Рафаел Надал - најдобар европски спортист за 2008

Кој е најдобар европски спортист за 2008 според вас?


  • Вкупно гласачи
    51
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Надал е најдобриот европски спортист за 2008

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е избран за најдобар европски спортист во изборот на 17 национални новински европски агенции кои по 51. го организираше полската агенција ПАП.

Рафаел Надал кој 2008 година ја заврши како прв тенисер на АТП-листата, притоа освојувајќи ги Ролан Гарос, Вимблдон и златниот олимписки медал, во изборот на полската агенција освои 146 бодови, 20 повеќе од второпласираната руска атлетичарка Јелена Исинбаева која на Олимпијадата во Пекинг постави нов светски рекорд во скок со стап.

Третото место со 101 бод го освои британскиот пилот Луис Хамилтон кој во годината што изминува со својот Мекларен Мерцедес го освои шампионатот во Формула 1.

Во овој избор Надал го наследи Швајцарецот Роже Федерер кој оваа година се симна од првото место на АТП-листата и загуби од Шпанецот во финалето на Вимблдон, иако претходно пет години по ред го освојуваше престижниот грендслем. Федерер беше победник на овој избор од 2004 до 2007 година.

По оваа тројка, добитникот на "Златната топка", фудбалерот на Манчестер Јунајтед и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо е четврти со 91 бод, а петорката ја заокружува најуспешниот возач во светскиот рели шампионат, Себастијан Леб од Франција со 61 поен.

Велосипедистот Крис Хој од Велика Британија кој освои злато во Пекинг е шести (47 бода), седми е неговиот колега од Шпанија, освојувачот на Тур Д'Франс, Алберто Контадор (36), првопласираната тенисерка на ВТА-листата, Србинката Јелена Јанковиќ (27 бода) е осма, светскиот првак во мото Гранпри, Валентино Роси од Италија е деветти (20), а десеттото место го поделија рускиот хокеар Александер Овечкин и Ребека Адлингтон, пливачка од Велика Британија.

Извор: Вест.

Е тука се согласувам. Иако сум фан на Рожер Федерер, Надал го заслужи ова признание. Нека му е честито.

Ќе отворам анкета и на оваа тема.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
Роналдо и тоа дека освои 10 ИНДИВИДУАЛНИ награди во 2008ма а да не збориме со неговиот тим шо напраи.
2ро место според мене Исинбаева
3.Хамилтон
4.Леб
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Златно бебе! Надал ѕверче најдобро!
Баш ми е мило и како голем фан на неговата игра (и раце:icon_lol:) навистина сум среќна заради наградава, сосема заслужена.

Кога ќе ми текне на мечот на Вимблдон... таков меч нема уште долго да се повтори.
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
..Рафаел Надал, достојно тоа го покажа.
..Кристијано Роналдо, според мене на 2-то место, прекрасно играше заслужено ја доби слатната топка.
..Роси, луд е, најбољи е во мотор-трките.
 

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
Иако го мразам човеков,заслужено е за наградава.Сепак да го тргнеш од тронот Федерер кој тотално владееше не е мала работа.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
534
Ja гласав за Хамилтон...:tapp: , дека немав срце на Надал да гласам а помалку за Кристијано :jaj: , тија не са спортисти... најдобар спортист е Роже Федерер невидено добар спортист е , прав како што секој треба да биде... никогаш не се нервира и нема испади секогаш ладен, професионалец, го интересира само играта и ништо друго, никат со судие и сл не се расправал, само си игра тенис и за ништо не се грижи, и мислим дека сите во глобала спортисти треба да учат од него како да бидат професионалци во тоа што го прават секоаш ладни и да само да го прават она најдобро што го прават а не да се расправаат со други и сл...:toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не се согласувам со тебе, ако покажува емоции не значи дека не е професионалец, објективно гледано. Федерер е супер играч, не го порекнувам тоа,толку долго време беше прв и тоа е за секоја почит. Он како играч ја има целата моја почит, ама да кажеш дека Надал не е спортист затоа што покажува емоции е нерационално и не фер. Дури и да мислиш така, статистиките покажуваат друго. Успеа кралот да го симне од тронот и тоа на негов терен - Вимблдон. И ако тоа не е спортист и не е за почит, не знам што е. И баш сметам дека не треба да се биде тотално рамнодушен. За играта да, подобро е психички да бидеш рамнодушен, ама не гледам што е толку лошо да покажуваш емоции. И спортистите се луѓе, не се роботи. И они имаат емоции и тоа треба да се земе во предвид.
Надал го направи најголемиот подвиг во тенис. Беше подобар и од најдобриот, без разлика дали покажувал емоции или не, без разлика дали бил рамнодушен или не. И тоа е барем за почит. Се разбира не го порекнувам квалитетот на Федерер, само велам дека некогаш поубаво е да се биде објективен.
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Абе Надал? Требаше Јелена јас мислам, и Надал е ок ама мислам она беше подобра :)
А Федерер сепак е најдобар за мене, се надевам на негов comeback годинава
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Според мене Кристијано Роналдо беше феноменален, но и Надал не беше ништо полош. Гласав за Кики но да имав 2 гласа, другиот ќе одеше кај Надал:toe:
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
534
Не се согласувам со тебе, ако покажува емоции не значи дека не е професионалец, објективно гледано. Федерер е супер играч, не го порекнувам тоа,толку долго време беше прв и тоа е за секоја почит. Он како играч ја има целата моја почит, ама да кажеш дека Надал не е спортист затоа што покажува емоции е нерационално и не фер. Дури и да мислиш така, статистиките покажуваат друго. Успеа кралот да го симне од тронот и тоа на негов терен - Вимблдон. И ако тоа не е спортист и не е за почит, не знам што е. И баш сметам дека не треба да се биде тотално рамнодушен. За играта да, подобро е психички да бидеш рамнодушен, ама не гледам што е толку лошо да покажуваш емоции. И спортистите се луѓе, не се роботи. И они имаат емоции и тоа треба да се земе во предвид.
Надал го направи најголемиот подвиг во тенис. Беше подобар и од најдобриот, без разлика дали покажувал емоции или не, без разлика дали бил рамнодушен или не. И тоа е барем за почит. Се разбира не го порекнувам квалитетот на Федерер, само велам дека некогаш поубаво е да се биде објективен.
Надал е феноменален тенисер нијанса појак од Федерер во последно време, ама пак јас Федерер не го гледам ко тенисер т.е го гледам ко спортист и не дека тој не покажуе емоцие, туку тој на текот на натпреварот е ладен и го интересира само играта и не го мењава изразор налицето од почетокот на натпреварот до крајот, а пак кој ќе заврши тогаш знаел и да заплаче од радост и доста да се радува за победата. Еве еден пример, Федеред губи со 40-00 и не се нервира и останува ладен, и со таква смиреност прае пресврт и зема поен, а пак Надал а особено Џоковиќ ако губат со 40-00 тие некако губат мотив и се нервираат (знаат некат и да пцујат и да кршат рекети) , а знам памтим еден дека Џоковиќ кога играше во финалето со Федерер изјави дека таа смиреност што ја има Федерер го прави најдобар и противниците многу се плашат од тоа и доста ги нервира...:toe:
Но на крајот на краиштата сите си имаме различни мислења и ова беше само мое мислење...:smir:

Според мене Кристијано Роналдо беше феноменален, но и Надал не беше ништо полош. Гласав за Кики но да имав 2 гласа, другиот ќе одеше кај Надал:toe:
Можеби е мн јак фудбалер Кристијано, фантастичен ама проблемот е у карактерот, кога ќе го смени ќе биде најдобар...:wink: [ на секој фаул паѓа (тоа не го прават најдобрите) , никат не сум го видел да се загради (после ќе викате Кристијано и цпиц можел да играл xD) , се кара со судие (Федерер у живот не го напраел тоа) , сака да ги имитира ленгендарниот Кантона (на секој постигнат гол се прае кузнае кој е и што напраел, а пак најдобрите не дека немаат идоли ама гледаат што повеќе да бидат свои) , и кога Кристијано ќе смени дел од ова би бил 100000000% најдобар спортист на светот а и во вселената...:smir:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
кристијано роналдо ќе ја добиеше и оваа награда да не беше таков егоист и дса не ги омаловажуваше другите фудбалери!
Многу ми е криво што не ја доби наградата и покрај фантастичната сезона, ама нека му биде ова поука за друг пат!
 
F

fantomX

Гостин
Надал ебаго, кој друг. Го нејќам шо го нејќам, ама и ја сум за него во случајов. И Лоеб.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Прво, го доби, според најголемите тениски експерти, најдобриот меч на сите времиња.
Ги освои Ролан Гарос и Вимблдон во иста година, нешто што последен пат му успеало на Борг, во средина на 80тите. Плус злато на Олимпијадата. Плус после дооооооооолго време го симна Федерер од број 1.

Нормално дека е заслужено. :back:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom