па добро бе друже, взаемно е тоа добро, затоа и се склучуваат унии, сојузи. На пример, има логика дека ВБ би намалила на потрошувачка да се тоа некои производи што се условно луксуз, ама ако е храна, енергенси исл. неопходни работи, само ќе треба поскапо да ги плаќа од некаква квази-патриотска логика.
И уште нешто што прочитав - постои голема опасност фабрики од автомобилска индустрија (Нисан на пример) да ги затворат погоните и да се селат во друга европска земја токму заради повиското даночење при продажба во ЕУ. Произведените коли во Англија би станале уште поскапи и помалку конкурентни. Цел Сандерленд каде е фабриката гласал против излегување од ЕУ, токму во тој контекст, ама НЕ, некој си овчари се попаметни и им ја скроиле судбината.
Точно, токму тоа и требаШЕ да биде основната цел на постоењето на ЕУ, но кога истиот тој сојуз почнува да си го пика носот во твоите домашни политики, како на пример колку бродоградилишта треба да затвориш - како што направија со пристапните преговори со Хрватска, или колкав процент од твојот рибен фонд да го делиш со останатите држави членки на сојузот, или да ти бара да се задолжиш за да платиш туѓи долгови - а за возврат да не добиеш никаков финансиски бенефит, тогаш таквиот сојуз ја губи смислата на своето постоење.
Нека си оди Нисан, никој не ги држи со сила во Велика Британија, исто како што и Авон никој не го држи со сила во САД, но потврдија дека и покрај исходот од референдумот за излез на Велика Британија на 23 јуни 2016, сепак го префрлуваат своето седиште од Њујорк во Лондон - ова е потврдена информација отпосле референдумот во Велика Британија на 23 јуни 2016.
Некои ќе дојдат до заклучок дека британскиот пазар не им е исплатлив, други ќе дојдат до заклучок дека британскиот пазар им е исплатлив, едни ќе купуваат, други ќе продаваат, трети нема да го прават ни едното, ни другото, тоа се основните темели на слободната трговија, наспроти врзаната трговија која бара да купуваш автомобили само од овој производител, или телевизори само од оној производител, или од било кој производител, се додека се произведени во оваа или онаа држава.
Ние во Македонија не го имаме таквото право на избор бидејќи сме ситен пазар и ретко кој би бил заинтересиран во Македонија да ги произведува истите производи кои ги продава на македонскиот пазар, но Велика Британија е друга приказна. Не за нешто друго туку, ако Британците знаат како да си ја одиграат трговската игранка со останатите држави на Комонвелтот, не сега, но за 5 или 10 години од сега, државите членки на ЕУ ќе бидат тие кои ќе имаат трговски дефицит со Велика Британија.
Девалвирањето на валутата што го прави Кина им вади добри статистички резултати ама затоа животниот стандард на населението е катастрофален.
Има причина зошто ниту една развиена земја не води таква политика. Тоа е осиромашување на своите граѓани на сметка на извоз на производи.
Па да, точно ти е ова што го велиш, но баш вчера на СиЕнЕн или Блумберг спомнаа дека најголемата жртва на референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ кој се одржа на 23 јуни 2016, не биле ниту британската фунта, ниту еврото, туку јапонскиот јен, бидејќи неочекувано пораснала неговата побарувачка, со што се зголемила неговата вредност, но Банката на Јапонија експресно интервенирала за да направи девалвација на валутата.
Како за држава со највисок национален долг во светот, девалвација на националната валута на Јапонија со цел да се одржат пониски цените на јапонските производи, не ми делува на мене баш како да е од корист на обичниот јапонски смртник.