Русите ја добија првата интернет војна

Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Русија во судирот против Грузија во Јужна Осетија, покрај конвенцијалната војна, паралелно водела и интернет војна. Тоа е прв пат во историјата на човештвото една земја да користи модерна технологија во војувањето.

Руските хакери, имено, пред да започне војната офанзива, прво ги срушиле сите интернет сајтови во Грузија, оневозможувајќи комуникација со светот.

Спрема анализите на геополитичкиот институт “Стратфор”, руската офанзива против Грузија не започнала со тенкови и борбени авиони, туку во сајбер просторот. Аналитичарите на “Стратфор” дознале дека сајтовите на грузиската влада и медиумите биле срушени на 7 август, значи ноќта пред руските сили да навлезат во Јужна Осетија.

“Интернет сајтот на грузиските вести, твди дека ги нападнал сосема нов вирус, таканаречен “ДДОС”, против кој нема адекватен одбрамбен механизам. Вирусот функционира така што ги онемозможува операторите на сајтот да ја изменат содржината на својата страница.

Сајтот имал големи проблеми со емитувањето на вестите затоа што кога и да се обиделе да пласираат некоја вест на интернет била одбивана бидејќи се создавало нереално оптеретување на нивниот сервер и целокупниот систем.

После интервенција на Гугл и естонски компјутерски експерти, сајтот повремено бил преместен на друга сигурносна локација”, изјавуваат аналитичарите на “Стратфор”
http://tocka.com.mk
 

MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
ДДОС не е вирус, и воопшто не е нова појава во сајбер просторот :))) Само, тој шо ја пишел статијава се изрезилил до даске...
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Дополнување

Грузиската влада ја обвини Русија за неовластено навлегување во компјутерските системи на клучни владини сајтови и нивно исклучување. Грузија тврди дека пристапот до сајтот на нивното Министерство за надворешни работи и други владини сајтови е оневозможен од страна на руски хакери со што се попречува објавувањето на соопштенијата со кои Грузија го известува светот за случувањата за време на војната.
За да продолжи со објавување на соопштенијата за јавност и медиуми, грузиската влада започна да го користи јавниот сервис на Google, Blogspot.com за да создаде свој блог - http://georgiamfa.blogspot.com.
Блогот на МНР на Грузија на Blogspot.com​
"Критичните напади против многубројни грузиски сајтови кои објавуваат вести и соопштенија започнаа преку викендот и продолжија во понеделникот. Забележуваме масовни напади против клучните сајтови Apsny.ge и News.ge." - изјави Хосе Назарио, сигурносен истражувач на компанијата Arbor Networks, за весникот Њујорк Тајмс.
Од другата страна, владата на Русија официјално сеуште се нема произнесено во врска со овие обвинувања, но новинските агенции како RIA Novosti и Lenta.ru потврдија дека постојат силни сајбер напади и против нивни и руски владини сајтови и дека досега руски информативни сајтови како osinform.ru, osradio.ru и други биле хакирани и нивната содржина била сменета.
Според изјавите и на други експерти за компјутерска сигурност, главно станува збор за DoS/DDoS напади чија главна цел е оневозможување на пристап до сајтовите. DoS/DDoS (Denial of Service/Distributed Denial of Service) се вид на компјутерски напади кои се извршуваат со практично "бомбардирање" со разни барања за пристап до сајтот, при што сајтот, неможејќи да ги изврши сите барања и да ги оствари сите конекции, паѓа и станува недостапен.
Traceroute до сајтот на МНР на Грузија​
На интернет кружат гласини дека нападите спрема грузиските сајтови потекнуваат од сервери лоцирани во руска телекомуникациска компанија, а одат и до таму каде што се шпекулира дека искористениот ботнет од руската страна има од 10,000-20,000 нодови, и е воглавно составен од AMD машини, како и дека е во сопственост на руската армија.
Судејќи според досегашните сајбер напади, руската страна несомнено доминира во оваа сајбер војна, а својата доминација ја поткрепува и со забрана за пристап до грузиски сајтови од руска територија како и прекинување на главните интернет линкови на Грузија.
Глобалната интернет конекцијата на Грузија зависи од два главни телекомуникациски линкови кои доаѓаат од Турција и Русија. Рускиот линк постојано е под прекини, а во последно време и турскиот, па затоа со асистенција на САД, Грузија поставува нов фибер-оптички линк преку Црното море кон Бугарија, преку грузиското пристаниште Поти и бугарскиот град Варна. Според најавите линкот треба да биде активен уште од Септември.


Руските сајбер напади над грузиските сајтови сеуште го имаат истиот интензитет како оној од изминатиот викенд. Многу грузиски сајтови, вклучувајќи го и сајтот на грузиската новинска агенција Civil.ge се под постојани напади. Сопствениците на нападнатите сајтови со цел да продолжат со објавување на информации, слично на Министерството за надворешни работи на Грузија, решија "заштитата" да ја бараат во сервисот Blogspot па започнаа со извршување на своите дејности преку блог сервисот.
Во сајбер војната, од страна на Грузија се вклучи и Естонија, земја која во минатото (последен пат во Мај, 2007 година) исто така има водено сајбер војна со руските хакери и која на својата територија поседува сајбер безбедосен бункер на НАТО, лоциран во Талин. Естонците направија невиден чин досега во светската историја и испратија експерти за сајбер одбрана во Грузија, а и го хостираа сајтот на грузиското МНР на нивни сервери. Се верува дека вклучувањето на Естонија во овие сајбер случувања само ќе ја ескалира Руско-Грузиската сајбер војна.
Дополнително на овие сајбер напади се случуваат и руски бомбардирања врз телекомуникациската инфраструктура на Грузија.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Интернет сајтот на грузиските вести, твди дека ги нападнал сосема нов вирус, таканаречен “ДДОС, против кој нема адекватен одбрамбен механизам. Вирусот функционира така што ги онемозможува операторите на сајтот да ја изменат содржината на својата страница.
Точка... :pos2:

Прво сакав да прашам од кој неписмен го пишувал текстов, ама ми стана јасно :)

DDoS не е вирус, туку дистрибуиран напад (Distributed denial-of-service).

Одбрана - квалитетен (скап) хостинг провајдер кој си ја знае работата. Којзнае на што срање ги хостираат сајтовите Грузијциве. Сигурно имале некои 5 мегабита аплоад. Повеќето сајтови да прднеш ќе ги загушиш.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
DDOS било вирус еј! :pos2::pos2::pos2:

А и ова е добар момент во статијата
После интервенција на Гугл и естонски компјутерски експерти, сајтот повремено бил преместен на друга сигурносна локација”, изјавуваат аналитичарите на “Стратфор”
Интервенција на Гугл? Од кога Гугл асистира при миграција на хостинг? :pos2::pos2::pos2:

Од сеа, ако ве досира некој, барајте Гугл да интервенира.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
DDOS било вирус еј! :pos2::pos2::pos2:

А и ова е добар момент во статијата Интервенција на Гугл? Од кога Гугл асистира при ддос напади и миграција на друг хостинг? :pos2::pos2::pos2:

Од сеа, ако ве досира некој, барајте Гугл да интервенира.
Сосема нов вирус таканаречен ДДОС:pos: го прочитав на почетокот текстот надолу и не читав Интервенција на Гугл :tapp::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest:
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Точка... :pos2:

Прво сакав да прашам од кој неписмен го пишувал текстов, ама ми стана јасно :)

DDoS не е вирус, туку дистрибуиран напад (Distributed denial-of-service).

Одбрана - квалитетен (скап) хостинг провајдер кој си ја знае работата. Којзнае на што срање ги хостираат сајтовите Грузијциве. Сигурно имале некои 5 мегабита аплоад. Повеќето сајтови да прднеш ќе ги загушиш.
DDOS било вирус еј! :pos2::pos2::pos2:

А и ова е добар момент во статијата Интервенција на Гугл? Од кога Гугл асистира при миграција на хостинг? :pos2::pos2::pos2:

Од сеа, ако ве досира некој, барајте Гугл да интервенира.
Е добро де ај вие се разбирате ја учам за тие ствари ама има некои што не знаат. Така да не мора одма атакинг овде :helou:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Е добро де ај вие се разбирате ја учам за тие ствари ама има некои што не знаат. Така да не мора одма атакинг овде :helou:
Атакингот не се однесува на тебе, туку се смееме на тие што ја пишувале статијата таму од кај што си пастирал овде.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ај да не тргнам на сеир, ќе му одбијам на неписменоста на авторот, туку како ми се чини, времево иде кога конвенционалните војни ќе станат демоде, и војните ќе се водат со бутање на сајтови, сервери итн. па може и некоја партија на Ред Алерт :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.982
Мора, мора.
Ова ти доаѓа како прв пат седнуваш во кола и возиш низ цело Скопје среде сообраќаен шпиц.

Или на стар начин кажано, првин скокни, па кажи ОП! :wink:
Ај да не тргнам на сеир, ќе му одбијам на неписменоста на авторот, туку како ми се чини, времево иде кога конвенционалните војни ќе станат демоде, и војните ќе се водат со бутање на сајтови, сервери итн. па може и некоја партија на Ред Алерт :)
Па како што се движи индустријата кон создавање роботи за војување, ништо чудо група гејмери на безбедна локација со тастатура и глушец да прават масакри во реалниот живот.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ај да не тргнам на сеир, ќе му одбијам на неписменоста на авторот, туку како ми се чини, времево иде кога конвенционалните војни ќе станат демоде, и војните ќе се водат со бутање на сајтови, сервери итн. па може и некоја партија на Ред Алерт :)
Или со убав поглед низ сателит кој ти дава филинг дека играш Ред Алерт :)
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Атакингот не се однесува на тебе, туку се смееме на тие што ја пишувале статијата таму од кај што си пастирал овде.
Ок ок ни јас сеа нејќев да вреѓам туку во одбарна на помалку искусните зошто како што кажав јас тек следната година на електро програмирање да даде господ и имам минимално знаење ама знам како им е и на тие што не знаат зошто и јас не знам некој работи па малку во нивна одбрана сакав. Зошто и тие што правеле копи пејст може не знаеле за тоа.:smir:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
ништо чудо група гејмери на безбедна локација со тастатура и глушец да прават масакри во реалниот живот.
Додека ние(балканот транзиционен), заедно со афричките земји, спаѓаме во групата народи кои водат војни на неконвенционален начин: гаѓање со камења!
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Додека ние(балканот транзиционен), заедно со афричките земји, спаѓаме во групата народи кои водат војни на неконвенционален начин: гаѓање со камења!
Палестинците се водечки во тој домен :)

Туку друго ми е зборот... првата интернет војна викате... може да се рече првата официјална, или барем војна за која протекле информации дека ја имало.
 
D

DeviL_32`

Гостин
DDoS вирус :nesum: де бре ае нека научат шо е вирус а шо е ддос па пос нека викат...ц ц ц
 

Kajgana Shop

На врв Bottom