Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.266
Поени од реакции
36.155
Да сите во Германија. Бегалци, балканци, бугари, полјаци, турци сите во Германија. До кога? На крај крајева во ред е тоа, британците ќе повлечат 1,2 мил свој а овие 3 мил или ќе се договорат, нормално во полза на британија.

Остај ги финансиските пазари, тука ќе следи корекција. Сорос сега прави пари :pos:[DOUBLEPOST=1466783663][/DOUBLEPOST]Него моментална ситуација -

FTSE 100 - 6139 pad od 199.4 ili 3.15% (britanija)
NASDAQ - 4759 pad 151.5 ili 3.08% (usa)
DAX 30 - 9561 pad 695.6 ili 6.78% (germanija)
CAC 40 - 4111 pad 354.7 ili 7.94% (francija)

Во шпанија и италија 12% пад. Иначе во англија во споредба со почетокот на неделата FTSE 100 e повисоко... Корекција, ништо повеќе. Life goes on
Сите финансиски релевантни институции почнивајќи од Bank of England па се до Голдман Сакс соопштија дека брегзит ќе има негативни последици врз економијата на Британија. Да се тврди обратно едноставно не е економски точно.

Плус и политичкиот фактор што ќе бидат маргинализирани при одлучувањето во која насока Европа ќе се движи.

Имаа најголеми бенефити дадени од ЕУ сега ќе преговараат како трета страна за далеку помали бенефити и погодности.
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46
Ова е добра иднина за човештвото и за вистинската светлина на демократијата. ЕУ е колонија на Германија. Во ЕУ владее софистицирана диктатура во полза на Германија. Така да ова е одличен потег на Британците.(y)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.518
Поени од реакции
79.675
Сепак си имаме ангел чувар во Москва и ако сме малку умни ќе побараме помош од нив, бидете сигурни дека нема да ни откажат како на Милошењиќ, не за друго, а тогаш не беа подготвени, веќе се.
Но, ние немаме проруски настроена политичка опција. Двете главни политички опции се трудат да им се умилкуваат на САД и ЕУ.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Што стана од ЕУ, Германија повторно сака да владее со Европа. Една вештерка од Германија изиграва Хитлер и им наредува на другите држави и народи што да прават.
Допрва следуваат тешки времиња за Германија, откако сите ќе почнат да ја напуштаат унија. Нека им го :pusigo:они на мигрантите и грците.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.416
Поени од реакции
5.894
Не се секирај ќе бидат заменети со австралци, канаџани и амери. Што прави полска со екстра 1 мил невработени? Или бугарија?
Кано легендо, сега кога ќе се затрчаат канаѓани за да полнат полици во Теско за 6,5 фунти на час и да работат во земјоделие има да потоне островот, какви бугари и романци, сега родени кануци и ози ќе ги заменат хахахах

А за оние што мислат дека Франкфурт ќе го замени Сити бидејќи ВБ излегува од ЕУ, think again :)[DOUBLEPOST=1466785400][/DOUBLEPOST]
Тоа и Хитлер правел обединета Европа, и Наполеон исто, но дали било добро за окупираните држави?
ЕУ е слично но многу полошо, така да колку побрзо се распадне тој монструм толку подобро, ние сме издржале под турско ропство 500 години но другиве земји во ЕУ за само педесетина години имаат многу полоши последици од колку ние 500 г. под турско ропство. Од илјадници години државите можеле да опстојуваат сами, да имало некоја војна но ЕУ значи постојан геноцид, феминизирање, кастрирање и депортација.
Сепак си имаме ангел чувар во Москва и ако сме малку умни ќе побараме помош од нив, бидете сигурни дека нема да ни откажат како на Милошењиќ, не за друго, а тогаш не беа подготвени, веќе се.
Не бе не е можен човеков, како бе како успеа да поврзеш Хитлер и Наполеон во иста реченица со ЕУ? И велиш 50 години во ЕУ имало поголеми последици од 500 години турско? Ех да ја знам тајната на тоа како функционира твојот мозок...
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Убаво ви вика Бачето , што аир видела европа од 50 гоф заедништво, ништо само најголем економски раст, мир повеќе од пола век.

Sent from my SM-G357FZ using Tapatalk
Се сомневам дека ќе се зголемуваат обидите за некакво единство после 7 години турбуленција како резултат на неефикасност или неуспешно присилување од клучните тела на ЕУ. Ако според тебе мир подразбира целосна финансиска контрола и зависност на цела Јужна Европа + Ирска, прописи за цензура на тоа што се постира онлајн, казнување членки затоа што не примаат 500 000 лица од Блиски Исток и Африка годишно, тогаш патот кон внатрешни конфликти и револуции ќе станат една голема неминовност.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.456
Поени од реакции
22.853
Сите финансиски релевантни институции почнивајќи од Bank of England па се до Голдман Сакс соопштија дека брегзит ќе има негативни последици врз економијата на Британија. Да се тврди обратно едноставно не е економски точно.

Плус и политичкиот фактор што ќе бидат маргинализирани при одлучувањето во која насока Европа ќе се движи.

Имаа најголеми бенефити дадени од ЕУ сега ќе преговараат како трета страна за далеку помали бенефити и погодности.
Негативно последици има за цел свет, сепак сега за сега најлошо е за ЕУ. Ќе се стабилизира ситуацијата и животот ќе продолжи. Ништо страшно. Реално на долга стаза ќе видиме дали е подобро за британија да е во ЕУ и да продолжи да ги храни паразитските држави или е подобро да има однос со еу ко што има швајцарија или норвешка. Тоа ти што го тврдиш дека ЕУ сега ќе и прави проблем е тотално грешно и јас само тоа пробувам да ти го посочам.

Секако европа оди во насока диригирана од германија. Имаш цел куп банана републики во еу што се слуги на германија. Вака бар нема да мора да ги хранат.

Напротив сега ќе договорат слободна трговија и се што им треба а нема да мора да праќаат пари во брисел.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
1.775
Но, ние немаме проруски настроена политичка опција. Двете главни политички опции се трудат да им се умилкуваат на САД и ЕУ.
Може и да немаме или да го чекаат моментот да им удрат нож во грбот на евросодомите. Паметите 9 мај прошлата година кога Иванов не случајно беше во Москва на парадата, иако беше заплашуван да не оди, одма го активираа и Куманово. Груевски слично колку може гледа накај БРИКС.
Така да во политиката не се кажува секогаш вистината, кога дојде моментот ќе видиме. Овие префарбаниве комунисти Заев и компанија сега се за нато но ако осетат на каде дува верерот може брзо да се префарбаат и да станат најголеми БРИКСаџии.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.456
Поени од реакции
22.853
Кано легендо, сега кога ќе се затрчаат канаѓани за да полнат полици во Теско за 6,5 фунти на час и да работат во земјоделие има да потоне островот, какви бугари и романци, сега родени кануци и ози ќе ги заменат хахахах

А за оние што мислат дека Франкфурт ќе го замени Сити бидејќи ВБ излегува од ЕУ, think again :)[DOUBLEPOST=1466785400][/DOUBLEPOST]

Не бе не е можен човеков, како бе како успеа да поврзеш Хитлер и Наполеон во иста реченица со ЕУ? И велиш 50 години во ЕУ имало поголеми последици од 500 години турско? Ех да ја знам тајната на тоа како функционира твојот мозок...

За 6,5 фунти може да си донесат 10 пакистанци, така да не е проблем тоа. Постот беше за доктори и фармацевти и да не е проблем да бидат заменети со ози и кануци, впрочем има само пола милјон ози во лондон моментално. Троа повеќе има од нов зеланд и јужна африка... Не се секирај не е проблем
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Велика Британија излегува, Македонија одма влегува. Со нашите врвни и докажани експерти европската економија има да процвета. После тоа не англичаните, ами и американците ќе сакаат во ЕУ да ги примат.
:D
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
1.775
Не бе не е можен човеков, како бе како успеа да поврзеш Хитлер и Наполеон во иста реченица со ЕУ? И велиш 50 години во ЕУ имало поголеми последици од 500 години турско? Ех да ја знам тајната на тоа како функционира твојот мозок...
Добро човек сега ќе признаам некој работи за мене.
Од дваесет години живеам во ЕУ, имаш повеќе пари, висококвалифицирана работа но чувствуваш дека нешто не е во ред, особено последниве 5 години има масовно будење на 'домородците' во ЕУ, ова ти го кажувам од лични разговори со пријатели од секакви професии не доселеници како мене а европејци, иако фашистите водат информационо затемнување и репресии, основните народи се будат, не случајни се тие митинзи од 100-500 илјади насекаде по Европа, којшто не ги кажуваат по Гебелс медиумите или им одделуваат по 10 секунди и ги класифицираат како екстремно десни и слично. Редовно идам во Македонија, но за да дојдеш до тие изводи што ги споделувам со вас на форумов е тешко, особено ако не живееш таму и не ги почувствуваш. Не дека неможе но тоа е статистика, домородците во ЕУ да речеме околу 30% осеќаат веќе, тука во Македонија имате само странично набљудување на ситуацијата , пропагандата е таква да ЕУ е претставена како ветената земја на Давид, затоа многу помалку се коментарите против ЕУ и немате објективна претстава, сето тоа го гледате преку призмата на нивната пропаганда.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.266
Поени од реакции
36.155
Негативно последици има за цел свет, сепак сега за сега најлошо е за ЕУ. Ќе се стабилизира ситуацијата и животот ќе продолжи. Ништо страшно. Реално на долга стаза ќе видиме дали е подобро за британија да е во ЕУ и да продолжи да ги храни паразитските држави или е подобро да има однос со еу ко што има швајцарија или норвешка. Тоа ти што го тврдиш дека ЕУ сега ќе и прави проблем е тотално грешно и јас само тоа пробувам да ти го посочам.

Секако европа оди во насока диригирана од германија. Имаш цел куп банана републики во еу што се слуги на германија. Вака бар нема да мора да ги хранат.

Напротив сега ќе договорат слободна трговија и се што им треба а нема да мора да праќаат пари во брисел.
За да се договори Британија за слободна трговија и се што и треба како што велиш ќе треба ЕУ да прифати а за тоа ќе се преговара. Ама сега цехот ќе биде поголем за да го добијат тоа бидејќи нема веќе со што да уценуваат бидејќи се никој фактор во ЕУ. На Британија и е потребна Европа многу повеќе отколку обратното.

Дека туку така ќе добијат договор како што има Швајцарија или Норвешка не би се надевал многу. Барем не во првите 10 години после излегувањето.

На ЕУ сега и треба да направи пример за во иднина од излегувањето на Британија и последиците од тоа.

А Британците имаат многу со што да се занимаваат со Шкотска и Северна Ирска како и можната непослушност на Лондон.
 
Тука не се сложувам со тебе. На ЕУ и треба британија многу повеќе. Британија има 5% невработеност. Ако им ги испратат тие 3 мил назад ќе биде 1-2% кој реално неќат или неможат да работат. Од друга страна 1мил бегалци + 3 мил од британија ќе биде проблем за Германија така? Ова е идеална шанса Британија да добие многу повеќе него што имаше, односно да добие се што сака плус да не дава пари во брисел. Парите што ги дава таму ќе бидат насочени во Шкотска и Северна Ирска и решен проблем и таму.

Не се секирај за нив, и без ЕУ они го имаат комонвелтот и Америка. Имаат пазари, имаат луѓе на секаде и се врзани како црева низ цел свет. Нема да биде проблем за нив.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.829
Ова е добра иднина за човештвото и за вистинската светлина на демократијата. ЕУ е колонија на Германија. Во ЕУ владее софистицирана диктатура во полза на Германија. Така да ова е одличен потег на Британците.(y)
У право си. Подобро е Европа да биде колонија на САД и Израел.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.266
Поени од реакции
36.155
Тука не се сложувам со тебе. На ЕУ и треба британија многу повеќе. Британија има 5% невработеност. Ако им ги испратат тие 3 мил назад ќе биде 1-2% кој реално неќат или неможат да работат. Од друга страна 1мил бегалци + 3 мил од британија ќе биде проблем за Германија така? Ова е идеална шанса Британија да добие многу повеќе него што имаше, односно да добие се што сака плус да не дава пари во брисел. Парите што ги дава таму ќе бидат насочени во Шкотска и Северна Ирска и решен проблем и таму.

Не се секирај за нив, и без ЕУ они го имаат комонвелтот и Америка. Имаат пазари, имаат луѓе на секаде и се врзани како црева низ цел свет. Нема да биде проблем за нив.
Ок ако мислиш така. Мене секоја економска логика и бројките ми кажуваат дека зависноста на Британија од Европа е далеку многу поголема. Сепак Британија далеку е од Америка а ниту е Германија туку економската тежина и е отприлика колку Франција.

Тие три милиони работници таму дошле зашто имало потреба, ако тие си одат треба некој да ги замени оти британците не прават деца. Лекари и фармацевти не ми е логично да дојдат од комонвелтот бидејќи и Австралија и Канада имаат потреба од тие кадри. Ете им ја Индија од таму нека си ги увезуваат.

А пари ќе продолжат да плаќаат на ЕУ доколку сакаат да го користат пазарот. Норвешка плаќа милиони евра на ЕУ за да го користи пазарот. Ама ете од Leave кампањата не им го кажаа тоа.

П.С.

Мигрантите во Британија во последните 10 години се нето плаќачи. Значи повеќе придонесуваат кон Британскиот буџет него ли што трошат од него.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom