Русија - смена во надворешната политика?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Кредитите на Развојната банка нема во толкава мера да бидат наменети за земјите на БРИКС, колку за инвестирање во инфраструктурните проекти на другите земји. „На пример, на земјите на БРИКС им одговара на некоја африканска земја да ѝ одобрат кредит за развој на хидроенергетика во која земјите од БРИКС можат да ја пласираат својата опрема или да се појават како изведувачи на работата“, објаснува стручњакот на Економската експертска група Иљја Прилепски. Ако кредитот го дава ММФ, опремата ја испорачуваат западните земји и тие ја контролираат работата.
Овој Иљја мене ми мириса на наш :)
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Централната банка на Русија прогнозира намален раст на руската економија годинава, како и намалување на инвестициите. Притоа, ЦБ забележува дека влијанието на ослабената рубља врз БДП ќе биде ограничено. Ова се кажува во соопштението на ЦБ.

Според податоците на ЦБ, намалениот раст на БДП на Русија нема силно да влијае врз инфлацијата. „Историски ниското ниво на невработеност го ограничува потенцијалот за економски раст“, се кажува во соопштението за печатот од ЦБ.

ЦБ соопштува дека негативното влијание врз динамиката на производство и инвестиции е предизвикано од надворешнополитичката ситуација. Економскиот раст на земјата е намален поради ниската активност на трговските партнери. Притоа, високите цени на нафтата во голема мера ги неутрализираат негативните ефекти од падот на трговијата во другите сектори.

http://mk.rbth.com/news/2014/04/26/centralnata_banka_vo_rusija_prognozira_zabaven_rast_na_bdp_i_pad_na_inve_33007.html

Стратешкиот потенцијал на Вооружените сили на Русија до 2020 година ќе биде целосно обновен
, изјави првиот потпретседател на владата на Русија, Дмитриј Рогозин.

„Ако до 2020 година бидат обновени до 70% од вооружувањето на армијата и флотата, стратешкиот потенцијал ќе виде целосно нов. Зарѓавените ракети ќе ги снема од вооружувањето“, изјави Рогозин.

http://mk.rbth.com/news/2014/04/26/rusija_do_2020_godina_celosno_ke_go_obnovi_strateskiot_potencijal_33003.html
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Според мене она е супер добра вест.
Уште боље:

Geostrateška važnost Kaspijskog jezera i sporazum 5 kaspijskih zemalja u Moskvi kojime se zabranjuje dolazak bilo koje strane vojne sile na ovaj teritorij

Ovog tjedna u Moskvi su se sastali ministri vanjskih poslova pet kaspijskih zemalja te postigli važan dogovor prema kojem se niti jednoj stranoj sili neće dopuštati ulazak u Kaspijsko jezero. Kazahstanski mediji prenose kako se ovo primarno odnosi na potencijlno širenje američke vojne prisutnosti.

Podsjetimo, 5 zemalja na obali Kaspijskog jezera, najvećeg svjestkog jezera (ili mora prema pojedinim definicijama, zbog veličine i slanoće vode), su Rusija, Kazahstan, Turkmenistan, Iran i Azerbajdžan.

Dogovor postignut ovog tjedna u Moskvi smatra se iznimno važnim, naročito ako se uzme u obzir da su sve kaspijske zemlje upletene u neku vrstu spora oko jezera već gotovo 20 godina. No, svih pet je sada odlučilo jednoglasno prihvatiti konvenciju kojom se odbacuje bilo kakva strana vojna prisutnost.

Prostor ima i vojnu stratešku važnost. Ruska mornarica je upravo ovog tjedna započela iznenadne vojne vježbe na prostoru Kaspijskog jezera, uoči sve veće napetosti oko Ukrajine.

Се случува тоа што најмалку се очекуваше, почнува постепено групирање на силите против американскиот експанзионизам.
 
Руското влијание, но и Руската надмоќ се неспорни во Каспискиот регион, но на долги стази, тука е најспабата карика Русија. Турските републики, а највеќе Азербејџан, се под силно влијание на Турција, а со самото тоа на западот. И добро е што Русија почна превентивно да делува во овој регион. Како адути во регионот на оваа оска би ги навел влијанието на Иран, пред се во шиитскиот Азербејџан, и Руското население во Казахстан и секако близината на Кина, но и моменталната нетабилност на режимот на Ердоган и политичко-верско-идеолошкиот јаз на народот во Турција.

Во поширокиот регион, сведоци сме на зацврстувањето на режимот на Асад, вртењето на новите Ирачки и Авганистански власти кон Русија, неуспехот на Арапската пролет во Египет и Либија. Тука полека се создава уште една оска, поради која Израел ја искажа својата неутралност.

Тука полека се добива компактна целина на силни анти Американски чувства, кои на некој начин е доста важна тактичка позадина за стабилноста на овој касписки договор.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@jamajka
На некој начин да те надополнам
Погледај како турски воен оркестар и оркестарот на Црвената армија заедно го исполнуваа познатиот турски марш Ceddin deden и тоа во Кремљ
Погледни во позадина како се сврзани двете знамиња
Снимката е од 2008 година
http://www.youtube.com/watch?v=wPbTOblCN8o
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.217
Поени од реакции
84.151
Geostrateška važnost Kaspijskog jezera i sporazum 5 kaspijskih zemalja u Moskvi kojime se zabranjuje dolazak bilo koje strane vojne sile na ovaj teritorij
.
LoL, прв пат го гледам ова. Не ми се верува дека сум ја пропуштил оваа вест.
Изглеа глуп сум штом пратам вести од наши портали. Можно ли е никој кај нас да ја нема објавено?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Интересни се и ќе бидат односите на Русија со Турција.
Геостратешки Мала Азија е ранлива од исток. Од таму навлегле Турците Селџуци и Монголите на Тамерлан
Патот е јужно од Каспиското море и низ Азербејџан. Што значи Турција треба да се грижи за своите односи со соседите од исток. Турција е економоски заинтересирана за добри односи со Русија но и со Кина. Од друга страна таа е воен сојузник на САД
Погледнете интересен напис од Лазански за вмешаноста на Турција на страната на САД во Сирија
http://www.politika.rs/rubrike/Svet/Ko-je-trovao-u-Guti.sr.html
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тешко е да се повлечат јасни црти на некакво сојузништво, бидејќи зависно од фронтот тие си ги менуваат позициите.

Културното влијание во споменатиот регион и нема толку значење колку што ние на Балканот сме навикнати да мислиме дека насекаде е како кај нас.
Се работи за стратешки интереси, а соседите не можат да се бираат, од таа причина секако дека им е од најголема корист да се здружат, отколку да бидат користени во меѓусебно уништување.
Америка е далеку, а има долга негативна историја во сите делови од светот.
 
Ретко некој може да го разбере историскиот антагонизам на Турција и Русија(и воопшто „Словенските“ народи) од денешен аспект. Турција во денешно време, не треба да се пази само од истокот, туку треба да се пази од сите можни страни, па дури и од внатрешните фактори. Мешањето во граѓанската војна во Сирија ја измести од доктрината на Кемал Мустафа Ататурк и ја стави во многу ранлива позиција. Поради тоа Турција многу вложи во пријателството со Турските републики произлезени од Советскиот сојуз и пред се со Азербејџан во несебичната подршка со воена логистика, воено раководство и доброволци во војната во Нагорно Карабах, која пак за несреќа на Турција и Азербејџан заврши со епска победа на Ерменскиот народ и капитулација на Азербејџан, кој беше принуден да се сврти кон Русија за да престане да губи терирории (1% од населението завзема 20% од територијата на Азербејџан). Но во исто време оваа војна го намали влијанието на Иран врз Азербејџан и на некој начин ги остави Турците во игра.

Според мое лично гледиште, Турција во моментов е ништо друго освен буре барут, кое е спремно во секој момент спектакуларно да експлодира. Цврстата подршка што ја имаше Ердоан изостанува,Турција е длабоко поделена земја. Од друга страна Ердоан ја разниша компактноста на Турската армија параноично апсејќи ги генералите. На крајот од него кренаа раце и САД, вадејќи го својот џокер Ѓулен (можеби цела ситуација во Турција и не е случајна). После шурувањето со Хамас, улогата во Арапската пролет и граѓанската војна во Сирија, тешко дека Русија гледа благонаклоно кон Турција. Колку што знам одбија да им продадат С300 систем.

Накратко пренесно од историски аспект во денешна Азија поларноста би изгледала вака Кина, Индија, Русија и Персија на една страна, Арабија, Јапонија, Турција на друга страна.

На блискиот исток ваквата конфронтација се гледа во неколку жаришта:
1. Сирија (Арабија-Персија)
2. Азербејџан (Турција - Персија)
3. Курдистан (Турција, Арабија- Персија)
4. Ирак (Арабија-Персија)

Иако во сите овие случаи Арабија и Турција се во сојузништво, на средниот исток ситуацијата е поинаква. Турските републики во задкаспискиот регион, сеуште во најголем дел се наклонети кон Русија. Еден од клучните моменти во евентуална конфронтација било да е ладна војна или воен конфликт, сепак ќе биде наклонетоста на Турските држави.[DOUBLEPOST=1398639770][/DOUBLEPOST]
Тешко е да се повлечат јасни црти на некакво сојузништво, бидејќи зависно од фронтот тие си ги менуваат позициите.

Културното влијание во споменатиот регион и нема толку значење колку што ние на Балканот сме навикнати да мислиме дека насекаде е како кај нас.
Се работи за стратешки интереси, а соседите не можат да се бираат, од таа причина секако дека им е од најголема корист да се здружат, отколку да бидат користени во меѓусебно уништување.
Америка е далеку, а има долга негативна историја во сите делови од светот.
Ако ги запазиш сите конфликти во овој дел од светот, ќе видиш дека всушност културното влијание има и повеќе улога во конфликтите одколку што има во било кој дел од светот. Но.....

Тоа културно влијание е скоро секогаш користено од регионалните и светски сили во регрутација на населението во борба за сопствените интереси. Слично како и улогата на Македонците во Балканските војни и првата светска војна. Како што на Балканот Македонците станува Бугари, Срби, Албанци, Грци, Турци. Така било и на блискиот исток. Сиријците од пашту народ, станале Арапи, Азербејџаните од Пашту станале Турци. Денешните Турци од словени, грци и ерменци станале Турци и така натака.
Во најново време, види ја Арапската пролет.

Не смее да се подцени културното(и религиозно) влијание како многу важно (пропагандно) орудие при постигнувањето на статешките цели.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Ретко некој може да го разбере историскиот антагонизам на Турција и Русија од денешен аспект.
Русија и Турција се борат за влијание во централна Азија, во турските држави таму.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не смее да се подцени културното(и религиозно) влијание како многу важно (пропагандно) орудие при постигнувањето на статешките цели.
Не велам да се потценува, но да се гледа целата слика. Сојузници на Израел им се арапските држави како Сауди и Катар кои раководат со вахабистичките милитанти, Иран е против Израел, но од друга страна го поддржува Муслиманското Братство кое исто така одработува за Израел. Турција наводно е западен сојузник, а кокетира со Русија и Кина, Грција исто така, Иран ги помага антируските сепаратисти во Чеченија, додека се стратешки сојузници против Западот итн. итн.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Не велам да се потценува, но да се гледа целата слика. Сојузници на Израел им се арапските држави како Сауди и Катар кои раководат со вахабистичките милитанти, Иран е против Израел, но од друга страна го поддржува Муслиманското Братство кое исто така одработува за Израел. Турција наводно е западен сојузник, а кокетира со Русија и Кина, Грција исто така, Иран ги помага антируските сепаратисти во Чеченија, додека се стратешки сојузници против Западот итн. итн.
Целта и средствата се две различни работи.

Блискиот исток одсекогаш нудел политички изненадувања и сојузи кои никој не ги очекувал. Не сакам да навлеземе во дискусија за дадените примери, пошто ќе иницираме неконструктивна дискусија од дневнополитички карактер. Ме интересира болдот, пошто е и поврзан со темата.

Ми се чини дека во 2008 Иран година се огради од Хамас и од сите џихадистички движења вклучително и од Муслиманското братство. Но искрено немам прочитано дека Иран имал некаква улога во Чеченските војни.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Но искрено немам прочитано дека Иран имал некаква улога во Чеченските војни.
Реално не може да се замисли отсуството на Иран од било кои случувања во исламскиот свет. Конкретно за Чеченија Техеран беше неутрален и се воздржуваше од критиките кон Русија, се додека војната не се трансформираше во религиозен конфликт со исламистите.

Ayatollah Abdul Vaez-Javadi-Amoli said on 15 January 2000 that Russia “will be destroyed and disgraced if it continues with the killing of the innocent Muslims in Chechnya.”

http://en.wikipedia.org/wiki/Abdollah_Javadi-Amoli

Ова беше само мала дигресија, но да не одиме подалеку.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Соработката и сојузништвото меѓу Кина и Русија се продлабочуваат.

ВОР: Кина се спротиставува на санкциите против Русија
http://voiceofrussia.com/news/2014_04_28/China-opposes-sanctions-against-Russia-1331/

ВОР: Кинеската и Руската Морнарица го дискутираат планот за заеднички маневри во Источното кинеско море кои треба да се оддржат на крајот на мај.
http://voiceofrussia.com/news/2014_04_28/Russian-Chinese-navies-discussing-plan-of-upcoming-joint-maneuvers-8930/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom