Фала на советот, и одвоеното време. Ќе го имам во предвид овој пост, но да не испадне исто како што кажа, од моја страна сум спремен и со драга воља би ги нарачал и би се нафатил да ги пијам, но малце имам проблем со финансискиот дел, посебно со оглед на тоа што соси царина би фатило све на све околу 5000-6000 денари.
Не знам и дали би можел овде да ги најдам, за да заштедам на време, и да можам да купувам помали дози, заради финансиските средства, пример Витамин Д3, Магнезиум, Омега3 има по аптеките, и за кукрумата, ѓумбирот и босвелиата да прашам некаде по продавнициве за здрава исхрана.
Ова со Реики ако не се лажам е нешто слично како реконекцијата и тесла брановите. Тука веќе имам три опции што дополнително ме збунува. Дали имаш/те некое лично или познавате некој што има искуство со оваа алтернативна медицина? И конкретно за Реики каде можам да се обратам за да стапам во контакт со практичар?
Фала на советот. Мислам дека ја сваќам поентата на постов, но дали ова е од лично искуство/искуство на некој што го познаваш, или чисто како личен став кон овој начин на "лекување", не само кон реконективноста, ете останатите членови спомнаа и Тесла бранови и Реики?
Мое размислување за ова е дека овие алтернативи имаат такво влијание какво што ние ке го доживееме, исто како што ги доживуваме останатите секојдневни работи во животот. Некој ќе речи подобро ми е, некој ќе западни уште повеќе. И како што рече еден од членовите: "Давеникот и за сламка се фаќа".
Можам со тебе да се согласам и тоа во голем процент имаат врска настаните, искуствата и околината во која што живеам. Малце е и до мене пошто сум доста осетлива личност, и ми се насобраа доста негативни работи во животов, а многу малце позитивни. Почнувајќи од малтретирање (bullying) на училиште, и во средно школо, вреѓање, омаловажување, потценување, понижување. Не викам дека само мене ми се случило или да се чувствувам како жртва, тоа му се случувало скоро на секој. Потоа би ја спомнал сестра ми која значајно влиае врз мене. Таа е многу агресивна, љубоморна и злобна личност, со нереални социјални сваќања, што ги има направено најлошите и најниските работи што еден човек може да ги направи, деликвентски, неморални работи, обид за самоубиство. И долги години трпиме психо-физичка тортура. Носена е и по душевни установи но без никаков успех. Моментално е со една рака апчиња, дома е без работа само лежи, јади, цигари мора да има во секое време, еден од родителиве мора да има дома, и малце нешто да не и одговара и почнува да вика да напаѓа. Можам слободно да речам дека мојве и се слуги во буквална смисла на зборот. Покрај нејзе родителиве станаа нервозни, нон стоп владее негативна енергија. Јас во тој период кога почнаа проблемите имав 10 години, период од животот во кој што е клучно воспитувањето и живеењето во мирна околина со позитивни луѓе и позитивни нешта. На 19 години се преселив од дома и заминав во старата куќа, каде што порано живеевме, во која моментално живеам веќе 4 и пол години, со баба ми и дедо ми кои живеат во посебен влез. На 20 години се вработив, во фабрика за авто делови, запознав нови луѓе нова средина, и успеав некако да се вклопам во тоа, навлегов во работата и важев за еден од најдобрите работници во смената, живеев сам, олеснат од тоа што колку-толку ги избегнувам проблемите со сестра ми. Ми се крена самодовербата, почнав повеќе да излегувам, да се дружам, по кафичи, по дискотеки, ноќен живот, шетање по природа и тн. Тој период памтам татко ми одеше во пензија, мајка ми зеде некој пари што тужеше за неисплатени плати, јас зедов кредит, и купивме кола, реновиравме дома, јас си купив моторче, потсредив кај што живеам. Све беше супер, еден од најдобрите периоди во мојот живот. Во меѓувреме имав и по некоја женска. И секогаш имав врски во кој што избегавав многу средби и поврзување на емотивно ниво, дури и намерно бирав женска што не ме привлекува многу, за да чувствувам по удобно во врската. Како што почнав да работам, да излегувам, си направив една замисла да најдам женска за долга врска, никогаш не сум успевал да "вртам" женски. Запознав една женска, и се залетав ептен без никаква резерва, иако се гледавме неколку месеци само, па ми раскина затоа што бев премногу добар, (сакала љубоморни, што се кареет).
Отсекогаш сум имал проблеми со анксиозност, страв,ме држело одреден период, па врвело. Но тогаш почнаа големите и хронични проблеми со анксиозноста. Главоболки, несоница, постојано ми се вртеа најразлични мисли во главата, тогаш почнав и со анксиолитици. Но си викав ајде ќе најдиш друга женска, осеќав дека тоа ми требаше, за да почнам да се чувствувам подобро. Почнав активно да барам, излегував само заради тоа, пробував да направам познанства со женски што прв пат ги гледам, кај некој што само онака ги познавам, по фб пишував кај што ќе стигнев, почнав да вежбам демек ај ради рекреација, а во мене си викав ако сум развиен ќе имам појќе шанси, и почнаа корпа, па корпа, па корпа, дури пробував и кај некој што си мислев види ја оваа каква е немат шанси да ме одбиет, и пак корпи добивав. Никогаш не бев нападен, секогаш културен, трпелив, насмеан, и баш ми е мака покрај тоа што имав такви неуспеси. Ми падна самодовербата, почнав да се разочарувам, почнав да не уживам во ништо, не можев ни да функционирам на работа, почнав да земам боловања. Тогаш и ми се појави дереализацијата. Почнав по лекари, се што е можно испитав и сите резултати испаднаа во најдобар ред.
Успеав да запознам женска преку еден другар, женска што порано кога ја гледав си фантазирав камо ова да ја имам. Проблемот беше што иако таа врска беше некако на дистанца девојката ме привлекуваше многу физички, а карактерно воопшто не ми одговараше,ама си викав кога нема друга ќе се гледам со оваа. После некој месец, и таа ми раскина. Почнав емотивен да станвувам, почнав да затапувам карактерно, уште толку се разочарав, ми се појави и хроничен страв, почнав да се повлекувам во себе, престанав да излегувам, почнав другарите да ги избегнувам, се надолу ми тргна, од една страна, женските, од друга страна проблемите со сестра ми и со родителите, на работа во меѓувреме надојдоа нови работници, неубај луѓе, нови директори, и таму настана некоја грда атмосвера. До тогаш ги имав пробани и сите билки, амино киселини што ги напоменав без никакво подобрување. Па почнав терапија дадена од психијатар (Ладиомил, Еглонил, Аклонил), ништо не осетив ни од нејзе, само што кога ќе легнев спиев како труп. После два месеци психологот ми препиша ССРИ, Елицеа-Есциталопрам. Го пиев една недела по 25мг. Ми се влоши ситуацијата дупло, добив ужасни главоболки, гадење, стомачни билки, вртоглавици, потење, исцрпеност, почнав да настинувам, не можев на нозе да стојам. После неколку дена добив ужасни, неподнисливи болки во стомакот, мојте ме однесоја на болница, прво мислеа дека е бубрежна болка, ми на правија ЕХО, се покажаа камчиња на едниот буберг, едно поголемо, ме оперираа да ги извадат (со сонда). После неколку дена болките продолжија, гадење, повраќање. Ми направија дополнителни испитувања, испадна дека имам воспаление на панкреасот, ме пефрлија од урологија во интерно тука лежев две недели, без храна и вода, цел ден приклучен на инфузии, по 10 инфузии во денот примав. Станував само за во ВЦ и пак легнував. Потоа ме пуштија дома, толку бев изнемоштен што не можев по скали да се качувам. Почнав полека да се хранам, малку ми се намали стресот, почнав добро да спијам. Бев дома уште еден месец, па морав да почнам на работа. Баш памтам вечерта пред да почнам, почна да ме фаќа паника, легнав не можев да заспијам, морав да се напијам апче за смирување за да заспијам. Почнав на работа, но не можев да издржам ни една цела смена, почнав дозволи да барам за порано да излегувам, пак почнав боловања да земам. Не можев веќе да издржам па дадов отказ.
Моментално сум дома, без работа, со уште 1500 евра кредит за плаќање, на грб на мојте. Нон-стоп осеќам страв, страв ми е од дома да излегувам, нон стоп стојам со заклучена врата, спијам со запалена сијалица, нервозен и наплат сум постојано, имам стегање во градите (како некој со нож да ме боди), болки во мускулите, потење и трпнеење на рацете, опсесивни нереални мисли. Ме вознемирува викање, галама, дури некој малце погрубо да се однесува со мене, после тоа цел ден ќе сум многу вознемирен. Пробувам да се движам, да сум активен, имам куче го шетам секој ден, пробувам и да се дружам, да сум појќе во гужва ама џабе, што повеќе се трудам, полошо ми е.
До сега не сум пробал, а и самата помисла да пробам појќе страв ме фаќа, а и не знам како ќе изреагирам на нејзе, пошто постои можност да ја влоши анксиозноста и дереализацијата, дури и кај луѓе што никогаш немале таков проблем може да предизвика панични напади и деперсонализација.
https://www.youtube.com/watch?v=i3fIuVt1UCQ
https://www.youtube.com/watch?v=s4qaRHOdpF0
https://www.youtube.com/watch?v=LOWlHOi00Sw