Рокенрол ѕвездите се мртви?

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Архангел сум ги чул во живо и пеачот се додека не е многу издрогиран свирката е супер, ама ако е лом тоа на ништо не звучи.:)
Мизар.. Не им ја сакам музиката, настапот и така и така. Имаат нешто што го пренесуваат, можеш да ја видиш енергијата, само што мене не ми се допаѓа.
А Санаториум, не сум ги чул во живо никогаш.

Има ли некој помлад бенд, некој кој би го одсликал овој период?
Има бе...некст тајм :pos:
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.169
Поени од реакции
844
Coldplay се повеќе по алтернативниот рок. Не се слуша типичното рокерско во нивните песни (гитарата скоро и ја нема). Дури се среќава и пијаното - во песната Clocks. Незнам неможам баш да ги класифицирам Coldplay ама ги слушам, имаат добри песни :D Нивната музика ми е за chilling
Coldplay музиката е навистина одлична,посебно некои нивни "underrated" песни,ама тоа и не ме чуди,затоа што во глобала рајава следи снобовски срања што им се сервираат а и нема којзнае каков добар вкус за музика.Сепак,тука сме ние(помалку сме,ама сме за квалитет:)) кои знаат од прва да оценат што е добро,што е комерцијала,а што е направено колку да се потполни простор,ама тоа е веќе "junk-music".Како потврда за моето горно тврдење,ви препорачувам неколку мега-добри песни од Coldplay за кои мислам дека пошироката публика нема ниту слушнато>>> One I love,High speed,Low и секако според мене нивната најалтернативна и направена за сладокусци песна Ode to deodorant ,people enjoy> http://www.youtube.com/watch?v=nd5byxVJz9I
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Coldplay музиката е навистина одлична,затоа што во глобала рајава следи снобовски срања што им се сервираат а и нема којзнае каков добар вкус за музика.
И мене ми се допаѓа Coldplay, но не се согласувам со подцртаното. Секој има право на сопствен вкус. А за вкусовите ....
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.879
Поени од реакции
20.502
Може би се у право некои од членовите кога ќе кажат дека премногу сме зависни на некој начин од старите рок/метал бендови, она што порано значело да ти изгори душата од убав и добар рок. Периодот на прелапс на рок сцената ја видов после албумот на Металика - Мастер оф папетс, после тоа и Металика станува друг бенд само со исто име, горе доле на сите им е битна заработувачката, кога некој стил на музика опаѓа се бара алтернатива, со нешто што би се преживеала „кризата“ да речам, јас лично имам страшно голема дискографија од страшно големи рок имиња, мене на пример Џими Хендрис баш ми е Лектира, со него почнав и да слушам рок, не почнав со Дорс, него пјур ез кен би - Џими е Џими, и Џим Морисон, бендови со кои сеуште се поистоветуваат и идниве генерации, АС/DС, Black Sabath, Iron Maiden, Dream Teathre, и уште мал милион, опстојуваат сеуште, можеби немаат нешто ново, но тука се, нема пијанка на која сум седнала да не се извртат погоре споменатите, пратам ново и не дека нема добри, туку нема такви какви што ние бараме на какви што сме научени, се менува рокот, се си прави компјутерска обработка си стваш програмче ти вади се и сешто, друго било олд скул, гитарче, бубањ и цепаш и тоа у живо, ама тогаш немало толку мака се свирело од душа, сега веќе се е отидено во знакот на заработката и парите, така цел свет работи па и музиката, нема нешто кое се прави од душа и од тоа дека се гори од желба да се искочи на сцена и да се напраи еден страшен адреналиски концерт, сега гледаат да просвират и да си стаат паричка во џеб, не се откажувам дека ќе излезат понатака и други имиња кои ќе ни сменат мислење, но мислам дека ќе почекаме, а до тогаш има мал милион работи за слушање, нема шанси да ми каже некој дека се преслушал :)
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.504
Поени од реакции
8.078
аМарко, од македонските бендови моментално најактивен и со најбунтовни содржини во песните се Bernays Propaganda.
Ако сакаш бенд кој свири со малку поинаков сензибилитет Bei The Fish.

И дојди на Скрим фестивал да ги чуеш САНАТОРИУМ ВО ЖИВО. Значи бендиште!!!

И за ова со Ристо Вртев, чист е кога настапува. За разлика на пример од пејачот на The Daltons кој никогаш у живот не бил трезен :pos:

Останати рокенрол ѕвезди од Македонија... Па на времето имаше едни Паркети, ама сеа станаа ламинати :unsure:

Едит: Да се префрлам малку на светски рамки. Макс Кавалера на времето со Сепултура, сега со Соулфлај.
Ману Чао со дружината.

Има рокенрол ѕвезди, не берете гајле :) Само што еве на пример Сепултура можеше да се начека на MTV, додека SoulFly јок :(
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Може би се у право некои од членовите кога ќе кажат дека премногу сме зависни на некој начин од старите рок/метал бендови, она што порано значело да ти изгори душата од убав и добар рок. Периодот на прелапс на рок сцената ја видов после албумот на Металика - Мастер оф папетс, после тоа и Металика станува друг бенд само со исто име, горе доле на сите им е битна заработувачката, кога некој стил на музика опаѓа се бара алтернатива, со нешто што би се преживеала „кризата“ да речам, јас лично имам страшно голема дискографија од страшно големи рок имиња, мене на пример Џими Хендрис баш ми е Лектира, со него почнав и да слушам рок, не почнав со Дорс, него пјур ез кен би - Џими е Џими, и Џим Морисон, бендови со кои сеуште се поистоветуваат и идниве генерации, АС/DС, Black Sabath, Iron Maiden, Dream Teathre, и уште мал милион, опстојуваат сеуште, можеби немаат нешто ново, но тука се, нема пијанка на која сум седнала да не се извртат погоре споменатите, пратам ново и не дека нема добри, туку нема такви какви што ние бараме на какви што сме научени, се менува рокот, се си прави компјутерска обработка си стваш програмче ти вади се и сешто, друго било олд скул, гитарче, бубањ и цепаш и тоа у живо, ама тогаш немало толку мака се свирело од душа, сега веќе се е отидено во знакот на заработката и парите, така цел свет работи па и музиката, нема нешто кое се прави од душа и од тоа дека се гори од желба да се искочи на сцена и да се напраи еден страшен адреналиски концерт, сега гледаат да просвират и да си стаат паричка во џеб, не се откажувам дека ќе излезат понатака и други имиња кои ќе ни сменат мислење, но мислам дека ќе почекаме, а до тогаш има мал милион работи за слушање, нема шанси да ми каже некој дека се преслушал :)
Ова не може да е подалку од вистината.
Денеска е мал бројот на групи кои успеваат само од музика да вадат пари за леб па камоли з алуксузирање. Пак се постоветува рокот со звезди и слично. Рок/метал....не заборавајте метал сцената е огромна и има мал милион групи. барем 80% од тие бендови музикава си ја прават чисто затоа што сакаат да пават музика а инаку си имаат day jobs што би рекле.
Последно дознав за еден од најпопуларните метал бендови во светот My Dying Bride каде што сите членови имаат регуларна работа, а музикава и свирењево иако им е прва љубов сепак е скундарно баш ради не можноста да се покријат сите трошоци. Изјавата им беше нешо као: сите пари што ги заработуваме од бендот се инвестираат во нова опрема и идење на турнеја затоа што не е воопшто ефитно да пренесуваш огромни појачала од држава во држава. А напредокот на технологија тоест крпење на песни со компјутери е баш супер за таквит егрупи затоа што им штеди на време и на вложени пари.

Сите групи погоре што ги наброја се болно супешни и олни со кеш...ама за жал они не се ни 0.1% од музиката што се креира во светот. Не носете заклучоци такви дека денеска е глуо и бараат заработка. Нормално секој сака да заработи од тоа, само хипичкиот став на старите бендови (кои и јас ги сакам) е поради тоа што во тоа време имало помалку групи и парите стигале за сите па можече да се курчат со изјави као еве ние свириме од мерак а не за пари.
Ако е така зошто блек сабат се соедниуваат а имаат по 60 јебани години...сигурно не од љубов кон музиката. Милиончињата се топат и јде да направиме уште некое дур не држат нозе на стара слава :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750

Да не ги заборавиме тука и издаваќките куќи кои се најмногу криви за тоа што се случува општо со музиката денес. Тие ја направија музичката индустрија. Ја продаваат како да е нешто материјално.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Ристо не се дрогира колку што знам и скоро секогаш е на ниво на концерти. Суперхикс се кај нас рокенрол бенд кој може да собере повеќе луѓе во моментов.
Ne, shto e toa droga? Se izvinuvam za latinicava.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.163
Поени од реакции
25.862
Прво честитки за темата и за нивото на дискусијата па да направам еден обид за придонес. Бидејќи насловот се однесува на ѕвездите ќе пробам да се задржам баш на тој начин иако е неизбежно да навлезам и во една друга тема зошто општо рокенролот е мртов. За да се стане рок ѕвезда а не само рокер се потребни повеќе работи ама јас бидејќи сум склон на генерализации ќе се задржам на 5 фактори покрај оној што се подразбира а тоа е дека музиката треба да биде рокенрол. Не по некој посебен редослед:
1. Тајминг
2. Пробивање
3. Оригиналност
4. Општоприфатеност
5. Адаптибилност

Сите овие услови мора да се исполнети за да се стане рок ѕвезда, освен можеби третиот кој знае да биде и пофлексибилен како услов. Еден по еден.

Тајмингот е многу битен, односно кога се појавува музиката и бендот и нивниот идентитет. Еден банален и екстремен пример-замислете Ролинг Стоунс да се појавеле со тој звук и тој имиџ во 19ти век. Дали ќе стане ѕвезди или ќе беа отфрлени како ненормални лудаци? Значи твојата музика, твојата порака и твојот имиџ мора да соодветсвуваат со генералната побарувачка на масите во периодот. Класичен пример-Хендрикс, Џоплин, Ху, Јес, Д бенд, Грејтфул Дед нивниот имиџ на некоја си утопија, слобода, дрога, секс, антивојна, сите се сакаме, ЛСД итн. Замислете како би се уклопил 50 Сент во тоа време?
Многу бендови кои не ги знаеме имаат стварно што да понудат ама поради немање начини и средства не постигнале многу. Порано тоа било многу заебано. Се чекало пред продукциски куќи, се молело се плачело за состанок со некој си курац и пол од ЕМИ или Атлантик рекордс или било кој...Начинот како бендовите се пробивале на времето е одлично претставен на пример во овој филм:

Некој ќе каже дека сега е полесно, поради интернетот, ама само делимично ќе се сложам. Од една страна со интернетот имаш пристап до огромна маса, ама од друга страна што и да презентираш се губи во морето на ванаби артисти, а не секој е ентузијаст да чепка по интернет и да открива нови бендови. Со други зборови интернетот денес е менаџерот на продуцентската куќа тогаш. Тогаш си морал да стигнеш до менаџерот и да го натераш да се заинтересира. Денес мораш интернетот да го натераш да се заинтересира. Секако не мислам дека уште не постои традиционалниот начин на пробивање и тој уште си држи статус. Ама кој начин и да го одбереш е заебано, не невозможно ама исклучително тешко.
Оригиналноста не е неопходна ама не е на одмет. Многу бендови успеале и како копираши на други, меѓутоа оној синдромот дека ова е нешто ново и нечуено и те како знае да запали. Многу бендови пробувале разноразни експерименти на нов звук на фузија, на мешање на 2 или повеќе стилови. Некои биле успешни некои не. На Rage against the machine на пример им успеа со онаа да ја речам рап-рок музика, на Нирвана со гранџот, а на Џој Дивижн со постпанкот. И пред да мрчат хард-кор-рок паметњаковичите под ова не подразбирам дека мора екслузивно они да ја иновирале таа музика, меѓутоа никој претходно никој не успеал да ја пробие на тоа ниво.
Општоприфатеноста е барем по мене најбитен критериум. Ако сакаш биди Франц Шопен во рок музиката ако не си оштоприфатен нема да станеш ѕвезда. Барем по мене Dream Theater се креативно и уметнички гледано еден од најдобрите бендови во рокенролот не само денес него од неговото постоење. Ама музиката што ја прават, маестрално играјќи си со хард рокот, металот, прогресивот па дури и џез елементи е многу тешка за масите и не е за сечие уво. Од друга страна Ју Ту со геј песнички и лејм текстови и музика се најпродавани. Искрено они се феномен. Намерно нови девојки кога упознавам ги прашувам на кој концерт би сакале да одат, и тука они ми набројуваат 2-3 бенда меѓу кои Ју Ту е спомнат во преку 80% од случаевите вака цирка од голо око. Ју ту се поим за општоприфатеност, само на граница се дали се рок или поп па затоа се поп-рок.
Адаптибилноста не се однесува можеби толку на моментот како да станеш рок ѕвезда туку како да се одржиш. Ако сега се појават некои нови Битлси со некоја нова Твист енд Шоут нема да пројдат, затоа што то је веч видено и му прошло времето. Боуви на пример е типичен пример за камелеон низ годините. Меѓутоа не можеш вечно да си адаптибилен. Дури и за легендарните К-15 сега викаат дека не се тоа што беа, а на времето немаше живо пиле на улица кога имаше К-15. Сега поретко кој ги гледа на Алфа.

Овие фактори пробав да ги одделам како посебни иако реално се во тесна корелација и ќе пробам тоа да го објаснам. Бунтовништвото не е фактор за рок ѕвезда. Колдплеј и Ју Ту (ако воопшто може да се класифицираат како рокенрол) повеќе личат на нежни гејчиња од Вил енд Грејс одколку на бунтовници па еве ги на секоја радио станица ама они прават општоприфатена музика. Ниту пак тоа дека мора да си мртов за да станеш ѕвезда. Да смртта си повлекува некој повисок пиедестал, поради самата смрт не од што тој кога умрел на луѓето им дошло до неговата музика. Квин масовно полнеа концерти кога Фреди беше жив, исто и Металика исто и Стоунси. Обично условов важи ако правиш музика што народски е наречена-пред времето. Значи ќе се навратам на примерот од горе, ако Нирвана се појавеле во 19-ти век ќе биле запалени, ама ќе биле слушани во доцниот 20-ти век како авангардни револуционери. Поради тоа некогаш грешно се толкува дека мора да умреш за да те слушаат. Не, не мора, ама мора да го погодиш тајмингот.
Сепак главната причина која ги соединува сите 5 фактори и поради која рок ѕвездите се мртви е-моменталните преференци на широките маси. Музиката има дуална функција-како уметност и како забава. Кога Пинк Флојд и Лед Зепелин биле хит се ценел и рокенролот и уметноста. Сега се цени само забавата одосно моторичката функција на музиката, како на пример денс хитчиња за да можат попалени тинејџерки во Хавана да вриштат-јееееее мојата песна дај водка боровница. Лош тајминг воопшто за рокенрол ама можеби сепак добар момент за правење рокенрол од типот на Оууу бејбе, не могу живети без тебе (ако воопшто е тоа рок).Ама па дури и таквиот рок е веќе измислен од Ју ту (на пример) и е веч видено па нема оригиналност. Сепак некои бендови како Кингс оф Леон и Никлбек успеаа да се протнат на тој принцип, ама па не се баш блиску од ѕвезди-ѕвезди и масовна хистерија. Си можел на пример во 19-ти век да кажеш јас ќе освојам планински врв што не е освоен. Сега не можеш. И со рокенролот си има граници до каде можеш да отидеш, и тие граници ако не се до крај истражени мислам дека се барем над 85% покриени. Не можеш да измислуваш топла вода темелена на рок музика. Значи ако на општата незаинтересираност за рокот кој не може повеќе да биде препородуван му се додаде тешкиот начин на пробивање, адаптибилноста кај старите бендови која не може да биде вечна и особено тешкиот услов сето тоа да биде општоприфатено од масите (затоа што реално малку се начините како некоја музика да биде ем рок ем општоприфатена и горе долу сите се веќе измислени) ја добиваме синтетизираната равенка за смрт на рок ѕвездите.

А рокенролот како што кажа burn 84, не е мртов барем не до крај. Има милион работи што вреди да се чујат ама поради причиниве од текстот погоре завршуваат кај мала група страственици.

Благодарам на тие што дочитаа до крај дури и јас би се откажал. И еден поздрав со за мене рок ен рол симфонија и ремек дело и тоа замислете од 21 век. Ministry of lost souls на Dream Theater од за мене омилениот и култен албум Systematic Chaos од 2007-ма.

Пер дај бе со постовиве...се осеќам ко ана карениња да ја читам
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ne, shto e toa droga? Se izvinuvam za latinicava.
Бобо се обидуваш да бидеш саркастичен? Јас не ги следам трач магазините многу и навистина не знам што се случува во последно време со него, но додека беше активен сум прилично сигурен дека не се дрогираше, пушење трева не го подразбирам под дрогирање.
Ристо е склеротичен и ги заборава песните, но никогаш не направил лош концерт како што пријателот погоре рече кога му реплицирав.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.169
Поени од реакции
844
И мене ми се допаѓа Coldplay, но не се согласувам со подцртаното. Секој има право на сопствен вкус. А за вкусовите ....
Види,па како го објаснуваш тоа што некои стварно срање песни или спотови на Youtube имаат неколку милионски прегледи,а високо-квалитетни песни едвај по неколку иљади,затоа го реков тоа за рајата дека у глобала немаат вкус,поздрав ;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
D
Види,па како го објаснуваш тоа што некои стварно срање песни или спотови на Youtube имаат неколку милионски прегледи,а високо-квалитетни песни едвај по неколку иљади,затоа го реков тоа за рајата дека у глобала немаат вкус,поздрав ;)
De gustibus non est disputandum
Дали знаеш, дека Винсент Ван Гог, за својот живот продал само една слика.
Бах, после смрта бил заборавен се додека Менделсон повторно не го „ открил “
Мозарт, умрел сиромашен и погребан е во заеднички гроб.
Не само во уметноста, овакви неправди има и во други појави. Адолф Хитлер го поздравувале милиони. Кога Чаплин го снимил филмот Големиот диктатор 1940, во САД имало критики дека со тој филм се подбива со претседателот на една „пријателска земја “
Значи, секој од нас има свој вкус и треба да држи до своите критериуми, а времето ќе го каже своето.
Многу групи во шеесетите години беа многу популарни а сега никој не ни знае за нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom