Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Пред некој да го бапне во посебна тема...
10. Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре
![]()
Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре е хуманоиден криптид (суштество за кое се претпоставува дека постои но се уште не е научно докажано) за кое што се зборува дека ги населува мочуришните области во и околу Ли Каунти, Јужна Каролина, САД. Според легендите тој е над два метри висок, оди исправено и е цврсто граден со зелена лушпеста кожа и светкави портокалови очи. Се вели дека има по три прсти на рацете и нозете кои што завршуваат во кружни перничиња на врвовите со помош на кои се лепи на ѕидовите. Ова суштество за прв пат било забележано од Кристофер Дејвис, локален седумнаесетгодишник, кој што изјавил дека налетал на него додека се возел дома од работа во два часот по полноќ на 29. Јуни 1988. Според неговите кажувања, Дејвис застанал на патот крај мочуриштето за да ја смени издишаната гума. Во моментот кога привршувал со менувањето слушнал силен шум зад него, и кога се свртел го забележал чудовиштето како трча кон него. Дејвис раскажал дека суштеството во последен момент се дофатило до автомобилот и се качило на покривот додека тој се обидувал да избега од него, и потоа висело на покривот додека Дејвис правел остри цик-цак движења трудејќи се да го отфрли од автомобилот. Кога се вратил дома, забележал дека страничниот реттровизор бил доста оштетен, а исто така нашол и драсканици по покривот од автомобилот. Но освен тоа, немало други показатели за наводната средба со чудовиштето.
Наредниот месец откако Дејвис го забележал мистериозното суштество, следувале уште известија за големо суштество кое наликувало на гуштер, како и за невообичаени гребаници и отпечатоци на гризнувања врз автомобилите кои биле паркирани во радиус од 5km близу мочуриштето.Две недели по случката со Дејвис шерифот направил гипсени отпечатоци од она што изгледало како стапки од стапала со три прсти- во должина од 360mm, но решиле да не ги праќаат во FBI на понатамошна анализа откако биолозите ги советувале дека тие не мжат да се класифицираат. Потоа видувањата и општата еуфорија по суштеството опаднала, за повторно да биде видено од една жена во октомври 2005, а во февруари 2008 повторно биле забележани чудни траги врз автомобилот на Боб и Дикси Росон, кои што забележале и дека некои нивни мачки се исчезнати. Трагите од крв најдени на автомобилот биле пратени на анализа по што било утврдено дека припаѓаат на куче.
Две декади по првото видување на чудовиштето, луѓето се уште се прашуваат дали тоа е вистина, или пак луѓето кои што наводно го виделе се психички лабилни личности, или пак се работи само за добар рекламен трик за привлекување на туристи. Некои дури сметаат дека според тоа што суштеството оди на задните нозе и има три прсти, би можело да се работи за преживеан вид на диносаурус.
Пророштвото на Борис Кипријанович
Земјата ќе доживее нешто страшно, а првата голема катастрофа што ќе зафати еден од континентите ќе се случи в година. Ова го најавува чудото од момче Борис Кипријанович, пренесува Макфакс. Во 1996 година во рускиот град Жириновск, недалеку од Волгоград, се роди дете по име Борис Кипријанович. Детето уште на две години почнало да зборува за вселената, далечните цивилизации, за планетарните системи. Тврди дека некогаш живеел на Марс и детаљно раскажува за тоа. Тој тврди дека тогаш како пилот повеќепати ја посетил Земјата и убеден е дека неговите информации ќе одиграат значајна улога во иднината на нашата планета. Малиот Борис уште при раѓањето имал поглед на возрасен човек. На две недели ја држел главата исправена, а првиот збор го изговорил на четири месеци.
На неполни две години научил да чита и цртал и боел со боички. Психолозите на неговите цртежи виделе дека тој со мешавина на сина и виолетова боја ја цртал аурата што ја гледа околу луѓето.
Борис на две години првпат седнал во положбата „лотос“ и почнал детаљно да раскажува за вселената и за непознати цивилизации. Ги набројувал имињата на планетите во Сончевиот систем, нивните сателити и галаксиите. Често им се приближувал на непознати, им зборувал за нивните проблеми и ги предупредувал на тешкотии што им претстојат и се' што кажал било точно.
Боришка, како што го викаат нагалено, вели дека конечно дојде времето на Земјата да се родат посебни луѓе како што се индиго-децата. На Земјата нешто ќе и' се случи, тврди Борис и додава дека затоа се тука тие деца за да можат да им помогнат на луѓето.
Земјините полови ќе се заменат и првата катастрофа ќе зафати еден од континентите. Втората, поразорна, ќе биде во 2013 година, вели Борис и додава дека двете катастрофи се поврзани со вода.
Чудото од дете го проучувале научници од разни области и сите сметаат дека момчето не можело да ги измисли сите тие приказни.
Неговата мајка Надја вели:
- Се досадуваше со нас, но не' почитуваше и кон сите нас се однесува љубезно, што е невообичаено за 11-годишно момче. Постојано зборува за војни што предизвикале пропаѓање на цивилизацијата на Марсовците, како тие се обиделе да го претворат Јупитер во второ Сонце, која е целта на нуклеарната енергија. Борис и Надја денес живеат во Москва, каде што тој посетува училиште за талентирани и надарени деца, се вели во написот објавен во рускиот весник „Правда
и порано имам во весник читано за ова,звучи фасцинантно но колку е вистинито бидејќи тој катастрофите не ги опишува детално и зошто ако знае за катастрофите тој би чекал да се случат?Зошто досега нема уште еден како него?Ако тој бил марсовец значи би требало да ни каже за нешто во врска со технологијата што сеуште не го знаеме.И да-зошто мора нешто вонземско да биде во САД или Русија:uvo:
makman не спамирај со стории за кои веќе има темиразгледај низ подфорумов :smir:
Повеќето од нив воопшто не се ни мистерија Дамјанзатоа не ги постирав.
Добредојде на летната верзија на форумотЗнам...мораше нешто да постирам кога никој друг ништо не постира. Жал ми е кога никој не го интересираат мистерииве , како што гледам јас како будала само постирам овде и во Непознати форми на живот. Дај те молам интересно ако најдеш нешто постирај го , монотоно стана нема ни нови теми , ништо нема.