Старите коли, покривите, ѓубрето... според тебе ја политизираат темата? Абе не може се тебе што не ти е кејф од муабет да се нарекува политика.
Спомињаш мнозинство, а не знаеш дека мнозинството пуши цигари? Ајме мени, си видел дел од животот, мислиш си видел се, мислиш цигарата е едини проблем на луѓето, мислиш само за кафеани се работи...изгледа пошто уште си дете допрва ќе се соочуваш со проблеми...и не се нервирај, не е здраво после кога ќе дојдеш на мои години ќе си кажеш -што ми требаше.
Покривите не се политика туку дел од нашиот живот, луѓе повеќе поминуваат под тие покриви неголи у кафеана. Сегде се забранети, само кај нас стојат, зрачат и трујат. Премиите не се политика туку реалност од 25 миљони евра. А ти као што викаш ако не ти смета за цигара да искочиш надвор, ниту за кафе и цигара...по се изгледа не си прав пушач, ти си пушач од занимација...викенд корисник. А и млад си, после икс години зависност и заебанции ќе видиш што е потреба од цигара. У ствари поарно де не знаеш.
А за тие вмро и сдсм, батали ги, тие се илузија, што се замараш со нив. Сум минал најмалку 6-7 влади (ако рачунам од твои години, уште повеќе, над 10) па ти велам не се за замарање.
Ако сакаш да убедуваш некого дека законот е ок (иако србите, хрватите, грците и кои ли уште беа...ги изменија), твое право. Ама не е, имаше простор за измени, за различни варијанти...ама оние кои ги кројат тие закони не се флексибилни, ниту слушаат некого, ниту ги применуваат зависно од условите и традицијата на државата, ниту ги применуваат одеднаш...у ствари и овој закон не се применува како што треба.
И уште нешто -јавно место не е само кафеана.