Рецензија: Harry Potter and the Half-Blood Prince

  • Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
Летниот мултиплатформски хит ни е пред вратите! Младиот волшебник се врати во шестото продолжение од играта направена според најпопуларната литературна сага. Додека Хари, Рон и Хермиона се спремат за шестата година во Хогвортс, Редарот на Фениксот и Дамблдор ја продолжуваат битката со злото и смртта која отворено го тероризира светот на волшебниците.

Со почетокот на новата школска година и во Хогвортс се случуваат големи промени: пристигнува нов професор, два предмети добиваат нови предавачи. Помогнете му на Хари да го уништи злото кое се шири во неговиот свет.


Во овој наслов ќе му помагаме на Хари во различни дисциплини. Двобој натпревари помеѓу магионичари и мешање на волшебни напивки. На нашиот Хари пријателската помош му е и тоа како потребна. Дамблдор се припрема за конечна пресметка, така што почнува да ги регрутира и старите пријатели волшебници, а и најдобрите студенти. Меѓу студентите кружат разни гласини, но тука е Хари за да одигра главна улога. Како нашиот волшебник ќе се снајде, останува на вас.



Почеток
Откако ја инсталиравм играта, очекував нешто величанствено, интересно и секако подобро од претходното. Воведното видео многу ветува, но сепак тоа е само видео, а нас не интересира играта. И веќе после неколку минути сватив дека го добив тоа што го баравме ние гејмерите. Играта во суштина е комбинација од филмските и гејмерските делови па ќе добиете чувство како да играте во филмот. Со текот на играта ќе ја осетите ширината на просторот и едноставно ќе се чувствувате како да сте таму. По самата атмосфера можеме да заклучиме дека е одлична.


Комуникацијата меѓу главните ликови и сите протогонисти во играта во целост е превземена од филмот. Со други зборови, ликовите се препознатливи, а со толку добро изработени ликови повторно ќе добиете чувство како да сте во филмот, а не да ја играте играта. Едноставно речено, сјајно!


Одма морам да напоменам една важна работа. Од време-на-време ќе биде потребно да стигнете до некоја локација која нема да можете одма да ја пронајдете и лесно да пристапите. И за тоа има решение, претиснете на копчето “N“ и одма на помош ќе ви дојде духот Сир Ник, тој безглавиот.




После неколку саати играње сватив како играта се сведува на три работи - двобои, мешање на волшебни напивки и учење. Оваа година стално ќе учите. Од самиот почеток на играта стално учете како да употребувате магии. Добро ги запамтете уште на почетокот бидејќи ќе ви бидат потребни. Нивното активирање е сосема лесно, се можете да направите само со движење и кликање на маусот, а инструкциите ќе ви се појавуват на екранот.


Посебно е интересен делот кога мешате волшебни напивки.
На кратко, пратете ги само упатствата и немојте да претерувате со состојките, бидејќи може да ви исчурли казанот. Ставете само толку состојки колку што е потребно за да ја добиете посакувана напивка. Самото правење на напивки е прилично иновантно направено, така што ќе уживате во тоа. Ќе споменам и дека Хари во текот на играта собира магични штитови и други елементи кои порано или покасно ќе бидат потребни.

Графика и звук
Играта графички изгледа одлично и на најголема резолуција која можев да ја пробам на 1680 х 1050, ATI Radeon HD 4780 и 1GB RAM. Секој детал добро е одлично претставен, супер изработено. Се на се, со неколку ситни и занемарливи грешки, чиста петка!




[+] Позитивно

  • Графика и звук, перфектни!
  • Движења и анимации
  • Едноставни команди
  • Добра оптимизација
[-] Минус

  • По некое време станува монотона
  • Квидичот и натаму е досаден

ОЦЕНА 9,2/10
 
Член од
14 декември 2008
Мислења
1.709
Поени од реакции
126
Супер рецензија, и мене прилично ми се допадна играта, ја свртев за едно 5-6 саати, имав проблем само со напивката за Дамблдор :). Само мала грешка во рецензијата за графичката. 4780 не постои па најверојатно била Радеон 4870 :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Супер рецензија, и мене прилично ми се допадна играта, ја свртев за едно 5-6 саати, имав проблем само со напивката за Дамблдор :). Само мала грешка во рецензијата за графичката. 4780 не постои па најверојатно била Радеон 4870 :)
Да да, грешка сум напишал на брзање, ми скисна пишувајќи :)
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Планирам да ја пробам деновиве
 

Kajgana Shop

На врв Bottom