leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Европската унија кризира веќе една година. Македонија е увозна земја и кај нас ефектите доаѓаат со закаснување од шест месеци. Моментално во реалниот сектор е криза, ликвидноста испарува, пари во оптек нема, договорите со странски компании не се продолжуваат, се зголемува ризикот од вложување. Домашната економија повторно се очекува да добие удар, компаниите кој во минатата криза инвестираа во капацитети и средства за работа сега се исправени пред најголемиот предизвик, како да го повратат инвестираното. Реалниот сектор нема движење, се работи од ден за ден, пазарите се затвораат, набавките се намалуваат. Најголемите компании во земјава работат со 50% капацитет, извозот константно започнува да се намалува, започнува отпуштање на вработени. Први пукнаа Југохром, очекувам наскоро напуштање на вработени и од железарите во Скопје и Кавадарци. Како ќе се помине оваа криза од реалниот сектор мене навистина не ми е јасно, освен да се стави клуч и да се сведат трошоците на мин. Вие што мислите?
Југохром вечерва ги гаси печките, 400 вработени одат дома.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=43138
Југохром вечерва ги гаси печките, 400 вработени одат дома.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=43138