Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Точно, и токму бидејќи Велика Британија има висок трговски дефицит со останатите држави членки на ЕУ, од поголема корист им е да одржуваат добри трговски односи со Велика Британија, наместо да си играат со високи цени на производите кои ги извезуваат во Велика Британија.
па добро бе друже, взаемно е тоа добро, затоа и се склучуваат унии, сојузи. На пример, има логика дека ВБ би намалила на потрошувачка да се тоа некои производи што се условно луксуз, ама ако е храна, енергенси исл. неопходни работи, само ќе треба поскапо да ги плаќа од некаква квази-патриотска логика.
И уште нешто што прочитав - постои голема опасност фабрики од автомобилска индустрија (Нисан на пример) да ги затворат погоните и да се селат во друга европска земја токму заради повиското даночење при продажба во ЕУ. Произведените коли во Англија би станале уште поскапи и помалку конкурентни. Цел Сандерленд каде е фабриката гласал против излегување од ЕУ, токму во тој контекст, ама НЕ, некој си овчари се попаметни и им ја скроиле судбината.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Абе идеално сватив,ама ти не свати што ти велам :D[DOUBLEPOST=1466878436][/DOUBLEPOST]
Со сигурност от муслиманите е :) ониja шкотските муслимани :)
Што праиме...чакаме нештоj со топки во Лондон да активира член 50.
Logichno ako razmislish na Shkotska ovoj ishod i dojde kako kec na desetka. Sledno shto ke bide referendum za nezavisnost shto ke znachi EU chlenstvo po brza postapka.
Posledniot zbor go ima parlamentot na UK i sega ako parliamentot ima topki da mu kazhe na mnozinsvoto Britanci "fuck you" togash ke peeme druga pesna, neli taka. Tiki nie, na Balkanot nash ridest, si imame naviknato na takvi prlamenti i toa e nashe sekojdnevie.
Pa ti si zapnal so toj chlen 50, chekaj malku, chovek od magare ke padne pa ke se odmori, a ne parlament na drzhava od 80 milioni.
Imam mala rezerva kon seto ova shto se sluchuva. Sega UK ima i toa kakov leverage za pregovaranje so EU, ushte poveke da se ebat ama da ne im vleze....ke vidime.
 
B

Bafra

Гостин
Ако некој е лут за нешто што произлегло од ЕУ треба да е лут на својата влада.
Тоа и јас ти го кажувам, народот почнува да губи доверба во политичарите од кариера, почнуваат да се будат, дека иднината не е баш розева, пензиските фондови поради негативната каматна стапка се веќе капут, централните банки јасно е дека немаат контрола врз економијата, а владите 90% од парите ги трошат на администрација и социјала а приватниот бизнис поради милијарда непотребни закони, регулации, ограничувања, давачки НЕ е во можност се тоа да го покрие.

Оставете идеологии и субјективни мислења, следете ги парите тие се показател дека нешто големо е на повидок. Британска берза падна 2.8% а сите други европски се со пад од 6.8 до 20%. По логика би требало Британската да е со најголем пад а не германската со 6.8 o_O

И јас сакам во ЕУ ама организирана како САД, ваква како што е нема иднина за неа јбг

Пример за политичар од кариера :
Meanwhile. the arrogance and threats of Obama who told the Brits back in April they had to go “to the back of the queue” and would not be able to strike a trade deal with America “any time soon” if it leaves the European Union, has shown just what politicians have become – buffoons who will say anything to win the moment.
Now
Obama said:The people of the United Kingdom have spoken, and we respect their decision. The special relationship between the United States and the United Kingdom is enduring, and the United Kingdom’s membership in NATO remains a vital cornerstone of U.S. foreign, security, and economic policy.” He continued: “The United Kingdom and the European Union will remain indispensable partners of the United States even as they begin negotiating their ongoing relationship to ensure continued stability, security, and prosperity for Europe, Great Britain and Northern Ireland, and the world.” :pos:

Vice President Joe Biden said: “I must say we had looked for a different outcome. We would have preferred a different outcome … but the United States has a long-standing friendship with the United Kingdom and that very special bond will endure.”
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.554
Поени од реакции
36.513
Точно, и токму бидејќи Велика Британија има висок трговски дефицит со останатите држави членки на ЕУ, од поголема корист им е да одржуваат добри трговски односи со Велика Британија, наместо да си играат со високи цени на производите кои ги извезуваат во Велика Британија.
Девалвирањето на валутата што го прави Кина им вади добри статистички резултати ама затоа животниот стандард на населението е катастрофален.

Има причина зошто ниту една развиена земја не води таква политика. Тоа е осиромашување на своите граѓани на сметка на извоз на производи.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
18.588

Нема логика во ова што го пиша, најсериозно.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.732
Поени од реакции
12.009
па добро бе друже, взаемно е тоа добро, затоа и се склучуваат унии, сојузи. На пример, има логика дека ВБ би намалила на потрошувачка да се тоа некои производи што се условно луксуз, ама ако е храна, енергенси исл. неопходни работи, само ќе треба поскапо да ги плаќа од некаква квази-патриотска логика.
И уште нешто што прочитав - постои голема опасност фабрики од автомобилска индустрија (Нисан на пример) да ги затворат погоните и да се селат во друга европска земја токму заради повиското даночење при продажба во ЕУ. Произведените коли во Англија би станале уште поскапи и помалку конкурентни. Цел Сандерленд каде е фабриката гласал против излегување од ЕУ, токму во тој контекст, ама НЕ, некој си овчари се попаметни и им ја скроиле судбината.
Точно, токму тоа и требаШЕ да биде основната цел на постоењето на ЕУ, но кога истиот тој сојуз почнува да си го пика носот во твоите домашни политики, како на пример колку бродоградилишта треба да затвориш - како што направија со пристапните преговори со Хрватска, или колкав процент од твојот рибен фонд да го делиш со останатите држави членки на сојузот, или да ти бара да се задолжиш за да платиш туѓи долгови - а за возврат да не добиеш никаков финансиски бенефит, тогаш таквиот сојуз ја губи смислата на своето постоење.

Нека си оди Нисан, никој не ги држи со сила во Велика Британија, исто како што и Авон никој не го држи со сила во САД, но потврдија дека и покрај исходот од референдумот за излез на Велика Британија на 23 јуни 2016, сепак го префрлуваат своето седиште од Њујорк во Лондон - ова е потврдена информација отпосле референдумот во Велика Британија на 23 јуни 2016.

Некои ќе дојдат до заклучок дека британскиот пазар не им е исплатлив, други ќе дојдат до заклучок дека британскиот пазар им е исплатлив, едни ќе купуваат, други ќе продаваат, трети нема да го прават ни едното, ни другото, тоа се основните темели на слободната трговија, наспроти врзаната трговија која бара да купуваш автомобили само од овој производител, или телевизори само од оној производител, или од било кој производител, се додека се произведени во оваа или онаа држава.

Ние во Македонија не го имаме таквото право на избор бидејќи сме ситен пазар и ретко кој би бил заинтересиран во Македонија да ги произведува истите производи кои ги продава на македонскиот пазар, но Велика Британија е друга приказна. Не за нешто друго туку, ако Британците знаат како да си ја одиграат трговската игранка со останатите држави на Комонвелтот, не сега, но за 5 или 10 години од сега, државите членки на ЕУ ќе бидат тие кои ќе имаат трговски дефицит со Велика Британија.

Па да, точно ти е ова што го велиш, но баш вчера на СиЕнЕн или Блумберг спомнаа дека најголемата жртва на референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ кој се одржа на 23 јуни 2016, не биле ниту британската фунта, ниту еврото, туку јапонскиот јен, бидејќи неочекувано пораснала неговата побарувачка, со што се зголемила неговата вредност, но Банката на Јапонија експресно интервенирала за да направи девалвација на валутата.

Како за држава со највисок национален долг во светот, девалвација на националната валута на Јапонија со цел да се одржат пониски цените на јапонските производи, не ми делува на мене баш како да е од корист на обичниот јапонски смртник.
 
B

Bafra

Гостин
па добро бе друже, взаемно е тоа добро, затоа и се склучуваат унии, сојузи. На пример, има логика дека ВБ би намалила на потрошувачка да се тоа некои производи што се условно луксуз, ама ако е храна, енергенси исл. неопходни работи, само ќе треба поскапо да ги плаќа од некаква квази-патриотска логика.
И уште нешто што прочитав - постои голема опасност фабрики од автомобилска индустрија (Нисан на пример) да ги затворат погоните и да се селат во друга европска земја токму заради повиското даночење при продажба во ЕУ. Произведените коли во Англија би станале уште поскапи и помалку конкурентни. Цел Сандерленд каде е фабриката гласал против излегување од ЕУ, токму во тој контекст, ама НЕ, некој си овчари се попаметни и им ја скроиле судбината.
Друже си бил во Англија, знаеш ли што се поседува и контролира...
Производи од цел свет имаш таму и по цени толку ниски што нема да ти се верува.
Ако фунтата паднала во однос на доларот (и уште ќе падне до 1.4) и во однос на Еврото автоматски поевтини се нивните производи.
ЕУ сега ќе сака да ја казни УК за пример на другите но реципроцитетот од УК скапо би ја чинело ЕУ.

Сите проблеми што ги кажувате би важеле доколку излегле Грција или Словенија, но ова Велика Британија што пола свет е под нејзина контрола :cool:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.554
Поени од реакции
36.513
Нема логика во ова што го пиша, најсериозно.

Британскиот работник утре ќе го произведува истиот производ што ќе вреди помалку. Што значи ќе треба да произведе повеќе производи за да ја постигне претходната вредност.

Доколку производите што ги произведува се прават од увозни суровини кои ќе бидат сега поскапи.

Утре платата ќе му биде иста а голфот во продавница нема да кошта 15 илјади фунти туку ќе биде 22 илјади, одмор во Шпанија нема да биде 800 фунти ќе биде 1200.
 
Да, со таа разлика што сега сам ќе си бира од кај да увезува, колку сака да увезува, по цена што тој ќе ја договори. Не, производот ќе кошта исто во УК или еве нешто поскап поради поскапите увозни суровини, ама во цел свет ќе стане поевтин и попримамлив за купувачите. Или уште боље ако си реши почињаме со наше производство прво за домашен пазар, па може голф и нема да увезува веќе. Ако он стигне до тоа ниво фунтата пак ќе апрецира.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Друже си бил во Англија, знаеш ли што се поседува и контролира...
Производи од цел свет имаш таму и по цени толку ниски што нема да ти се верува.
Ако фунтата паднала во однос на доларот (и уште ќе падне до 1.4) и во однос на Еврото автоматски поевтини се нивните производи.
ЕУ сега ќе сака да ја казни УК за пример на другите но реципроцитетот од УК скапо би ја чинело ЕУ.

Сите проблеми што ги кажувате би важеле доколку излегле Грција или Словенија, но ова Велика Британија што пола свет е под нејзина контрола :cool:
Знам добро што НЕ поседува. На пример автомобилската индустрија, која ангажира многу под-области и многу вработувања, добавувачи - тотално не е нивна. Или им се затворени фабриките и не постојат или ги поседуваат странци. Јагуар е во индиска сопственост на пример. Производите што ќе ги произведуваат поефтино ќе бидат поефтини на база на отпуштања на работници, намалување на плати или во најекстремен случај после направена математика на големи цифри - ставање катанец.

Точно, токму тоа и требаШЕ да биде основната цел на постоењето на ЕУ, но кога истиот тој сојуз почнува да си го пика носот во твоите домашни политики, како на пример колку бродоградилишта треба да затвориш - како што направија со пристапните преговори со Хрватска, или колкав процент од твојот рибен фонд да го делиш со останатите држави членки на сојузот, или да ти бара да се задолжиш за да платиш туѓи долгови - а за возврат да не добиеш никаков финансиски бенефит, тогаш таквиот сојуз ја губи смислата на своето постоење.

Нека си оди Нисан, никој не ги држи со сила во Велика Британија, исто како што и Авон никој не го држи со сила во САД, но потврдија дека и покрај исходот од референдумот за излез на Велика Британија на 23 јуни 2016, сепак го префрлуваат своето седиште од Њујорк во Лондон - ова е потврдена информација отпосле референдумот во Велика Британија на 23 јуни 2016.

Некои ќе дојдат до заклучок дека британскиот пазар не им е исплатлив, други ќе дојдат до заклучок дека британскиот пазар им е исплатлив, едни ќе купуваат, други ќе продаваат, трети нема да го прават ни едното, ни другото, тоа се основните темели на слободната трговија, наспроти врзаната трговија која бара да купуваш автомобили само од овој производител, или телевизори само од оној производител, или од било кој производител, се додека се произведени во оваа или онаа држава.

Ние во Македонија не го имаме таквото право на избор бидејќи сме ситен пазар и ретко кој би бил заинтересиран во Македонија да ги произведува истите производи кои ги продава на македонскиот пазар, но Велика Британија е друга приказна. Не за нешто друго туку, ако Британците знаат како да си ја одиграат трговската игранка со останатите држави на Комонвелтот, не сега, но за 5 или 10 години од сега, државите членки на ЕУ ќе бидат тие кои ќе имаат трговски дефицит со Велика Британија.
Пикањето нос во домашни политики им донесе смрт на многу фирми по Унгарија, Полска, Хрватска, кои „се закануваа“ дека ќе бидат конкурентни на сличните од постарите членки на ЕУ, но тоа и Британија го правеше и сигурно била во по-повластена позиција од една Хрватска на пример. Примерот со бродоградилиштата не знам колку е соодветен, затоа што тоа беа гиганти од СФРЈ со превработеност, застарена технологија исл. А споредбата меѓу Нисан и Авон исто не е соодветна, затоа што Авон е на ниво на обичен добавувач (на пример) на производител од калибарот на Нисан. Каде се тука еден куп други фирми од тој тип, кои дополнително создаваат додена вредност и вработуваат армија луѓе?

Се' ова другото што си го навел, во пракса е така, ама е на некој начин снаоѓање во новонастанатиот проблем, а ќе се решава преку грбот на граѓаните (за кои не можам да кажам дека многу се испотрескав) и само ќе створи дополнителен непотребен политички и економски дебаланс во Европа. Еве и двајцата сте многу оптимисти дека ќе си продолжи кралството да живее во мир и богатство, ама само да ве потсетам дека на исто, скоро и поголеми сили на светско ниво како империи биле Португалија и Шпанија, па се што имаат од тоа сега е само во учебници по историја. Британија на стара слава повеќе од јасно е дека не успеа да се наметне како лидер во ЕУ и затоа и финансиските институции од островот си признаваат дека потегов е економски промашај. И без тоа имаа специјални услови, своја валута, посебни трговски услови и со сите тие поволности се удавија.
Затоа и не ми е баш јасно што воопшто има некој да им фаќа сеир у даденава ситуација. Ако размислуваме на подолги рокови - посиромашен народ на островот предизвикува дополнителна сегрегација, појава на расизам, национализам, нестабилност и ти тие луѓе не можеш да ги држиш под контрола како овде со сендвичи на унија на млади сили, барок, бронза и тениски игралишта по села. Нацизмот и фашизмот цутат во економска беда, а во големи земји како УК, последиците ќе бидат огромни.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.521
Поени од реакции
634
Да, со таа разлика што сега сам ќе си бира од кај да увезува, колку сака да увезува, по цена што тој ќе ја договори. Не, производот ќе кошта исто во УК или еве нешто поскап поради поскапите увозни суровини, ама во цел свет ќе стане поевтин и попримамлив за купувачите. Или уште боље ако си реши почињаме со наше производство прво за домашен пазар, па може голф и нема да увезува веќе. Ако он стигне до тоа ниво фунтата пак ќе апрецира.
Глупости пишуваш. Интересно ми како УК ќе договори по пониска цена со Бугарија од онаа на продава во ЕУ, при тоа во ЕУ е без ДДВ (УК ќе плаќа 20% ДДВ)?

Како суровина од Бугарија ќе стане поевтина, како таа постојано поскапува, поради зголемување на стандардот и развојот на економијата?

Мисли дека ако произведуваат автомобили, со платите кои имаат таму, ќе им излезе поефтино отколку да ги произведуваат во Кина и да ги внесуваат ли? :)
 
Зошто па со Бугарија или било која земја од ЕУ ќе договара? ЕУ сите суровини сама ли ги произведува, не ли увезува од нон ЕУ земји?

Многу нормално дека нема во УК да ги произведува се знае кој e фабриката на светот, а и денеска цели процеси за производство на еден комплетен производ не постојат, затоа постојат кооперанти и аутсорсинг.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.554
Поени од реакции
36.513
Да, со таа разлика што сега сам ќе си бира од кај да увезува, колку сака да увезува, по цена што тој ќе ја договори. Не, производот ќе кошта исто во УК или еве нешто поскап поради поскапите увозни суровини, ама во цел свет ќе стане поевтин и попримамлив за купувачите. Или уште боље ако си реши почињаме со наше производство прво за домашен пазар, па може голф и нема да увезува веќе. Ако он стигне до тоа ниво фунтата пак ќе апрецира.
Се согласувам дека тоа се можни сценарија. Ама има многу "можеби" и "ако" во целата приказна. Со ЕУ држави не може да преговара со секоја посебно а со Комонвелтот веќе имаше некои слободи во преговарањето.

Мислам дека првично им е најбитно да се договорат за пристап до ЕУ пазарот бидејќи им е 50% од вкупниот извоз. Таа дупка тешко се пополнува.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
18.588
Се согласувам дека тоа се можни сценарија. Ама има многу "можеби" и "ако" во целата приказна. Со ЕУ држави не може да преговара со секоја посебно а со Комонвелтот веќе имаше некои слободи во преговарањето.

Мислам дека првично им е најбитно да се договорат за пристап до ЕУ пазарот бидејќи им е 50% од вкупниот извоз. Таа дупка тешко се пополнува.
Види, единствената предност што ја има со Европа е географската близина, тука кратат многу со логистика и транспортни трошкови. Ама ако рецимо таргет пазар им е Азија/Австралија, уште боље за нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom