Ристо Самарџиев е роден во 1964 на 17 август. Тој својата музичка кариера ја започнал кога имал само 16 години. Тој ја формирал групата Цилиндер во 1981 која била прва група во Македонија што го прифатила новиот бран како правец во Рок музиката. Во групата членови беа Мики Димовски-сегашен тапанар во Архангел, Петар Ренџов-музичар кој сеуште активно се занимава со музика и др. Групата силно влијае на многу млади луѓе кои се занимаваа со музика тоа време. Во јуни истата година групата освојува прво место на ЗАЈАЧАРСКАТА ГИТАРИЈАДА - фестивал за рок групи кој што претставува силен рок фестивал тоа време. Цилиндер на тој начин станува прва група Македонија која го освоила овој фестивал иако претходно учествувала групата Леб и Сол. Со групата Цилиндер имал преку 150 концерти меѓу кои и концертите во Ниш, Загреб, Сараево, Нови Сад, Зеница и низ сите градови во Македонија. Автор на сите песни и композиции е Ристо Самарџиев се додека во составот на групата не влегува и Петар Димовски како втор гитарист во групата. После една година пауза се распаѓа групата Цилиндер и се формира групата Хаос ин Лаос со кои имаат повеќе од 20 снимки за Радио Скопје и важат за најдобар состав во подоцнежниот романтизам. При крајот на групата Хаос ин Лаос сосема случајно добива покана да учествува на Макфест со песната Чили Вили како соло пеач. Во 1987 со својот се уште рокерски изглед на однесување на сцена ја освојува наградата за најдобар сценски настап и најдобар дебитант. По оваа песна го добива пекарот Чили Вили, а песната станува Мега хит во тоа време во Македонија. После овој настап тој продолжува да работи самостојно што му донесува повеќе ангажмани и можности сам да креира и компонира. Три години подоцна снима неколку самостојни композиции, а во исто време стигнува поканата да работи на детската музичка серија Дајте Музика за која што ја прави најавната шпица заедно со некои композиции во серијата. Во тој период има неколку настапи на Макфест преку кои зазема важно место во нашата музичка сцена. Во 1993 компонира и ја пее фудбалската химна на репрезентацијата Црвена за која што вели дека му е најдрагиот успех во кариерата. Истата година повторно се враќа во рок група Меморија со кои го снимаат албумот 5 за кој велат дека е најдобриот албум на Меморија. Таа година Ристо Самарџиев е избран за пеач на годината. Активноста со групата Меморија трае до 1997 година кога Ристо учествува како комплетен автор и изведувач на песната Таму Кај Што Си на Макфест и ја добива Првата награда а песната станува Хит на годината и Ристо повторно станува пеач на годината. Во ова време со истата песна учествува на неколку интернационални фестивали во Португалија, Памукале - Турција, Славенски базар во Русија од каде се враќа со неколку награди и признанија. 1998 се појавува првиот самостоен албум Таму кај што си во кој што соработува со Кокан Димушевски, Венко Серафимов, Дамир Имери, Давор Јордановски и др. познати музички имиња. 98 не учествува на Макфест, а 1999 повторно го освојува првото место на Макфест со Песна за Љубовта. Истат година освојува награда за текст на песната Златна Река која ја исполнува Стево Чепишевски. Во меѓувреме зема учество и на други фестивали како Скопскиот фестивал и Охридски Трубадури од каде што произлегуваат композициите Еден живот живеам, Не Верувам, Кажи ми сонце и др. 2000 година го создава својот втор албум Патеки и Улици. Во двата албуми провејуваат песни со етноелементи но и вистинскиот поп песни како и песни во кои што се чувствува влијанието од времето кога Ристо бил рокер. Месец подоцна Ристо, заедно со Фидан Јаќовски, го издаваат албумот Долго Топло Лето кој концепциски е сосема различен од другите два. Се работи за музика која е компонира од текстови на познати македонски и светски поети што покажува дека тој сака да експериментира со музиката. 2002 неговата композиција Кажи Љубов чиј изведувач е Биба Додева зема прво место на Макфест. 2003 работи на сценариото и сонговите на детската балетска претстава Петар Пан која што на престижниот фестивал на детето во Шибеник е посочена како представа на фестивалот. Истата година учествува на 100 години Илинден во Опера Хаус во Сиднеј Австралија заедно со повеќе уметници од Македонија меѓу кои и уметниците на Танец. Во 2004 освојува награда за најдобар текст и аранжман на песната Ода за една љубов на Макфест во исполнување на Аренси Бенд. Во 2005 учествува повторно на Макфест каде што освојува награда за најслушана песна Таму кај што си на Радио Штип и награда за најдобар текст на песната Сети се на мене. Во меѓувреме тој напишал преку 100 песни за деца, повеќе од 50 композиции за возрасни, а следниот предизвик му е музиката за балетската представа Пепелашка, четвртиот албум и комплетирање на песните за деца. 2005 исто така беше член на главната жири комисијата во Витебск – Белорусија на Славјански базар каде што имаше свој настап во ревијалната вечер. Во голем дел од музиката на Ристо Самарџиев користи дел од фолклорните елементи и во ритамот и во текстовите и ги прилагодува во поп музиката.
и песната која според мене требаше да оди на Евровизија таа година