Рокенрол ѕвездите се мртви?

L

Ligeia

Гостин
Па тогаш што беше пресудно за да се изразиш така?

Во контекст на темава, доцна се сетив па ќе се надополнам сега.
Еве една песна од бендот кој го заборавивме да го споменеме во темава. Доста интересно, иако го немаа влијанието да станат некакви лидери на бунтовната и критичка маса на какви се повикуваме во темава, а имаат потенцијал. Според мене се едино добро после 2000 година.
Што велиш за Корн од 98'? :)
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
15
Поени од реакции
1
Во право е Tonchie за Мик. Едноставно му се прави музика. Од постари бендови, Rolling Stones останаа само.. најверојатно знаеле што дроги да користат, за разлика од другите што за жал веќе ги нема... :)
Му се прават пари, не музика. Сите тие рок ѕвезди што сега прават турнеи и песни ги прават затоа што парите им се при крај.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Еве ви музика, звездите се на небо кај што им е местото...

Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Рокенролот не е мртов, барем ние како бенд се трудиме во Македонија да не дојде до тоа, можеби да издавачките куќи повеќе ги интересираше идеја или подигање на свест,сеуште рок бендови ќе имаше и наместо продавање еротика (што очигледно повеќе се продава отколку музика) сеуште денес ќе гледавме концерти и ќе слушневме нови изданија и албуми..
Во Македонија постојат многу рок бендови кои се трудат да се пробијат на "сцената" но телевизиските медиуми сепак промовираат и пуштаат спотови и не трујат со неквалитет..
Не се работи можеби за тоа дека нема квалитетни бендови и денес нема добра музика, туку можеби издавачките куќи,телевизиите,и сите медиумски тела сфатиле дека повеќе "се пали " публиката т.е. "аутистичкиот аудиториум" на слика, на ниски страсти, отколку на добра музика..
И тоа е добар маркетинг но дегутантен според мене. Вредности кој му требаат? Дај таму нека се тресе нешто, да исплакне народ очи :) Шо ќе слушам ја животни филозофии :)
Сфатиле многу добро дека на човекот денеска му е битно да се најаде,напие,отспие после работниот ден и повремено да "поопшти" малку со неговата "подобра половина" :)
И што мајка му се рок бендови кои што ќе шират некаква свест,некаква револуција - боље да ги заќутиме - не им треба на ниедна држава носители на авангардни идеи -
Бидејќи сме бенд од Македонија и конкретно се бориме како бенд да не замре рокот во Македонија - повелете чујте нешто од нас:
Revoltmkd - Opstanok
--- надополнето: 4 мај 2012 во 11:29 ---
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Ќе ти дадев и 10 лајка само за песничето, браво. Ме радува што има бендови во Македонија што работат на стварање музика. Но со поголемиот дел од постот не се согласувам. Премногу генерализација. Има сеуште многу луѓе што ценат добра и квалитетна музика, не сите ја сакаат онаа шабанскана музика, и тие голотиите со тон силикони на нив. Но треба да поработите вие како музичари и како бендови за поголема застапеност на македонската музика на сите електронски медиуми. Не можам да ја сватам уредувачката политика, посебно на радијата да се емитува никаква музика па дури и пола век стара со никакви вредности. Та зарем требаше со закон да се уреди да се емитува 30% македонска музика. Да е до мене јас би го направил 80%. Ако во Македонија не се слуша македонска музика, каде на друго место? Направете здруженија, барајте го тоа, дали од совет за радио дифузија или што јас знам од кого, не знам кој е надлежен за тоа, изборете се за застапеност. Така и повеќе ќе биде слушана нашата музика а и вие како музичари ќе имате мотив да творите повеќе, и да има каде да биде слушнат вашиот труд.
Поздрав и секое добро, само продолжете така, претпоставувам и другите песни ви се вака добро како оваа, ќе побарам да слушнам и друго.

П.С. Го има ли албумот да се купи и каде?

П.П.С. Критиката е во позитивен смер, не ја сфаќај негативно, за да не се разочарувате, публика ќе имате, да продолжите да работите, па со позитивна енергија да почнете да го работите вториот абум (y)
 
Фала за критиката,не ја сфакам негативно бидејќи напротив критиката ако е објективна и добронамерна не може да биде лоша..
Што се однесува до албумот - веќе е достапен и на кајгана за бесплатно симнување како и на сите wеб портали. Можете да го симнете овде:
http://www.sendspace.com/file/9fzpuy
и во темата за Revoltmkd
Целта е насекаде да го распространиме и сите бесплатно да го добијат т.е. да им го подариме.
Би ти ја топло препорачал песната "Атеист" зашто го користиш тој nick. ;)
Верувај дека во Македонија нештата функционираат само во форма на герила маркетинг за рок и метал бендовите. Зошто самите продукциски куќи и телевизии се поврзани,заедно со студијата,плус Министерства за култура(знаеме кој е таму) плус агенција за млади и спорт..
Превод; потребни се многу пари за спотови,менаџери,снимања албуми,пари за учества на фестивали,ставање на евра у џеб на уредници во радио,телевизија за да те вртат или креираат топ листи на кои по 100 пати ќе ти исперат мозок со некоја песна :)
Затоа повелете гага, кој му се свиѓа нека слуша.
Поздрав
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ќе ти дадев и 10 лајка само за песничето, браво. Ме радува што има бендови во Македонија што работат на стварање музика. Но со поголемиот дел од постот не се согласувам. Премногу генерализација. Има сеуште многу луѓе што ценат добра и квалитетна музика, не сите ја сакаат онаа шабанскана музика, и тие голотиите со тон силикони на нив. Но треба да поработите вие како музичари и како бендови за поголема застапеност на македонската музика на сите електронски медиуми. Не можам да ја сватам уредувачката политика, посебно на радијата да се емитува никаква музика па дури и пола век стара со никакви вредности. Та зарем требаше со закон да се уреди да се емитува 30% македонска музика. Да е до мене јас би го направил 80%. Ако во Македонија не се слуша македонска музика, каде на друго место? Направете здруженија, барајте го тоа, дали од совет за радио дифузија или што јас знам од кого, не знам кој е надлежен за тоа, изборете се за застапеност. Така и повеќе ќе биде слушана нашата музика а и вие како музичари ќе имате мотив да творите повеќе, и да има каде да биде слушнат вашиот труд.
Поздрав и секое добро, само продолжете така, претпоставувам и другите песни ви се вака добро како оваа, ќе побарам да слушнам и друго.

П.С. Го има ли албумот да се купи и каде?(y)

П.П.С. Критиката е во позитивен смер, не ја сфаќај негативно, за да не се разочарувате, публика ќе имате, да продолжите да работите, па со позитивна енергија да почнете да го работите вториот абум
Зошто би се слушала само македонска музика во етер? Музиката не познава јазик, националност, религија или било каква поделба освен на добра и лоша.
Сега секој може да се промовира самиот себеси на soundcloud, youtube, bandcamp и сајтовите кои се слични на нив и да си се избори за заслужен статус.
Ептен ми беше глуп тој предлог закон што сакаа да го донесат за промовирање на македонски артисти, треба да ја слушаш Ноне и Ламбе на секој час демек со тоа нивната музика станува се подобра и подобра.
Исто и ме нервираат оние глупине кликање на линкови фејсбук за наши луѓе, демек кликајте да победи од причина што е Македонец без разлика дали вреди или не, па се случува чистачка во банка да донесува одлука за најдобар дет метал бенд во Скандинавија од причина што тапанарот Свен Крстевски бил внук на некој од нашите иселеници од Прибилци и 20 први братучеди од селото спамираат на се живо и диво на нет да се гласа за него, женичката видела линк на фејсбук и кликнала за нашиот.:facepalm:
 
Пријател си прочитал ама не си разбрал за што пишувам во мојот пост. Прво, зборувам за радија и телевизии а не за фејсбук-шмејсбук и слични срања.
Второ немој да ми кажеш дека некој си таму Мишо Ковач, Проливер драгоевиќ, џогани и слични срања кои се вртат по повеќето станици, посебно надвор од Скопје, дека повеќе ти се допаѓаат и ли пак се подобри од Ламбе. Добра и лоша музика, кога сите (скоро, ај да речеме има исклучоци) слушаме музика гага (торенти и сл.), кога никој не купува оригинални ЦД-а, не ни може да се направи саглам топ листа. Дури и радио станициве не ги купуваат, секоја чест на исклучоци, а башка ако си прочитал на секое ЦД пишува дека не е дозволено јавно емитување без согласност на сопственикот на правата. Сето тоа значи помалку пари за авторскиот труд.
Значи не зборувам дали „Ноне или Ламбе“ ќе ми станат посимпатични, туку дека слушаноста ќе донесе можност, бендови или пејачи ќе бидат мотивирани да творат оти ќе има каде да се слушне нивната музика.
Трета работа, ај послушај што се слуша на германски, шведски, француски, италијански.... радија, Ова е македонија и треба да се слуша македонската музика. А кој сака друго, има каде да го слушне.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Што се однесува до албумот - веќе е достапен и на кајгана за бесплатно симнување како и на сите wеб портали. Можете да го симнете овде:

и во темата за Revoltmkd

Поздрав
Линкот е поправен.
Линк за бесплатно симнување на целиот албум:
http://www.mediafire.com/?8axzmasjcfuarrz
Пријатно слушање рокери..
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Пријател си прочитал ама не си разбрал за што пишувам во мојот пост. Прво, зборувам за радија и телевизии а не за фејсбук-шмејсбук и слични срања.
Второ немој да ми кажеш дека некој си таму Мишо Ковач, Проливер драгоевиќ, џогани и слични срања кои се вртат по повеќето станици, посебно надвор од Скопје, дека повеќе ти се допаѓаат и ли пак се подобри од Ламбе. Добра и лоша музика, кога сите (скоро, ај да речеме има исклучоци) слушаме музика гага (торенти и сл.), кога никој не купува оригинални ЦД-а, не ни може да се направи саглам топ листа. Дури и радио станициве не ги купуваат, секоја чест на исклучоци, а башка ако си прочитал на секое ЦД пишува дека не е дозволено јавно емитување без согласност на сопственикот на правата. Сето тоа значи помалку пари за авторскиот труд.
Значи не зборувам дали „Ноне или Ламбе“ ќе ми станат посимпатични, туку дека слушаноста ќе донесе можност, бендови или пејачи ќе бидат мотивирани да творат оти ќе има каде да се слушне нивната музика.
Трета работа, ај послушај што се слуша на германски, шведски, француски, италијански.... радија, Ова е македонија и треба да се слуша македонската музика. А кој сака друго, има каде да го слушне.
Атеист не си Кант лебати :D , за да не разберам дотолку. Те разбрав само не се согласувам со тебе и ќе ти кажам зошто.
Тие истите радија што пуштаат турбо фолк и екс ју лимунади ако му имплементираш со закон тајминг за македонска музика ќе пуштат Милионерче и хитови од Сузана Гавазова, сигурно нема да го пуштат Тони Китановски, Мизар и Санаториум во етер и пак ќе бидеме бомбардирани од неквалитетна програма.
Јас не гледам така на работите барем кога се однесува за уметност вклучително и музиката тука, ништо не ми менува ако наместо некој македонски бенд ќе се откаже да прави музика ако за тоа не е доволно мотивиран финансиски или пак експониран во медиуми ќе успее на пример бенд од Чиле кој прави поквалитетна музика од нашите бендови.
Слушам само интернет радио и тоа го правам навистина ретко во последно време и не можам да тврдам каква му е програмата на интернационалните радио куќи но мене ми изгледа дека не е во ред. Ако е национален сервис се согласувам да има некакви правила, ама за приватни радио куќи ми е навистина глупо.
Еве ти си љубител на џезот и сакам да отворам џез радио во Македонија кое ќе емитува само џез музика, ако ме лимитира некој само да користам 50% од програмата во етер странска музика додека останата мора да биде македонска ќе можеш да ми направиш плеј листа од 12 часа со македонска џез музика?
Можам да ја замислам фацата на некој кој ќе го слуша моето радио три дена со ред.

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Рокенролот не е мртов, барем ние како бенд се трудиме во Македонија да не дојде до тоа, можеби да издавачките куќи повеќе ги интересираше идеја или подигање на свест,сеуште рок бендови ќе имаше и наместо продавање еротика (што очигледно повеќе се продава отколку музика) сеуште денес ќе гледавме концерти и ќе слушневме нови изданија и албуми..
Во Македонија постојат многу рок бендови кои се трудат да се пробијат на "сцената" но телевизиските медиуми сепак промовираат и пуштаат спотови и не трујат со неквалитет..
Не се работи можеби за тоа дека нема квалитетни бендови и денес нема добра музика, туку можеби издавачките куќи,телевизиите,и сите медиумски тела сфатиле дека повеќе "се пали " публиката т.е. "аутистичкиот аудиториум" на слика, на ниски страсти, отколку на добра музика..
И тоа е добар маркетинг но дегутантен според мене. Вредности кој му требаат? Дај таму нека се тресе нешто, да исплакне народ очи :) Шо ќе слушам ја животни филозофии :)
Сфатиле многу добро дека на човекот денеска му е битно да се најаде,напие,отспие после работниот ден и повремено да "поопшти" малку со неговата "подобра половина" :)
И што мајка му се рок бендови кои што ќе шират некаква свест,некаква револуција - боље да ги заќутиме - не им треба на ниедна држава носители на авангардни идеи -
Бидејќи сме бенд од Македонија и конкретно се бориме како бенд да не замре рокот во Македонија - повелете чујте нешто од нас:
Revoltmkd - Opstanok
--- надополнето: 4 мај 2012 во 11:29 ---
Си промашил тема, ама нема везе.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеист не си Кант лебати :D , за да не разберам дотолку. Те разбрав само не се согласувам со тебе и ќе ти кажам зошто.
Тие истите радија што пуштаат турбо фолк и екс ју лимунади ако му имплементираш со закон тајминг за македонска музика ќе пуштат Милионерче и хитови од Сузана Гавазова, сигурно нема да го пуштат Тони Китановски, Мизар и Санаториум во етер и пак ќе бидеме бомбардирани од неквалитетна програма.
Јас не гледам така на работите барем кога се однесува за уметност вклучително и музиката тука, ништо не ми менува ако наместо некој македонски бенд ќе се откаже да прави музика ако за тоа не е доволно мотивиран финансиски или пак експониран во медиуми ќе успее на пример бенд од Чиле кој прави поквалитетна музика од нашите бендови.
Слушам само интернет радио и тоа го правам навистина ретко во последно време и не можам да тврдам каква му е програмата на интернационалните радио куќи но мене ми изгледа дека не е во ред. Ако е национален сервис се согласувам да има некакви правила, ама за приватни радио куќи ми е навистина глупо.
Еве ти си љубител на џезот и сакам да отворам џез радио во Македонија кое ќе емитува само џез музика, ако ме лимитира некој само да користам 50% од програмата во етер странска музика додека останата мора да биде македонска ќе можеш да ми направиш плеј листа од 12 часа со македонска џез музика?
Можам да ја замислам фацата на некој кој ќе го слуша моето радио три дена со ред.
Не оти па вака па има квалитетна програма и на приватните медиуми, во суштина нема ништо да смени, ако емитуваат и македонска музика. И не ги ни слушам радијава кај нас. И јас си слушам интернет радија од причина што нема каде да слушнеш добра музика. И да те исправам, не сум љубител на џез музика, јас сум љубител и на џез и на рок и на метал и на класика....итн ако е квалитетна. За тие што ги спомнав погоре а и ти во текстот, дури ни музика не се. Што се однесува до еве хипотетичко претпоставеното прашање (т.е ситуација), за на пр. џез станица, еве постои една во Скопје ама не е за слушање иако нема ни 2 % македонска музика. Нон стоп истата музика претежно од пред 50,60 год, никаков водител, без концепција...и да не редам. Значи не е до тоа дали има македонска музика или не, а не дека нема да најдеш доста наша џез музика, има и тоа доста. Си пуштам брате на интернет и уживам, сакам рок, сакам џез, сакам класика, значи за мене и за тебе тоа нема да смени ништо (а и за многумина). Не ми одговори што се емитува на француска радио станица, на италијанска и тн.. а да не зборувам бугарска, српска.....
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Си промашил тема, ама нема везе.
Не. Туку напротив ти посочив дека рокот не е мртов и тоа во Македонија- со тоа што ти постирав да чуеш и да се увериш дека сеуште има музичари кои што творат рок музика..

Каде се рок бунтовниците? - Задушени од тоа што го напишав во првиот мој пост на оваа тема.

Значи не постојат рок ѕвезди..постојат енергични музичари коишто имаат што да кажат.. Причината зошто веќе ги нема - и тоа го објаснив и одговорив..
А во Македонија нема ѕвезди - туку неонки..
 
Ти си м постирал доказ дека во Македонија има рок бендови што се трудат...?
Ги знам доста такви, голем дел од тие м се другари...и искрено нема проблем.

Но само 2 работи:

1. Рокот во Македонија е мртов
2. Најбитното темата не е за рокот во Македонија и промоција на сопствениот бенд или тој на другарите :icon_mrgr:
 
Свака част друже :) Сам успеа да си погазиш све што имаш напишано, а јас сакав да те надополнам дека ако навистина цениш таква музика - тогаш дали како публика или како музичар ќе придонесеш некако да не исчезне тој жанр.. Или било кој што го цениш.Тоа барем Revolt се труди да го направи. Лесно е да мрчиш кај се овие или оние, денеска немало квалитет..тоа ти е кукање. Порано бендовите имаа Плочи и имаше дијамантски тиражи кои што лугето ги купуваа за да може да ги слушнат, и тоа беше стимул за еден бенд да продолжи да работи и да создава добра музика.. А денес -пиратерија и free download. Тие музичари кои што објаснив зошто погоре веќе се откажале - сега веќе е чиста реткост да ги има, зошто од фанови коишто ќе дадат 200 денари за да пијат у парк отколку да купат CD и да подржат некој бенд - НЕМА ФАЈДЕ..
Значи едино мора тоа да го работиш од кеиф и чисто ако имаш некоја идеја или си хиперпродуктивен па ете створи нешто и раздавај гага на публика која само така може да ја слушне целосно твојата креација..
Јас никаде никого не плукам, туку постирав нешто што е БЕСПЛАТНО, што е рок и што сепак е од Македонија и ти давам доказ да се увериш дека не е жанрот мртов и дека сеуште некои за разлика од тебе се трудат да не исчезне..со конкретен придонес - ЦЕЛ АЛБУМ. Така да,наместо да си едностран и да сфатиш дека сите бендови кои ги величаш имале влијание од некои други бендови кои тие ги величеле, можеш да речеш фала за гага и малку да се подзамислиш ШТО ТИ КОНКРЕТНО СИ НАПРАВИЛ ДА ПОДРЖИШ ИЛИ ДА ПРИДОНЕСЕШ ЗА РОКОТ ИЛИ МЕТАЛОТ било каде воопшто? Без разлика Македонија или свет..
Овој албум е на македонски, бесплатен е - и навистина човек треба да се замисли дали вреди овдека во Македонија да ствара музика..
Спомнав во Македонија затоа што овдека посебно никој не купува ништо, а во светот купуваат оnline.. Али ти живееш у Македонија :) Не мора Revolt да ги слушаш, земи подржи ги другите бендови што свират рок или било што да слушаш..
Ама суетни сме ние Македончињата, плукаме по свое - а трескаме глави на странски бендови чиишто текстови воопшто не ги ни разбираме :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom