Струмикс
Еден...не го знаеш!
- Член од
- 9 декември 2005
- Мислења
- 13.811
- Поени од реакции
- 3.343
Романците од јужниот дел на земјата одбегнуваат да ја платат огромната такса за прва регистрација на половните автомобили, купени во странство, на тој начин што ги регистрираат во Бугарија, пренесе весникот „Евениментул зилеј“.
Според весникот, само во последните пет месеци 200 Романци купиле автомобили во странство, што потоа се регистрирани во Бугарија.
Методот е едноставен - треба само да се има доверлив бугарски пријател, кој ќе се согласи автомобилот да биде регистриран на негово име. Можат да се користат и услугите на некоја фирма, која издава полномоштво, со кое автомобилот може да се управува во Романија. Осигурувањето и техничкиот преглед се изведуваат во Бугарија, додека во Романија единствено се плаќа патната такса, неведува весникот.
Романецот Дан Сорин од градот Ѓоргево купил автомобил „Голф“ од Германија, произведен во 1995 година, за што платил 2.600 евра и уште дал 500 евра за формалностите во Бугарија.
„Кај нас само првата регистрација чини над 1.000 евра“, изјави Романецот за весникот.
Шефот на службата за регистрација на возила во Костанца Ромео Текију објаснува зошто во Бугарија таксите за регистрација на возилата се пониски отколку во неговата држава.
„Бугарите не произведуваат автомобили, додека Романија има голем интерес да го заштити сопственото производство на автомобили и интересите на работниците, кои работат во оваа индустриска гранка“, изјави Текију.
Извор
И после ова, се прашувам што или кого штитиме ние, па уште со најавите дека и зелен картон ќе биде облигаторен дел од регистрацијата на возилата...
Во Бугарија регистрација, колку што знам, не е поскапа од 60-70 евра, што воопшто не е скапо.
Со такви цени, и кај нас многукратно би се зголемил бројот на регистрирани возила, а и нервозите при судар со нерегистрирано (значи и неосигурано) би биле помали, во врска со оштетата.
Ако Романија има автомобилска индустрија, и на таков начин ја штити, кого тоа ние штитиме?
А и кај нас има многу такви возила.