Русија - смена во надворешната политика?

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.741
Поени од реакции
5.014
Колку „режими“ тргнала Русија, а колкку америка бе гној ?
Русија не трга режими Русија е фашистички режим кој подржува режими исто како Хитлерова Германија само со пропадната економија.:P
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Русија не трга режими Русија е фашистички режим кој подржува режими исто како Хитлерова Германија само со пропадната економија.:P
Аха, а САД инсталира демократија, како на пример во Либија, Ирак, Сирија, Авганистан, Србија и така натака со бомби со осиромашен ураниум...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.741
Поени од реакции
5.014
Аха, а САД инсталира демократија, како на пример во Либија, Ирак, Сирија, Авганистан, Србија и така натака со бомби со осиромашен ураниум...
Putin provinci na Rusija ke gi proglasese zemjive. Si cul za Ruska demokratija?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Putin provinci na Rusija ke gi proglasese zemjive. Si cul za Ruska demokratija?
Тоа што се инсталирани „демократски“ режими во некои држави со помош на воена машинерија од САД и тоа се нарекува демократија, важи само за гласачите на САД ли ?

И башка кој го подржа движењето на бандерас во Украина ?
 
Последно уредено:

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Вест која се премолче во медиумите

Путин: Нема да се изолираме и ќе соработуваме со другите држави за заеднички бенефит.


Тука би ја ставил и Македонија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.685
Поени од реакции
11.917
Тоа што се инсталирани „демократски“ режими во некои држави со помош на воена машинерија од САД и тоа се нарекува демократија, важи само за гласачите на САД ли ?
Зошто воопшто му реплицираш, кога одлично знаеш дека е русофоб од глава до пети ?

Винстон Черчил ја оправдувал својата поддршка за Советскиот Сојуз во Втората Светска Војна после 22 јуни 1941 со зборовите:

" Ако Хитлер го нападне пеколот, ќе кажам по некој добар збор за ѓаволот во британскиот Парламент " .

Дежурниот русофоб на кого му реплицираш не знае што сакал Черчил да каже, па затоа ја гледа Русија како злото од кое треба да бега како ѓавол од темјан, не знаејќи дека бегајќи од Јосиф Висарионович Сталин, му бакнува рака на Адолф Хитлер.

Инаку, кога сме кај менувањето на режимите, еве како вообичаено функционира тоа и какви се последиците од таквите промени.

https://off.net.mk/vesti/svet/upatstvo-za-promasheni-promeni-na-rezhim

Упатство за промашени промени на режим

18 Мај 2018 - 13:04

„ Без разлика колку лоша била работата пред да падне режимот, ситуацијата најверојатно ќе стане полоша откако стариот поредок ќе колабира. Оние што го смениле режимот веруваат дека ќе бидат славени како ослободители, но многу поверојатен исход е населението брзо да ги изгуби некогашните илузии и да стане непријателско и насилно “, заклучува анализа во американскиот магазин со 40 годишна историја, Форин полиси.



Одлуката на Трамп да го прекрши иранскиот нуклеарен договор е најава за нов бран промени на режимите на Блискиот исток. Ако целта беше да се сопре иранска нуклеарна бомба, актуелниот договор функционираше сосема добро и ќе беше покорисно тој да се направи траен отколку да се погази. Ако целта беше да се сопрат иранските регионални активности, тоа можеше да се стори со дипломатија и други мерки за дисциплинирање, пишува Стивен Волт.

Дали промена на режимот е корисен маневар, се исплати ли или конечниот резултат испаѓа поинаков? Што вика историјата?

Спојлер: речиси секогаш тоа завршува лошо, освен кога стварно ќе дојде правда и мир, како што денес радосно сведочиме во љубе-просперитетна и амди-реформска Македонија.

Иранскиот пуч во 1953 година: Пра-татко на ваквите маневри на Блискиот исток е операцијата Ајакс, заедничка американско-британска акција за соборување на демократски избраниот премиер Мохамед Мозадег и инсталирање на шахот Реза Пахлави. На тактичко ниво тоа беше изведено совршено но долгорочните последици беа сосема спротивни. Тогаш започнува непомирливата иранска омраза кон САД, а сојузникот Пахлави всушност е човекот кој ја започна нуклеарната програма на Иран.

Дебаклот на Суец: Откако египетската влада во 1956 година ја национализираше компанијата која управува со каналот (сосема легален потег), лидерите на Британија, Франција и Израел се здружуваат со намера да го соборат Гамал Абдел Насер. Израел го напаѓа Синајскиот полустров за да создаде оправдание за Британија и Франција да интервенираат „за да го заштитат каналот“. Освојувачите веруваат дека воена победа ќе го ослаби Насер до негово заминување од врвот, но потфатот завршува тотално неславно и понижувачки за нив. На крај Британија, Франција и Израел се повлекуваат од тие територии, Насер не само што не падна туку се зацврсти на власт, а Британија и Франција покажаа дека веќе не се големи сили.

Египетската авантура во Јемен: На Насер моќта малку му удира во глава па во раните 1960-ти години зацапува во соседен Јемен, како поддршка на „прогресивните сили“ во граѓанската војна. Испрати 50.000 војници, потроши повеќе пари отколку што имаше и по пет години се повлече од таму без никаков резултат.

Големата шема на Ариел Шарон: Во 1982 година Израел воено влегува во Либан, како одмазда на атентатот на нивниот амбасадор во Лондон. Основната намера на нивниот министер за одбрана е да се протера ПЛО и да се инсталира про-израелска влада во Либан. Соборуваат неколку авиони, го бркаат Јасер Арафат до Бејрут и до 2000 година го држат окупиран јужен Либан. Епилог: заради ова беше создаден Хезболах од кој глава не можат да кренат.

Садам Хусеин контра светот: Заглавен во долгови од ирачко-иранската војна, Хусеин во 1990 година го окупира Кувајт во обид да го анексира. Но ваквиот потег повлекува невообичаена коалиција од западни и арапски земји кои брзо го протеруваат од таму. Садам останува на власт, но обидот да го смени режимот во Кувајт комплетно му пропаѓа.

Рушење на Талибанците: Кога талибанскиот режим во Авганистан одбива да го предаде Осама Бин Ладен по нападот од 11 септември, алијанса предводена од САД интервенира да ги тргне од власт, успева во тоа и инсталира своја влада со која раководи Хамид Карзаи. 15 години и катаљарда долари подоцна, Американците уште се заглавени таму, ниту можат да ја добијат војната ниту пак можат лесно да се повлечат. Реприза на она што им се случуваше на Советите кои имаа исти намери на истата територија.

САД против Садам Хусеин: Во 2003, на бранот на истерувањето правда за 11 септември, Буш и Чејни почнуваат да ја реализираат идејата за трансформација на Блискиот исток. Израелците Шимон Перез, Бенјамин Нетанјаху и Ехуд Барак помагаат идејата за соборување на Хусеин да им се продаде на Американците и неа ја купуваат дури и некои либерални кругови. Доказите против него подоцна се покажаа ужасно лажни. За Американците не беше проблем да се порази ирачката армија но долгорочните ефекти се крајно непријатни: се појави Исис, Иран доби регионално влијание, а САД таму изгубија 7.000 животи на американски војници (и повеќе од десеткратно одземаа).

Соборувањето на Гадафи: Моамер Гадафи им бодеше очи на Американците уште од кога дојде на власт во Либија во 1969 година. Но, систематски меѓународни санкции го принудија да се откаже од забранетите воени програми и заради тоа администрацијата на Џорџ Буш Помладиот го остава на власт. Но потоа се случува арапската пролет и Барак Обама прави коалиција за дефинитивно расчистување со контроверзниот мегаломан. Наместо слободна и просперитетна Либија, денес тоа е земја удавена во анархија, со широк простор за фанатици од типот на Исис и тон оружје кое капиларно се шири по регионот.

Асад мора да замине. Или баш и не мора? Ситуацијата è актуелна па да не потсеќаме.

„ Колку повеќе САД нагазуваат на промена на режими како основна алатка на својата надворешна политика, толку повеќе ќе наидуваат на отпор “, заклучува аналитичарот на Форин полиси. Не само од таргетираниот режим туку и од околните системи кои се чувствуваат како следни мети. Второ, соборувањето режим ни оддалеку не значи крај на работата. Допрва претстои главната задача но наместо со стабилни, а истовремено и ефикасни и демократски институции, тие земји обично завршуваат во хаос и безредие. Трето, инсталираните властодршци не секогаш се покажуваат како најкорисни сојузници. Попат тие мора да управуваат водејќи сметка и за сопствените интереси и сопственото политичко преживување што значи дека ќе влечат потези кои не секогаш им се допаѓаат на Американците.

„ Тие не знаат кои локални лидери се доверливи и чесни, и кои од нив имаат доволно културолошко познавање за да развијат институции кои од локалното население ќе бидат сметани за легитимни. Без разлика колку лоша била работата пред да падне режимот, ситуацијата најверојатно ќе стане полоша откако стариот поредок ќе колабира. Оние што го смениле режимот веруваат дека ќе бидат славени како ослободители но многу поверојатен исход е населението брзо да ги изгуби некогашните илузии и да стане непријателско и насилно “, пишува Стивен М. Волт во Форин Полиси.

 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.327
Поени од реакции
18.186
Амебиве си мислат дека ако дојде некој насадок на власт, како на пр. Заев, и води политика која на мене не ми се допаѓа,
јас сум бил тој што требало да си ги собере куферите и да си иде од земјава... :pos:

Чергарски менталитет par exelance :)
Секој чест ако останиш да не дружиш тука :)
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Борис Џонсон тролан од КГБ

 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.741
Поени од реакции
5.014
Тоа што се инсталирани „демократски“ режими во некои држави со помош на воена машинерија од САД и тоа се нарекува демократија, важи само за гласачите на САД ли ?

И башка кој го подржа движењето на бандерас во Украина ?
Руската демократија важи само за Путин нема ни за руските гласачи а тек за 200 години што изгиграва глобал-локал експанзионизам и империјализам зависно од како ќе им се погодат картите. Русија била мизерна и морално банкротирана земја во историјата и денес е иста од време на царска Русија не е многу еволуирана.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
За време на Цар Владимир или Цар Александар зборувате?
Па збориме за еволуција од тогаш па навака.... Ако воената и вселенската технологија не е еволуција незнам што е...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.741
Поени од реакции
5.014
Па збориме за еволуција од тогаш па навака.... Ако воената и вселенската технологија не е еволуција незнам што е...
Социјална еволуција на тоа мислев...очигледно е. Сигурно не на Дарвинова Еволуција или ракетна. :lolzz:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom