Рецензија: Prototype

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Prototype е една од оние игри кои се најавувани со векови.
Сите знаеме дека тие игри ги краси ненормално јак маркетинг и ненормално лош гејмплеј.
Како пример за тоа, авторот на овој текст ги посочува оние "генијалци" од EA Games.

Но, дали Prototype може да избегне од овој стереотип?
Веќе претпоставувате, одговорот се наоѓа во оваа рецензија :)



Пред се, Prototype е една навистина обемна и вешто интегрирана игра, па кога веќе почнуваме да ја цепкаме, ќе одиме со ред.

Мени и приказна

Менито е симплистичко, нема некои 3D анимации во позадина, одлично склопено за да служи како отскочна штица во играта.Кога ќе ја пуштите, не мора ништо да сетирате и бирате (како оние ужасно напорни менија на GFW (Games for Windows), туку само со притискање на копчето Enter можете да "летнете" директ во играта.

Приказната околу цела оваа фамозна игра почнува со Alex Mercer, мутант (прототип де:)) кој се буди од смртта, буквално, и брзо учи дека има посебни моќи, кои би ги опишале како Спајдер/Бет/Суперменовска комбинација.



Приказната е стандард клише, главниот лик има амнезија, не се сеќава на ништо и вие морате да му помогнете. По пат ќе сретнете разни ликови, како вашата сестра, потоа екс-девојката (па која би сакала да е со мутант:)) и...тука ќе прекинам, за да не ви го расипам уживањето. Клишето и не е лошо, колку што е раскажувањето.
Имено, приказната се одвива преку фелшбекови. Сме го виделе тоа и порано, но од овие флешбекови дефинитивно може да добиете вртоглавица. Тоа се најчесто слики од реалноста, зумирани, кропирани, матни, оштри...се оддеднаш.

Креаторите имале фина идеја, но дефинитивно раскажувањето преку cut-scenes би било поефективно. Но хеј, сигурно ги мрзело да синхронизираат говор со анимација :)



Графика, физика и звук

Prototype е една од игрите кои не можат да бидат оценувани стандардно за графиката. Со своите слаби текстури, непрецизни и мазни сенки, немањето HDR ефекти...таа би била длабоко под просекот.
Но, немањето на сите тие ефекти дозволува за неверојатна флуидност во вашите движења, како и за неверојатно уживање низ целата игра.

Можеби нема екстра оштри Crysis текстури, но затоа имате цел остров на располагање (Менхетен).
Можеби нема ултра меки сенки, но затоа пак анимацијата е на врвно ниво, создавајќи филмски моменти.

На што поточно мислам?



Моќите во Prototype ќе ви овозможат неверојатни работи.
Ќе трчате "200 на саат", потоа ќе рипате 100 метри во воздух, користите разни воздушни напади, ќе се пентарите по згради.
Сега замислете трчање со 200 и рипање 100 метри во воздух во GTA 4?

Целата игра ќе се укочи, а ако сте еден од среќниците со Core i7, ќе успеете во тоа, но додека сите објекти се лоадираат, вие веќе ќе ја претрчате таа област.
Затоа можете да го замислите моето изненадување, кога при качување на еден од облакодерите, можев "на раат" да видам се што се случува доле.

Дефинитивно чиста петка за графиката.ѓ



Кога доаѓаме кај физиката, морам да споменам дека не е Havok, ниту пак блиску до Havok стандардите.
Но тоа воопшто не значи дека е лоша.
Ќе ви доловам една битка:

Вие се мутирате со огромни челични тупаници и рипате од облакодерот (на кој се качивме кога зборевме за графиката :)). Кога слетувате меѓу 5 коли, сите ги "распрскувате" на различни страни, секоја од нив мава по 7-8 цивили (оо да, споменав дека има по над 100 во област?:vozbud:) и секој лета на посебна страна, создавајќи го оној Матрикс филинг на специјални ефекти.

Потоа, со секое мавање, разлетувате се околу вас, а можете да замислите колку е забавно тоа со цела војска околу вас.
Значи, продолжуваме со петките.*

*Ех, а да беше играва на факс?

Звукот намерно го оставив како последен.
Едноставно, потпросечна обработка, освен ефектите на базуките, се друго е "гола вода".
Ниту пак има саундтрак, а како добро би ви дошла некоја рок-песна додека млатите се живо и диво....и неживо.



Гејмплеј

Најкруцијалниот дел, кој се повеќе и повеќе млади падавани (ова, гејмери) го забораваат.
За олд-скулерите, ова е икс-факторот дали ќе ја играат или не играта.

Не се плашете, Prototype блеска на ова поле.
Отворениот град создава одличен филинг, персонално се чуствував како да сум во Gotham City од последниов Бетмен филм.
Одите каде сакате, а целиот град е полн со нескриптирани настани.
Пример, си правите филм "Walking on sunshine" на улица, но одеднаш ви пука "филмот" и почнувате да сецкате невини жени.

Колите спобудалуваат, почнуваат манијакално да бегаат...и гледате во далечината шкрипење на гуми, една од колите спукува пешак, возачот искача надвор, луѓе вриштат...
И вие се смешкате дека сте причина за тоа :)

Мисиите се интересни и нелинеарни, дури и се внесени елементи на камуфлажа и стелт.
Борбата со хеликоптерите е една од најинтересните работи во играва, но за тоа ќе ве оставам да мечтаете, или да земете да играте!



По толку фалење, да наведеме и некои негативности.
Некогаш навистина не е јасно што треба да направите, бидејќи играта има малце "дебилен" систем за помош.
Исто така, за оние помалку искусните, повеќе играта ќе се сведе на мавање копчиња "безвезе" и изведување на еден ист потег over and over and over again.

Ултра Мудар Заклучок

Можеби нема да биде игра на годината, но играва е дефинитивно заразна адреналинска инекција.
Ако по волку текст вие сеуште чекате некоја реченица за да одлучите дали да ја играте или не...тогаш, срам да ви е.

Играјте, и така цело лето ќе биде сушно...како и секое во гејминг план.
 
Член од
14 декември 2008
Мислења
1.709
Поени од реакции
126
Он:
Играта те фаќа, те заразува со вирус и те тера да играш цело време без престан.
Офф:
Дај кажувајте нешо за да не се заразувам со игриве, коа ке седнам игра играм 2 дена, ја вртам и после досада 1 месец дури да излезе нешто ново:(
 

Amacord

high and might богаташ
Член од
24 август 2009
Мислења
474
Поени од реакции
15
Prototype играва е змај ! Плитка приказна али затоа убав и крвав гејмплеј :vozbud:
 

pHiLLiPcHo

Шушљак
Член од
26 февруари 2009
Мислења
892
Поени од реакции
68
Играва ја свртев одамна :).Моја оценка е 10/10 све е перфектно,и очекував нешто како филмче за мрежата на сеќавањето која ја собрав 100%.Како и да е се отклучив сите Комбоа,и разни ствари али од се највише мислам потрошив за едно Аbillity за кое не се каам.
Се вика Bulletdive drop
Со еден збор вие се претварате во една атомска бомба која паѓа толку слатко на земјата..и само праи едно убаво БУМ:pipi:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Толку глупа играва ми е што неможам да опишам дури. Џабе трошев 8 гига ја направиле толку крвава играва шта ти причам. Знам дека братов е надарен за трчање ама да качуваш облакодери со трчање по 3мин еден не е некако предосадно и глупаво?
А да и се на се има 3 начини на мавање.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Толку глупа играва ми е што неможам да опишам дури. Џабе трошев 8 гига ја направиле толку крвава играва шта ти причам. Знам дека братов е надарен за трчање ама да качуваш облакодери со трчање по 3мин еден не е некако предосадно и глупаво?
А да и се на се има 3 начини на мавање.
Да да, и коли неможеш да возиш, да се тркаш како на NFS. Не можеш ни тенис да играш.... а ни фудбал.... глупа игра.

Тоа што треба да го има (супер моќи) ги има најдобрите и многу добро направени и прилагодени, значи ТРЕБА да трча облакодери. Играва е лудница! Адреналин до максимум, ебаваш матер на све живо и мртво, без стоп, без правила, слобода колку сакаш.
 

ONE

Член од
21 декември 2008
Мислења
895
Поени од реакции
64
И најдоброто од се можеш и тенк и хелихоптер да восиш :) :)
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
многу е добра играва. Се заразив кога кога ја видов кај братучед ми, но он одамна ја свртел па не ми беше интересно. Сеа ја симнав и ја играм. БРАВО
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
119
Поени од реакции
1
ja svrtiv igrava cela , ama ne e nesho kako sho ja falea moja ocenka 7/10
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Играта е проклето добра!!! :vozbud:
Ја симнав ама компјутерот ќе ми цркнеше и ја избришав...

--- надополнето ---

Толку глупа играва ми е што неможам да опишам дури. Џабе трошев 8 гига ја направиле толку крвава играва шта ти причам. Знам дека братов е надарен за трчање ама да качуваш облакодери со трчање по 3мин еден не е некако предосадно и глупаво?
А да и се на се има 3 начини на мавање.
Па тоа е финтата... супер е кога си изнервиран.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
znachi igrava GRAFIKA ioma 100% , prikaznava na pochetok e dobra ama posle nekako mi se zdosadi..
 

sveznajko

Random nobody
Член од
17 август 2006
Мислења
522
Поени од реакции
101
Интересна .. до првата половина .
Репетитивноста убива.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom