Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Според таа логика од сега натаму сите тие домаќинства што користат дрва за греење ќе треба да се префрлат на струја пошто смогот што се ствара од оџаците е штетен за моето здравје. Јас не сум должен да се трујам зашто на комшијата му текнало да се грее на дрва а не на струја.

Според таа логика јас не сум должен да се трујам од издувните гасови на автомобилите, нека возат сите коли на соларен погон бе ич не е штетно. Што кој к***ц ќе се трујам од издувните гасови кога јас лично одам на работа со точак и никому не штетам со тоа.

Според таа логика на сите што пијат алкохол им се тресат рацете, нервозни се кога немаат што да пијат итн. BTW ти имаш пиено?
Глупа логика - споредуваш потреба за преживување т.е потреба да не се смрзнеш и умриш со зависност.

Е нека возат де... нека ни ги направат достапни тие автомобили, на сите ни одговара нели :)


Алкохол... колку што знам ако некој пие а мене не ми се пие нема шанси сосила да консумирам алкохол како што е случај тоа со чадот.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
Законот е дискриминирачки 100% нема збор, за да не биде дискриминирачки треба да не се размислува себично т.е. на кој, што и како му одговара, што му фали на законот што по трет пат го споменувам поголемите објекти да се поделат на пушачки и непушачки а во помалите газдите да си одлучат каков ќе биде.
Исто така треба да се сфати дека во донесувањето на ваков закон не е целта да се заштитат непушачите, ако чадот е толку штетен и опасен по здравјето нека го забранат производството на тутун, и на крај крајева на никој од многуте луѓе што сум ги сретнал а се непушачи не им пречи чадот ако во просторијата има соодветна вентилација.
Инатот е голем помеѓу нас, и тој инат ни ја расипува државата одкако знам за мене, а поединци си ги полнат џебовите и ни се смеат од страна.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Не е дискриминирачки. И на мене како пушач и на вас како непушачи ви е забрането да пушите, еднакви сме со правата.
Дискриминација е на пример да бевте црнци па да не ве пуштаа да пушите на јавни места, а на други како белци да им е дозволено.

:(
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
Не е дискриминирачки. И на мене како пушач и на вас како непушачи ви е забрането да пушите, еднакви сме со правата.
Дискриминација е на пример да бевте црнци па да не ве пуштаа да пушите на јавни места, а на други како белци да им е дозволено.

:(
Јеах :nesvest:
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
Овој закон ке падне и тоа за брзо време,одиш во кафана локаш како коњ а не можеш да пушиш кај го има тоа законов во Хрвацка падна, во Србија имало протести така не ме чиди и кај нас да падне и тоа за брзо време
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
ne znam zosto tolku se bunite, site se borime demek za vlez vo eu a ova vo sekoja evropska drzava e najnormalno , mozebi na nas ke ni odi potesko bidejki sme balkan i retko koj zakon funkcionira, no so tek na vreme ke se navikneme.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
site se borime demek za vlez vo eu a ova vo sekoja evropska drzava e najnormalno
Ние не се бориме за влез во ЕУ, тоа владите наши. Без домашна љута и цигарче (па и без име)...не ми се влегува во ЕУ.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Се сомневам дека ке биде успешно ова,само тешко на тие што ке ги фатат.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Секое чудо за три дена. Абе дај владава нека си брка други побитни работи.
Да влезеш у кафана...да пиеш кафе, водка, пиво или било што и да не запалиш цигара ?? Ма дај ве молам немојте вакви анти-шмек закони. Нека се направи просторија за пушење и непушење и толку.
Ми го одрвеа курот више со цела кампања против пушење. ОК...борба против пушење сфаќам, да се биде свесен за штетноста. Ама дај нека не тупат.
Груевски ако не пуши цигари и му смета нека се префрли у оддел за непушачи у ресторанот во којшто седи. А не да ми шиба закони кај треба да пушам или не.
И онака долго време го пушиме како народ...па остајте ни го слаткото лошо задоволство наречено ТУТУН!
Шмек...уз цигара!
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Затоа ја дома ке си ја чекам Новата Година!:baeh:

Ебаве тоа дискриминаторите ебаве.:angry3:
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Мислам дека ебаниов закон за пушење и тоа како ќе го кутнат на Уставен...
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Поддршка за законот, конечно нешто паметно.
Тешко дека ќе падне на уставен, пошто никакво човечко право не се скратува со овој закон кое е со устав загаранирано.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Поддршка за законот, конечно нешто паметно.
Тешко дека ќе падне на уставен, пошто никакво човечко право не се скратува со овој закон кое е со устав загаранирано.
Се скратува слободата на пушење ако ништо друго :) Живи били па видели дали ќе го кутнат или не...Свадба без пушење,е тоа би сакал да го видам!!!
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Се скратува слободата на пушење ако ништо друго :) Живи били па видели дали ќе го кутнат или не...Свадба без пушење,е тоа би сакал да го видам!!!
А правото на непушачите да бидат пасивни пушачи сакали или не? Зошто јас да бидам приморан да вдишувам чад? И зошто да ми ги делат просториите на пушачи и непушачи? Тоа е поголема дискриминација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom