- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 14.363
- Поени од реакции
- 3.069
Конечно можеме со факти да го оцениме и мултиплеер делот на Modern Warfare 2. По почетните заебанции со Steam, илјадници играчи низ светот добија бесплатно играње на Steam серверите за MW2, а еден од нив беше и вашиот рецензент.
И навистина, кога ќе влезете во MW2 светот, влегувате во војна, да се разбереме, ова е далеку од Counter-Strike или од слични аркадни игри. Ако мислите дека ќе искочите пред 4 души и ќе ги убиете сите, заборавете на тоа. Во MW2 има исто толку тактички елементи како и во игри слични на DotA.
Да почнеме од почеток, и од сите убави работи. Кога првпат ќе влезете во некој меч, вие имате 3 класи на располагање, а сте левел 1, односно обичен војник. Доброто е, што буквално со секоја акција на теренот, без разлика дали убивате, трчате, се криете или колете, за се добивате experience поени, со кои го дигате левелот.
А со секој левел, добивате нови амблеми, нови тагови, нови оружја, како и подобрувања за веќе постоечките оружја. Одлично изведено, бидејќи секоја битка не е само за убиства, туку и за асистенции, уништувања на непријателска опрема, фрлање ножеви...буквално што највеќе ви лежи, можете да го играте и да се изјачате на тоа поле. Од друга страна, лагот не постои, па загарантирана е мирна игра, без фрустрации.
Најголемо е задоволството кога ќе убиете некој со lvl 40, кој има калашников со снајперски нишан, а вие со вашата MP5-ка со дифолт нишанот.
Што не доведува до проблемите. Во игрите како DotA, убаво се знае кој што може на мапата, а и прилично се избалансирани страните и самата игра. MW2 очајнопробува да се балансира на сите можни начини, но едноставно, не успева. Како прво, кога сте почетник, бидејќи животот не е фер, ви се дадени подобрувања, како поголема енергија, можност да крадете ранкови и оружја од појаки, поголема брзина, повеќе штета на куршумите... И навистина, тоа помага, но кога веќе ја надминав почетничката фаза, не можете да ја замислите фрустрацијата кога се пукате со дечко кој е лвл 3, а над глава му свети дека има infinite енергија.
И на крај, умирате. А вие подобро ја знаете мапата, подобро нишаните, со подобро оружје и скил. Фер?
Не би рекол.
Затоа, направен е уште еден чекор за појаките, односно да се врати балансот. Појаките играчи имаат можност, кога ќе направам доволен број на убиства, да повикуваат ракети, да контролираат F-16ки, да поставуваат митралези на мапата и слични тактички работи. Кул, зар не?
Епа и не е баш кул, кога играте на отворена мапа, а некој ѕвер земал да ве решета горе со F-16ката, или кога 3ца земале AEG ракети и ги нишанат сите од ваш тим. Доведува до брутални резултати и неверојатна фрустрација од типот "ебате, не можам да прднам на мапава ради проклетиот авион".
Врти сучи, на крај ем ветераните и искусните ќе се нервираат, ем почетниците ќе се нервираат. Баланс? /Fail.
И пред да ја завршиме оваа хејтерска рецензија (инаку, од лична гледна точка воопшто не е хејтерска, бидејќи има модови и мапи на кои овие негативности воопшто не влијаат - како Domination на пример), да кажеме уште збор-два за steam.
Јеа, знам дека ние ја немаме оригинал играта, па да се буниме, но тука ќе пробам да ги оправдам луѓето кои ја имаат и се бунат.
Значи, Steam начинот на барање на мечеви е тиње, најголем fail кој јас сум го искусил во мрежното играње. Бидејќи ние PC гејмерите знаеме за Интернет уште од 1998 година, а сме играле вакви игри од времето на Quake 3, неописливо е колку уствари конзолашиве биле глупи.
Без навреда, ама ако сакам да играм Team Deathmatch, стискам на модот, и ме фрла во рандом мапа, со рандом играчи?
А ако сакам да играм на специфична мапа бе?
Епа, не може. Потоа, 6 vs 6? Абе ај. Па како може на огромни мапи да играме 6 на 6, боже сачувај, на Derail мапата за 10 минути видов 3ца противници севкупно. А CoD 4ката поддржуваше до 64 играчи. Дем. И најјаката фора, бидејќи 6 на 6 ми е малце, тргнав да играм Ground War, кој може да го играат 18 играчи, односно 9 на 9, а вклучува ги вклучува модовите Team Deathmatch и Domination. И сеа, сакам да играм Domination.
Ама, стимот не дава да бирам, он ќе одлучи за мене што ќе играм. И на која мапа. И со кого. И ај иди после, не се буни?
Бидејќи не гази местото, испуштив нешта како прекрасната графика, одличната оптимизација и јакото чуство кое го дава играва. Значи, овие негативности и одзимаат 2/10-тини на играва само, немојте мојата суровост да ве залаже. Ова е одлична игра, но ако не ги имаше овие глупости, ќе беше епска.
Оценка: 8/10.