инаку @jamajka Кина можеби сеуште зависи на технолошки иновации на други земји, меѓутоа парите се основа на се. Полека вложуваат во образование и спречуваат брејн дрејн со повисоки плати. Во најмала рака ќе можат да се носат со западните земји. Едино нешто што не можат е да привлекуваат таленти од други земји кој попрво би работеле низ Европа и Америка.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Не е работата до политичкиот систем, туку до економскиот, кој патем е многу сличен југословенскиот(со поголема етика, инвестиции и поопуштен пазар). А секако дека не мислев на Си лично, туку на раководството.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Денг Хаопинг
Тој е еден од луѓето кои донеле промени, вистински промени за кои говори Тенеке, другиот беше Горбачов, тектонски и двајцата променија системи и идеологии, се друго што следи е само логична еволуиција на дејствата на овие два лика.
 
Како да го разбереме ова за Горбачов? Донел позитивни промени?
 
Ги остајв малце да си се договорат кој што направил и до кај е Кина :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Како да го разбереме ова за Горбачов? Донел позитивни промени?
За земјата која ја водеше секако негативни, да си ја уништиш сопствената држава, која патем била една од двете суперсили сигурно не може да е позитивно, но дека он бил иницијатор на тие промени тоа не може да се негира.

За Европа, поточно за Германија и средноевропските и балтичките земји, секако се позитивни промени, не верувам дека денес има многу чеси, пољаци, унгарци, словаци и сл. би се вратиле во тој комунистички логор.

За украниците, белорусите, грузиици, ерменци, казахтанци и другите кои биле во состав на СССР верувам дека жалат за таа држава, а самите руси тука не сум сигурен, од една страна веројатно денес живеат многу подобро отколку во 80-тите, но тоа геополитичко влијание и моќ што го имале од бившата држава никогаш повторно нема да го имаат.
 
Жалат Русите и тоа доста. Пример Сталин денес има таму 85% рејтинг. :D
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.407
Поени од реакции
18.568
Не е работата до политичкиот систем, туку до економскиот, кој патем е многу сличен југословенскиот(со поголема етика, инвестиции и поопуштен пазар). А секако дека не мислев на Си лично, туку на раководството.
Економскиот е многу сличен на западот, од тоа што го гледам. Додека СССР и другите комунистички земји го либерализираа политичкиот систем, Кина го направи тоа само со економскиот. Растот им се поклопува со шифтот кон капитализам на сметка на социјализам.
Штета е бидејки СССР имаше идеологија која барем во теорија беше прогресивна и се бореше за подобар живот во целиот свет. Овие немаат ништо такво, Хан нацизам со брутален капитализам. Се враќаме назад на нешто што сме го виделе, виши раси, култ на личности и логори.
Автоматски споено мислење:

Тој е еден од луѓето кои донеле промени, вистински промени за кои говори Тенеке, другиот беше Горбачов, тектонски и двајцата променија системи и идеологии, се друго што следи е само логична еволуиција на дејствата на овие два лика.
Се изненадив прв пат кога читав за него, зашто реално и не се спомиња многу. Не е лесно после Мао да направиш таква радикална промена и да оставиш систем кој неколку кратно ќе им го подобрува животот на сите Кинези. И без никаков култ на личност, без трупање богатство или оставање власт на децата. Нешто што чисто сумњам дека ќе се случи со овој.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Економскиот е многу сличен на западот, од тоа што го гледам. Додека СССР и другите комунистички земји го либерализираа политичкиот систем, Кина го направи тоа само со економскиот. Растот им се поклопува со шифтот кон капитализам на сметка на социјализам.
Штета е бидејки СССР имаше идеологија која барем во теорија беше прогресивна и се бореше за подобар живот во целиот свет. Овие немаат ништо такво, Хан нацизам со брутален капитализам. Се враќаме назад на нешто што сме го виделе, виши раси, култ на личности и логори.
Мешан е, како што е и пример мешан германскиот модел за социјална држава. Гол капитализам=феудализам и истиот го нема, како што и во СФРЈ не бил гол комунизам.
Клучните сектори и претпријатија се државни(или поточно државата поседува најмалку 51%), исто како и Банките(а и социјалните медиуми, што гледано по последниве настани е добар потег :D). Далеку од тоа дека е крут капитализам, многу поблизок е до југословенскиот социјализам системот отколку до системот во САД. Но, секако дека е дозволен и многу полабав пазарот и стекнувањето на приватна сопственост(дали има граница не сум запознат, веројатно не пошто има милијардери). Потоа здравство, школство исл. се бесплатни или со смешни цени. Интересен модел се во секој случај, а ако вака продолжат се сериозна алтернатива на капитализмот.
Е сега тука останува прашањето колку се независни и дали воопшто ќе им биде дозволено(или ќе можат да се одбранат) да се развиваат докрај. Вака гледано крајбрежните градови се екстра модерни, возови имаат пример помодрени од ЕУ и САД исл. Што значи добро им оди, иако очигледно дека средниот стандард им е понизок, но во споредба со сличната на нив по население Индија се многу, многу понапред.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom