Рецепт за успешно учење

rowling

Desperate Cranberrie
Член од
31 март 2007
Мислења
290
Поени од реакции
8
Рецепт...чекај да дојде полноќ(а до тогаш лигави се по дома,пред компјутер) и до 2 саат ќе се лигавиш пред книги,истовремено читајќи нешто што тебе те интересира...е сега ако има некој тест...ќе седнете порано накај 11 и до 2-3,со чоколатце или некое овошје до вас ќе научите...и ако случајно не извадите нај нај оценка...тогаш одите на усно(иако ретко се случува)... македонски писмени не се рачунаат...инспирација иде на час... и така...
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Нема некој посебен рецепт...само треба да имаш желба да си ги прошириш знаењата и книга до тебе......и да знаеш да читаш. Друго не ти треба.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.401
Поени од реакции
5.953
Исклучи компјутер, отвори ја книгата и заинтересирано истражувај ги нејзините содржини 2-3 часа за комплетен успех.

Паузи при учењето... што знам мене ми делуваат поинаку, ако направам пауза еднаш, се заиграм на компјутер или се задлабочам во нешто сосема трето не се враќам пак на учење.

Нема рецепт, нема правила, има само желба за учење, навика за учење или мрза. Најдобро знам по себе, додека не исклучам се` и да седнам вистински да научам не можам да очекувам мрзата сама да исчезне. :)
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Или уклучи компјутер, пред тоа прочитај ја лекцијата, пребарај на гугл во врска со тоа, и повеќе ќе запамтиш со еднаш прочитани опширни објаснати информации со поќе слики и текст, одколку онака нафрлани податоци како што се во учебникот, ама пред се ти треба желба да научиш, побрзо и полесно се учи така
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Жал ми што јас никогаш не успеав да го направам ова,ама се надевам дека некој млад бруцош ке прочита и ке се ,,усреќи".
Една моја колешка која многу ја почитувам правеше вака.Учеше секој ден,од 9 до 15 или 16 часот.Од 16 до полнок секој ден беше испадната на кафе,со дечкото со другарките....за се имаше време.Секој испит го положуваше со минимум 9.Одеше и на колоквиуми и на цели испити.Викаше дека си фатила ритам и дека и е супер.Дипломираше меѓу првите во генерација ако не и прва.
А јас како и мн други,учев послединте 5 дена за материјал од 200 до 300 страни по 15 саата,добивав 6ки,а никогаш немав време за ништо.Ке речам ке учам ама ке седам пред комп.Или ке учам па ке ми текне да јадам...катасрофа...
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
239
Поени од реакции
5
Колку и како ке научеме зависи од повеке фактори како на пример:
-степенот на заинтересираност кон тоа шо го учеме;
-степенот на сложеност на тоа шо го учеме;
-интелектуалните способности на личноста и сл.

Значи нема некој посебен рецепт освен , концентрираност на таа содржина шо треба да ја научеме и исто така битно е да не учеме `кампањски` последните денови кога веке ке имаме премногу насоберано за учење туку да ни биде убаво организирано
 

Potato

Cold hearted
Член од
18 мај 2007
Мислења
4.924
Поени од реакции
86
Па како прво, за промена пробајте да слушате у школо, оти имате 6 часа по 45 минути, тоа ви е како да сте учеле ( читале ) дома. Има време и за за*банции и за се, но кога се учи, да се учи. Не верувам оти ако слушате у школо, дома да ја прочитате лекцијата 2 пати нема да ја знаете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom