Ристо Шишков

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Мислам дека овој македонски херој заслужува свое место во историја. Не можев да најдам повеќе слики.



Еве ја неговата поема:

”Земи ги.......очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два
златни синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја........устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски,
од Грамос и Вичо планина
роден во време опасно,
време комунистичко.
Комунистиве глава кренаа
и мене в зандана турија
за моја жална
Македонија.
Комунистиве ми даваат
рубата комитска
да се претворам во
Турунџе
да се претворам во Гули
војвода
за да си ладам душава
душава моја изгорена.
Не сум ти јас Турунџе
ниту сум Гули војвода
јас сум си самиот комита-
Ристо Беломорски
Дај ми го..........шмајзерот
јас да си одам в планина
там да си најдам дружина
дружина одбор комити.
На Грамос
ќе најдам Делчета
на Пирин ќе најдам
Сандански на Бигла ќе најдам Јордан
Пиперка.
Дружба да дружам
со комити
дружба да дружам,
бој да си бијам
бој да си бијам со три
ламји со три аждаи
со варварите, татарите и
србоманите
што ми грабнаа убава
девојка,
ја грабнаа и оковаа со три
синџири.
Роб робува убава девојка
роб робува седумдесет
години.
Дај ми ја..........сабјата
сабјата дипленица
да си искинам синџири
седумдесетгодишни
да си ослободам девојка
робинка
девојка робинка - лична
Македонија.
Земи ги........очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два
остри синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја........устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски
од Грамос и Вичо"
 
Член од
25 мај 2005
Мислења
142
Поени од реакции
0
Ми беше интересно да научам коj е Ристо Шишков и видоф за него во Википедиа. Од тоа разбраф, што е голем македонски театрален деец.
А зошто е хероj?
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Ми беше интересно да научам коj е Ристо Шишков и видоф за него во Википедиа. Од тоа разбраф, што е голем македонски театрален деец.
А зошто е хероj?
Затоа што не бил Србофил и Бугарофил.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Шишков е херој ипол, и покрај тоа што ја има напишано најубавата поема македонска има направено нешто што ретко кој може да се пофали. Шишков е во редот на оние кои ги среди Удба и комунистите!

Шишков кога го снимаше филмот Води еден ден се појавил пијан и почнал да пцуе се српско и хрватско, и зборел лошо за тито. И поради тоа секако во затвор си оди.

Исто така е обвинет поради тоа што во хотелот Бисер пцуел се српско и хрватско исто така. :)

Инаку од него само една песна е зачувана и тоа прво ја немаше долго време а подоцна од Австралија некои луѓе ако знам убаво мислам ја пратија до некој си новинар па овој ја објави, а овие ја имаа најдено од некоја жена која изгледа Шишков ја сакал и и пишувал писма.

Поздрав
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Бидејќи Шишков ни беше семеен пријател, од прва рака:

- затворен е заради тоа што јавно го опсу Тито, односно заради “сквернавење на ликот и делото на другарот Тито’’. Таква беше формулацијата тогаш, бидејќи имаше закон кој го штитеше ликот и делото на Тито. Во суштина, тој закон ги штитеше малите деспоти по републиките кои му се улизуваа на Тито за своја корист.

Кога го уапсиле Шиков, всушност имало опасна кавга во која тој опсул еден друг тогашен висок функционер, и кога дошло до тоа дека функционеров е близок до Тито, Шишков продолжил со - ма и на него (Тито) мајка-шајка. Сигурен си дека и на Тито му се обрато? Да, и на него мајка-шајка.

Шишков никогаш не псуел “се српско и хрватско’’, тоа едноставно не е точно, тој беше ретко широк човек, “људина’’ и за Србите и за Хрватите. Затоа не е упатно да му се припишува шовинизам, кај него тоа не постоеше. Впрочем, кај Македонците немаше шовинизам, бевме најмирни и најпријателски расположени како народ, немавме типови како во Србија и Хрватска - се до појавата на Љупчо Георгиевски.

Се на се’, Шишков е еден од најголемите македонски патриоти! Не е централна личност меѓу интелектуалците (многу од нив “прикриени’’ заради ситуацијата тогаш), но по прашањето за македонштината е чист како солза.

Секогаш оставам пари во фонтаната кај парк Жена Борец во негова чест.
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Бидејќи Шишков ни беше фамилијарен пријател, од прва рака:

- затворен е заради тоа што јавно го опсу Тито, односно заради “сквернавење на ликот и делото на другарот Тито’’. Таква беше формулацијата тогаш, бидејќи имаше закон кој го штитеше ликот и делото на Тито. Во суштина, тој закон ги штитеше малите деспоти по републиките кои му се улизуваа на Тито за своја корист.

Кога го уапсиле Шиков, всушност имало опасна кавга во која тој опсул еден друг тогашен висок функционер, и кога дошло до тоа дека функционеров е близок до Тито, Шишков продолжил со - ма и на него (Тито) мајка-шајка. Сигурен си дека и на Тито? Да.

Шишков никогаш не псуел “се српско и хрватско’’, тоа едноставно не е точно, тој беше ретко широк човек, “људина’’ и за Србите и за Хрватите. Затоа не е упатно да му се припишува шовинизам, кај него тоа не постоеше. Впрочем, Македонците немаше шовинизам, бевме најмирни и најпријателски расположени како народ, немавме типови како во Србија и Хрватска - се до појавата на Љупчо Георгиевски.

Се на се’, Шишков е еден од најголемите македонски патриоти! Не е централна личност меѓу интелектуалците (многу од нив “прикриени’’ заради ситуацијата тогаш), но по прашањето за македонштината е чист како солза.

Секогаш оставам пари во фонтаната кај парк Жена Борец во негова чест.
Долго време го разгледував подфорумов и знаев дека некој ми фали од поновата историја. Ај кој има слики нека ги постира. Да си одберам некоја убава за аватар.
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
59
Поени од реакции
2
Morame da povedeme inicijativa za rehabilitacija na licnostite od kulturata, politikata i drugite opstestveni sferi koi bile izmacuvani, ponizuvani i unistuuvani od poranesniot sistem kako risto siskov, venko markovski, pavel satev, cento, panko brasnarov,i golem broj na drugi licnosti koi poradi svoite idei bile maarginalizirani i kaznuvani.........no i onie koi gi vrsele tie torturi da bidat staveni na "zidot na sramot" i javno da bidat prozivani....DA ZIVEE MAKEDONIJA
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11
Шишков никогаш не псуел “се српско и хрватско’’, тоа едноставно не е точно, тој беше ретко широк човек, “људина’’ и за Србите и за Хрватите. Затоа не е упатно да му се припишува шовинизам, кај него тоа не постоеше. Впрочем, кај Македонците немаше шовинизам, бевме најмирни и најпријателски расположени како народ, немавме типови како во Србија и Хрватска - се до појавата на Љупчо Георгиевски.
Ljubcho e rodum bugar. Ne deka nema drugi, makedonci.:smir:
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Значи Шишков а не Љубчо.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
Грамос, Вичо...

Ех, маки Македонски...

ке го гледам Црно Семе во следната прилика повторно, не ќе е лошо и жена ми да го ѕирни :)

поемата е... ко шо пишав горе, маки Македонски...

дајте поќе инфо за типот , не ми се гугла, ќе заглавам на некои бугарофилски сајтови каде и амебите се благонадежни вошки...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Шишков, Рацин, Ченто, Гугуловски... не се малку тие кои се поништени...

Сум ги гледал сите филмови во кои има глумено...

Сега ќе разгледам по нетот што се има... а вреди за овој ЧОВЕК.





Википедија
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
дајте поќе инфо за типот , не ми се гугла, ќе заглавам на некои бугарофилски сајтови каде и амебите се благонадежни вошки...
Шишков е роден во Серско и е од “децата бегалци’’. Умре многу млад, на 45-6 год. И татко му умрел млад, заради маки по грчки затвори.

Шишков можам да го опишам како најдобродушен човек со огромна енергија, многу праведен, страшно емотивен и многу директен. Затоа и беше интересно да се слуша таков шовек, зошто се’ можеше да каже отворено, а иако грамаден по става, можеше да заплаче пред сите од преголемата емотивност!

Ова што му калемат дека навредил некого на национална основа, не се сомневам дека нешто рекол, впрочем така се зезаа едни со други сите уметници тогаш. Но најверојатно на суд така го извртеле кажаното за да изгледа дека се работи за шовинизам, а против “братството и единството’’. А Шишков, беше уметник, едноставно немаше капацитет да му помисли зло на некого, во тоа сум убеден! Она што е посебно гнасно е крајно снисходливиот пристап на Македонските властодршци тогаш (внимавајте, не ги нарекувам комунисти), кои како едвај да дочекаа да има ваков случај за да напредуваат во кариерите врз грбот на Шишков.

Шишков и неколкумина интелектуалци се собираа во доста екстравагантниот дуќан на еден кројач кај Чешма, во населба Кисела Вода. До него имаше кафана односно неколку локали кадешто до доцна во ноќта ги продолжуваа муабетите. Бидејќи не беше многу препорачливо да се пишува за македонското прашање мимо дозволеното, тоа прашање се одржуваше во живот преку вакви средби.

Епицентарот беше поранешен “Букет’’, тогаш лоциран буквално во дворот на зградата на НИП Нова Македонија, но и неколку други места како на пр,. Клубот на пратениците. Беше чест да се седи на маса или до масата на нашите најголеми интелектуалци. Во Букет имаше еден келнер по име Тито (ретко име) и кога некој како Шишков сакаше да се “испука’’ по македонското прашање, тогаш го викаа, го караа и го “псуеа’’ келнерот.

Покрај класичните интелектуалци со кои Шишков општеше кај Чешма, ми текнува и на еден сојузен судија, кој исто така беше човек со голем интегритет и предан на Македонското дело -- а го спомувам бидејќи и тој почина минатата година –- М. Наумов.

Поентата е дека Шишков беше “отстранет’’ од страна на тогашните власти, тоа се употребуваше како израз за целосна изолација, нешто како екскомуникација во католичката црква. Сите негови филмови, снимки, итн. беа ставени на сигурно. Сходно, Шишков не доби ниту едно признание за својата дводецениска дејност, во време кога признанија се раздаваа на ангро.

Има многу да се зборува, но ако некој го најде фељтонот во Нова Македонија од Гоце Ристовски, “Така живееше и така умре Ристо Шишков’’, да го постира тука. Јас, за жал, немам услови.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Трагично е како некои теми ќе бидат разговарани само во насока на патриотизам. Човекот е еден од најголемите македонски актери било кога...
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Трагично е како некои теми ќе бидат разговарани само во насока на патриотизам. Човекот е еден од најголемите македонски актери било кога...
За тоа праша Сердарот, затоа таков призвук му дадов на одговорот. Но еве што пишува “Македонско Сонце’’ за неговата глумечка кариера:

Монографија за феноменот Ристо Шишков

ВЕЛИКАН НА МАКЕДОНСКОТО ГЛЕДАЛИШТЕ

Пишува: Милева ЛАЗОВА
  • Ристо Шишков е актер кој во историјата на македонскиот театар зазема прецизно и исклучително место.
  • Прославениот македонски актер, Ристо Шишков, живееше и создаваше кратко време. Тој почина на 46-годишна возраст кога го достигна центарот на своето актерско творештво, кога најмногу можеше да му даде на театарот, кога најмногу беше потребен. </U>
На годинешниот Фестивал на камерен театар "Ристо Шишков" во Струмица беше про- мовирана монографијата "Шишков". Содржината на книгата изобилува со текстови од повеќе македонски актери, театарски критичари, режисери, театролози, писатели кои говорат за личноста и делото на големиот македонски актер - Ристо Шишков. Приредувач на оваа монографија е Јелена Лужина, а издавач на монографијата е Фестивалот на камерен театар "Ристо Шишков".

Според приредувачот Јелена Лужина, со оваа книга за актерското мајсторство на Ристо Шишков што во протег на релативно краток век од одвај дваесетина години (од 1962 - 1964 до 1984 - 1986 година) сака да се постигне одредена цел. Таа е да се понуди што е можно поразноводна, ама сосема конкретна научна/театролошка аргументација/експликација на позицијата и статусот што Ристо Шишков за себе ги изборил во поновата историја на македонскиот театар, филм, телевизиската продукција, како и во радиото. Всушност, авторите застапени во монографијата се занимаваат исклучиво со конкретни, научно-методолошки проверливи ("измерливи" - "доказливи") елементи што го структурираат (творат, градат) феноменот Шишков.

Едуциран според принципите на театарската школа на Станиславски, односно според онаа варијанта на таа школа каква што се практикуваше (како метод) на тогашната белградска Академија, Шишков темелно ги совладал нејзините два најсуштествени методолошки посулата: актерско/творечко самопочитување и фамозниот процес на преживување.

Неспорно талентиран и неспорно одлично подготвен за својата идна мисија, Шишков најпрво чиракувал во реномираниот театар каков што е Југословенско драмско позориште. Во раните шеесетти години овој театар се уште важел за репрезентативна институција во која има место само за најдобрите. Несомнено е дека Шишков е еден од нив.

Во текот на својата 26-годишна професионална кариера, Ристо Шишков играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, "Води", неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, додека бројот на радиодрамите не може да се утврди, заради непостоечка документација. Безмалку половина од сите ролји што ги одиграл се главни, околу четвртина се насловни: Иванов, Дон Цезар, Мезгрејв, Хелдерлин, Леоне Глембај, Питу Гули, Гоце Делчев...

Добитник е на две филмски награди - и двете на Фестивалот на актерски остварувања во Ниш, за филмовите "Планината на гневот" (1967 година) и "Најдолгиот пат" (1976 година) и на само една театарска награда на МТФ "Војдан Чернодрински" во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата "Крчма под зеленото дрво". Него го познаваат како маркантна физичка појава со нагласена присутност не само на театарската сцена, туку и во секојдневниот јавен живот, со "општомедиумска слава", екстровертна личност со "бујна" природа.....

Многумина овој врвен актер го опишуваат како "вонредно талентиран", "високо креативен", "мошне интересен", "експресивен", "робусен", "маестрален", "врвен", "голем", "генијален", "фантастичен", а најмногу му прилега епитетот "великан на македонското гледалиште".

Прославениот македонски актер Ристо Шишков живееше и создаваше кратко време. Тој почина на 46-годишна возраст кога го достигна центарот на своето актерско творештво, кога најмногу можеше да му даде на театарот, кога најмногу беше потребен. Прерано замина од драмската сцена, филмот... Сепак, тој остави впечатливо актерско дело, остварено најмногу на театарската сцена. Зад себе остави брилијантни актерски улоги. Ценејќи ја важноста на делата кои ги остави личноста каква што беше Шишков, градот Струмица стана традиционален домаќин на Фестивалот на камерен театар што со гордост и пиетет го носи името на драмскиот уметник на сите времиња - Ристо Шишков.

Еден од авторите во "Шишков - монографија", актерот Костадин Дрваров, својот текст го започнува со изреката на Ефрос:

Кога за еден артист велат дека е "мајстор", јас гледам човек кој е способен вистинито да го отвора своето срце на сцена.

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2002/sonce435/Tekst28.htm


.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Долго време го разгледував подфорумов и знаев дека некој ми фали од поновата историја. Ај кој има слики нека ги постира. Да си одберам некоја убава за аватар.



 

Kajgana Shop

На врв Bottom